Девојки дали има некој што нарачал од kikocosmetics како оди стигнували се доплаќа нешто и ред други работи.
Update: Преку PayPal ми беше успешна порачката, кизнајт кој ѓавол не ми ја прифаќаше картичката. Можеби знак од Бога да не се расфрлам со пари оваа година. (модераторите нека ми ги спојат мислењата)
Женски одкаде да си нарачам HUDA BEAUTY PALETTE а да не ме фати со достава или со некоја нискацена на достава ? И за 55€ ќе ми го царинат ли?
Некој да не има проблем со бјутибеј последниве 2-3 месеца? 2 нарачки не ми пристигаа и ме рефундирале без да побарам. Мислев дека е грешка првиот пат, ама и со другата нарачка по месец ипол истото ми се случи.
Здраво да ве прашам дали некоја од оваа прпдавница има купувано дали сте задоволни? Гледам евтини има а добро изгледаат шроизводите дали се само квалитетни?
Imam poracano po nesto od niv onaka realno se toa e eftino naprimer karmin 100 denari a mene mi e traen , senkite tie glitter se predobri , i uste takvi nekoi sitnici. 7/10 ocenka
Благпдарам нонстоп лупувам шминки и се така некои нр убави и сакам некои асални да си купам со добив 1000че за нова година па да се подновам хехе
Дали некоја има порачувано Дермакол пудра од македонскиве оналјн продавници на фб? Им пишав, тврдат дека е оргиналот, а е смешна цена 400 денари. Порачала ли некоја, која нијанса?
Јас не би. Сигурно си е сигурно. И која е логиката да ја продаваат оригинал за 400 денари и тоа да имаат ќар на тоа. Исто како 20 кармини од Худа за 1800 денари, ми иде да заплачам што има луѓе што ги купуваат и се убедени дека купиле оригинал.
Од фб страната Dia Lynn (што е постирана погоре)дали има некој порачувано да ми кажи искуства дали производите се тие како што изгледаат на сликите(знам дека се копии на познатите брендови) ама дали изгледаат како на сликата што ја постираат тие,пигментираност,трајност и сл. Фала
Барем пудра немојте да купувате фејк што упива во кожата ризик е.И не ми е јасно за оваа пудра посебно каква ќе биде таа фејк кога треба да има висока покривност. Сигурно за ништо не чини.. Инаку да ти кажам и јас на почетокот како тебе се излажав за овие фејк производи бидејќи не бев запознаена со нив и се излажав дека се оригинал,поточно не јас туку поради една моја другарка која ги правеше дека се многу квалитетни братучеда и ги користела нзм што (па ми праќаше фотографии сешто да не зборувам) а всушност сакала да ја потцени мојата козметика бидејќи сум користела Голден Роуз...Повеќе не слушам никакви будали. И сега кога ми стана се јасно искрено ти велам нека не те лажат и тие тебе дека пудрата е оригинал кога не е..Јас те сфаќам можеби си го имаш меракот за пудрата твој избор си е тоа но подобро да не ризикуваш бидејќи тоа е пудра може да дојде до несакани ствари ти се издига лицето итн...
И јас се согласувам со членката над мене. Имав ист случај со другарка пред две-три години која зимаше ефтина непроверена шминка, и јас со цел памет со проблематично осетливо лице купував со неа, од креми, пудри се до сенки маскари, кармини... Не и се даваа многу пари на шминка а и зошто да давала кога ја имала истата по тродупло поефтина цена и јас се прелажав тука. Се повлошено ми стануваше лицето. И еден ден се освестив дека БАРЕМ за креми и за пудра вреди да се одвои малце повише, тоа го нанесуваме директно на кожата на лицето. Не дека на очите, усните и другите делови од лицето треба да се шлапа се и сешто, мора да се припазува и на тоа. Затоа според мене не само за оние со поосетлива кожа туку за сите е посигурно да се земе проверена марка со добар квалитет од продавница
Како сте сигурни дека ќе го добиете тоа што ќе го порачате а не нешто друго.Ептен сум скептик за вакви работи.А братучедка ми нонстоп порачува четки,сунгерчиња палети од интернет и е презадоволна.