1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Oткако ја напуштивте Македонија...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 22 ноември 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Оние кои се во странство нека го опишат начинот на кој таму стигнале. Дали преку факултет, работа, сте се омажиле таму, и дали ви е поодбро. Дали се каете што си заминавте.
     
    На Animali и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    откако ја напуштивте Македонија...

    Значи вака. Почетокот беше нааај тежок (секој почеток е тежок).
    Тоа е како да ск новороден не знаеш ни да зборуваш ни кај да одиш апсолутно ништо.
    по цел ден дома затворен и си мислиш колку им е убаво на другарките во македонија сега.и колку убаво ке ми беше да бев со нив.
    по два месеци тргнав на школо таму бевме сите странци не знаеше никој германски и беше интересно па лупавме англиски српски итн.. кој што знае иначе имаше од многу држави. Не само од балканот.
    и се така стекнав друштво.
    и не дојдов доброволно МОРАВ.
    мајка ми доби виза па така дојдовме сите.
    сега го научив јазикот и не е толку лошо како пред 3 години.
    ама секако дека преферирам да си живеам во македонија.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    ЗА КОЈА ЗЕМЈА ЗБОРИШ, АВСТРАЛИЈА?
     
  4. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Швајцарија.
     
  5. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ... :^) ...искрено,одамна сакав да ја напуштам Македонија и сите случувања.... :^)
    . ;) ...едноставно ме притискаше крпениот живот како начин на живеење...имав моја приватна фирма.секој први во месецот плаќање кирија.придонеси,инспекции,се мачевме со наплатата и компензации,децата си бараа свое,така да барав начин како да заминам надвор некаде,каде би можела да работам и заработам,да им пружам на фамилијата она најпотребното,онаму каде што знаат да го ценат трудот....
    ........ :fubar: можеби некој ќе рече...што оваа се жали,тука кога 80% од македонците живеат слично....тоа е вистина,ама секој си знае што и како за себе си..... и на моја среќа успшеав,аплицирав 4 год за работа на блискиот исток,и опссссс....една вечер ме викнаа....припремите поминаа како во сон,интервјуа,прегледи,пакување на најпотребното....кога пристигнав,првиот впечаток беше страшен,тотално спротивно од животот кај нас,во сите нивоа од секојдневието...но,имав голема воља,да успеам,и се прилагодив,дури и почна да ми се допаѓа сето опкружување и луѓе,работам за странска фирма,посетив и видов многу убави места од спротивниот дела на светото каде никогаш не би ни помислила да одам,према мене колегите се однесуваат со почит и респект,делиме лошо и добро,се дружиме,...стекнав други навики и однесувања.....одам на 2 месеци во Македонија по 21 ден,така да кога ќе одам дома на одмор дури се чуствувам како странец,...тука сум веќе 3 год,планирам да останам уште една година,а мојата фамилија си го врати оној нормален тек на животот,и сите сме среќни и задоволни и насмеани... :hai: ..
     
    На Animali и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Ти мора да си во Авганистан?Па безбедно ли е?Како е таму?
     
  7. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ..........безбедно е............
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Tемава како сте ја погодиле :)
    Oткако ја напуштив Mакедонија и дојдов во Aвстралија бев многу срекна,тоа што ке дојдам во друга држава и знаете таму возбуда се :D
    Hа почетокот,првите два месеци ми беше добро,секој ден нешто ново гледаш,пробуваш нови работи,те носат секаде, те шетаат,тогаш и бев трудна(на 7 месеци дојдов овде) и сите ме галеа,угодуваа :$

    Потоа се роди малата,па тогаш ме фати носталигија,сакав дома,сакав да ги видам сите,да ги гушнам,да го мириснам мирисот на куката моја,да видам планини,абе се :|
    Cакав да се вратам назад,а мажена овде,маж ми цел живот е живеен овде,дошол на две години,тој не сакаше Mакедонија,а и во право е нема тој што да прави таму..
    Mи беше тешко за Hова година,Bелигден,за родендени,за слави,ноке заспивав во солзи,ке се изнаплачев и ке се надевав дека еден ден ке одам и ке видам пак.
    Eптен ми беше тешко и никој не ме разбираше,ми велеа Mораш да се прилагодиш овде,сега тука живееш.

    По две години,дојдовме во Mакедонија за да правиме крштевка за малата,кога со авионот поминувавме над Oхрид,плачев и се смеев,не можам да ви го опишам чуството :dance:
    Cе вративме,првата недела пак ми беше тешко дури да се навикнам дека сум сама,без сестри ми,без мама и тато.

    Mи олесна малку,но пак ми е тешко и ми се чини дека секогаш ке ми е тешко,дури некогаш ја мразам Hова година и празнициве оти ми е толку тешко :tmi:
    Cакам некогаш да летнам за таму,да ограбам банка да купам билет и да дојдам,понекогаш си посакувам да имаше некоја сила да замижеш и да се најдеш во Mакедонија,па кога сакаш да се вратиш и пак горе долу :rofl:

    Cи ја сакам Mакедонија и да ме понудат секаде во светот да одам,пак би ја избрала Mакедонија :l:
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Skoro sum dojdena vo Germanija i toa vo osmi.mesec bremena so prvo dete..Ubava zemja kulturen narod no sepak oddalecena od najbliskite od roditelite i brat mi.rodnini prijateli..bez jazik tesko ke se snaogam.jas ke naucam no do togas kako tele.mazot mi znae da...no naskoro mene me ceka poragaj...stotuku mesec dena sum ovde i mi nedostigat moite....ne placam ama osekam nostalgija :(
     
