Американска крими-комедија-мистерија. Се работи за тројца станари - соседи во луксузна зграда во Њујорк чија заедничка опсесија се true crime документарци. Се случува убиство во зградата и тројцата се здружуваат за да ја одгатнат мистеријата позади убиството. Главни улоги се Steve Martin, Martin Short, Selena Gomez. Лесна серија, има многу смешни моменти, држи во неизвесност и има многу plot twists. Многу ми се допаѓа концептот и динамиката меѓу ликовите. До сега се излезени две сезони, лани излезе првата која што има десет епизоди, моментално се емитува втората сезона, а на втори август треба да излезе седмата епизода од оваа сезона. Потврдено е дека ќе има и трета. Дали ја гледа некој? Ви се допаѓа ли? Не ја сретнав по форумов, па пишете тука ако ја гледате и да споделиме размислувања за развојот на настаните.
Мене серијава страшно ме потсеќаше на книгата The Thursday Murder Club, затоа и ја почнав. Не се скроз исти секако, ама концептот ми е некако навидум сличен. Само ептен сум на почеток, две епизоди успеав да изгледам и засега ептен ме весели моментот кога треба да пуштам нова епизода, многу ми е забавна. Да изгледам уште некоја епизода барем да имам што да кажам.
Првата епизода не ми се допадна.Досаден дијалог. Ама, ќе продолжам да ја гледам, да видам дали серијава ќе ми се допадне понатаму.
Мене ми беше одлична, во 2-3 дена ги изгледав сите епизоди што се излезени. На 8ми мислам излегува нова епизода од втора сезона.
@Poppins не знам искрено, јас на англиски ја гледав. Евентуално на српски да побараш на страните за филмови со превод.
Mногу e забавна серијава, триово е ептен симпатично. Секој лик има позадина и фино се ткае целиот тој suspense момент. Во една минута мислам едно, за во следната да се деси нешто и да се побие теоријата па одма мозгам некоја друга. Селена Гомез ме изненади, не дека е некаква вонсериска глумица, туку само премногу ми е симпатична и улогава таква artsy, скроз погодена. И како добро ја облекуваат, преубаво изгледа. Ич не можам да се навикнам на имево Мејбел, Селена е ова и готово. При крај сум со прва сезона, викендов ќе ја почнам втора и баш ми е криво што не почнав порано да ја гледам. Ми стоеше запишана во телефон уште oд лани, ама ете дури сега дојде моментот да ѝ дадам шанса.
Вие што ја гледавте и втората сезона Спојлер што мислите, кој е убиецот? На почеток некако сѐ мислев дека ќе испадне Оскар ама до сега не го дадоа во ни една епизода...и што знам, сега ич немам идеја. Исто така делот кај што Оливер дознава дека најверојатно не му е татко на Вил, баш ме заинтересира дали има некаква врска со главниот плот за убиствата или си е сосема посебно додадено и не води никаде....
И јас немам ништо за гледање, па се мислам оваа да ја почнам. Добра е втората сезона? Се надевам нема да е разочарувачка.
Не сум стигнала до втората сè уште. Се загледав некои други и ми останаа уште двете последни епизоди од прва сезона. Мене навистина ми е забавна засега, па за понатака ќе видиме како ќе се развива.
Баш како што кажа Емји Шумер во првата епизода од втората сезона - Cozy murder Дефинитивно шармантна серија. Кратки епизоди, интересен заплет, убав ентериер, симпатични ликови, културен хумор.