  10. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    ddevojce ја разбирам носталгијата,но мисли долгорочно.твоето дете и вие ќе имате прекрасен живот таму.бев за жал кратко време и јас едвај чекав да се вратам.откако се вратив после 3 саати сфатив дека сакам назад.според мене германија е прекрасна земја,како што кажа луѓето се премногу културни и екстремно професионални.додека работев не ми се случи да ме прашуваат дали имаш мајка,татко,каде работат итн,што мене ми беше чудно затоа што овде знаете како одат тие работи(те бомбардираат со глупави прашања пред името да си го кажеш).мене тоа премногу ми се допадна.со дечкото средуваме документи па дај боже се да биде во ред,може и комшивки да бидеме хахах.поздрав
     
  11. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Една година сум во Швајцарија, живеам тука а скоро 5 години доаѓав само какл туристка на три месеци пошто татко ми живее тука цел свој живот. Две години по ред се обидував да добијам документи ама многу тешко беше затоа што преку татко ми не можев веќе да добијам документи оти бев 18+ а со работа тешко, не успевав да се вработам и така да добијам документи. Е сега татко ми реши да фати адвокат и прену него со не знам какви се не документи за околу 5 месеци ми излеле Б визата со рок од една година па сега годинава почетокот фебруари ја продолжив на уште две години до 2016 а тогаш ќе ја земам последната Ц виза која е трајна. Откако ги добив лани документите мислев лесно ќе биде сега за работа и ќе влезам за максимум 2 месеци, но верувале или не дури март годинава ќе влезам на работа. Прво, јазикот ми беше за никаде, па морав да се запишам на курс но не го направив тоа не знам зошто. Се пријавив дека барам работа и мислев уствари убедена бев дека државата ќе ме издржува додека најдам работа но пак не беше така. Ми кажаа за да ме исплаќа државата требало да имам работено во Швајцарија и да имам добиено отказ. Ми рекоа ќе ми платат три курса на германски со патни трошкови, јадење, книги ова она ама друго не плаќаат. Не сакав да одам на курс, пуста тврдоглавост моја дека ќе го научам јазикот без школа. Два месеци носев доказ дека барам работа и сум одбивана и така се сложија да ми помогнат. Значи едно големо браво за државата, ми плаќаа голем стан и секоој месец добивав пари кои беа повеќе отколку што ми требеше. Остануваа од парите и покрај толкави трошоци што правев. Половина година така, гага е блага што би се рекло, јас мислев државата како што ми го плаќа станот и здравственото осигурување ми го плаќа, ама шокот беше кога стигнаа сите неплатени сметки за половина година. Значи во ред, да знаев јас ќе ги плаќав од парите што ги добивав месечно ама тука беа тие криви што ги бапнаа наеднаш. Тука блокирав со парите, продолжив да барам работа и јас германскиот дотогаш ко песна го пеев, го научив без курс. Неколку месеци штедење да ги исплатам сметките, конечно направив договор за работа во март, се селам во друг стан, планирам и кола да си земам. Значи се на се, задоволна сум од односот на државата мене малку ме нервира здравственото осигурување ама не е многу скапо.
    Што се однесува до животот тука, мене прво ми се чинеше рајот на земјата. Многу релаксирачки и опуштено. Има добар ноќен живот, друштво и пријатели имам тука веќе неколку години, државата е организирана и чиста, национализам немам приметено, ми се свиѓа животот тука многу но не е рајот на земјата нормално и не е ништо до толку ваууу. Финансиски е супер а за живеење ништо посебно. Мене ни во Македонија не ми е ништо посебно а ни тука, ама тука сепак ми е поубаво затоа и останувам тука.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320

    Убава тема Тање. Еве да ти ја активирам после долго време и ќе ти кажам за мене.

    Значи 2004/2005 се запишав Информатика на Штул и првите 2 години таму учев.
    Во 2007 год. добив стипендија и преку Штул заминав за Германија 2 години.
    Во 2009 добив друга стипендија за Мастер студии компјутерско инжинерство во Осло, Норвешка. Буквално се беше спремно за заминување за во Август и еве што се случи.
    Бев дојдена во Мк на гости во Мај 2009 и тогаш имаше кастинг Qatar Airways, со сестра ми заминавме за Скопје, значи буквално во тренерки бев на тој кастинг оти сум спортски тип и ден денес и погоди што ? Ме примија работа за стјуардеса во Катар. Септември 2009 заминав Катар на работа.

    Пусти пари се излажав и баталив и масгистерски студии во Норвешка, откажав се и фино лепо заминав Катар.
    Таму брзо напредував и за година дена ме префрлија стјуардеса во Бизнис Класа и после тоа стјурдеса во Прва класа плус да им служам само на пилотите.

    Во 2013 година ми излезе бугарскиот пасош, а јас за цело време си работев со македонски пасош и со работна виза.

    Август 2017 дадов отказ и се вратив назад во Европа за да бидам со бившиот дечко со кој планирав иднина , ама ништо не биде со него и се разочарав од љубовта.

    Ги поминав разни тестови на германски и англиски за работа на аеродром овде во Берлин, успешно завршено и еве си продолжив да живеам во Германија со бугарскиот пасош. Германија ми беше јасно бидејќи во 2007 и 2008 си живеев 2 години тука и ја знаев германската култура.

    Искрено се двоумев дали да реаплицирам за работа во Норвешка, но овде веднаш ме вработија на аеродром кога им ги покажав сертификатите и останав.

    Единствено што се имам променето последните години е тоа што ги изгубив живците и лесно можам да се изнервирам.

    За враќање во Мк не планирам , само на гости одам колку да се видам со моите и по некоја другарка.

    Некогаш се мислам каков ќе ми беше животот да продолжев со Мастер студиите во Норвешка , но во ред , не се жалам на искуството што го имав да го видам светот и да заштедам пари.
     
    На diskreten32, Dadusicka, Notorious-B и 6 други им се допаѓа ова.