OnlyFans e сајт за споделување најчесто голи фотографии и аматерски порно видеа. Го користат највеќе познати инстаграм инфлуенсерки и поретко парови. За да одредена личност добие пристап до таков контент треба да се претплати месечно. Сумата за претплата ја одредува креаторот и најчесто де движи од 10 до 20 долари. Оваа година стана ептен популарно. Што вие мислите за ова, дали по вас е ок или не, дали би направиле профил со цел да споделувате контент или да се претплатите на нечиј профил. Јас немам ништо против, но лично засега не би направила такво нешто бидејќи почнувајќи од семејството луѓето се многу негативно и осудувачки настроени.
Ова ти се лесни пари. Покажуваш што имаш и лапаш пари од очајни ликови. Оти, колку треба да си очаен да плаќаш за ова.
OnlyFans е само софистицирана проституција. Никогаш не сум платил, а ниту имам намера, затоа што не ми е предизвик да уживам во жена која е достапна на 5000 мажи...
Огромен дел од порно видеата, посебно од оние аматерските, се revenge porn или снимани силувања, ама тебе најголем проблем ти е што е "достапна жената". Ми се згади, искрено. Колку треба да ги сметаш жените за животни за да ти е гајле само колку "се достапни"?
Дали се читаш воопшто? Станува збор за најчесто нормални девојки или парови кои си ги продаваат своите фотографии или видеа, таму нема огласи за секс. Имам читано по форуми има луѓе што цели плати оставаат на ова, што стварно не разбирам зошто, слики од голи цицки и порно видеа имаат по интернет за ич пари.. Јас искрено се имам еднаш претплатено на една познаничка чисто како подршка.
Да, се читам убаво. Да беа нормални девојки, ќе работеа нормална работа. Тоа се проститутки, кои не нудат секс за 30 долари на некој претплатник, туку за многу повеќе пари на одредена богата клиентела Ќе ги истоварат во Дубаи кај некое богато чиче, ќе им искешира добра пара, па после ќе прави секакви гадости со нив.
Ајј кој идиотизам говориш човече. Да биле кеширани тие така немало да продаваат свои слики. Лично познавам девојка кој има профил. И не не е проститутка. Прво научи што значи проститутка. Тоа е девојка која нуди секс за пари, а не слики.
Не се користи само за голи фотографии, има девојќи кои се сликаат и во бикини или па сликаат најчесто како што гледав стапалата. Креаторот си одредува што ќе снима имаше една девојка кажано дека само видеа за вежбање става па многу дека и се имаат претплатено. Не го гледам ова како проституција. Многу девојки веќе има што се сликаат вака и овјавуваат по инста, бар еве сега ќе си стават на платформава ако се паметни и ем пари ќе си добијат.
Таа нуди слики на тие што имаат во џеб 30 долари, а секс на тие што имаат 100 илјади долари. Колку сте наивни. Се е до цената.
Ти не беше истата што на една друга тема кај што зборевме за број на сексуални партнери морализираше, кажуваше чии души се нечисти и како другите не вределе?Баш чудно како ова ти е скроз океј. Инаку на темава, не, не поддржувам.
Ќе плати некој 30 долари, ќе ги зачува сликите, со скринрекордер видеата ќе ги сними и ќе се делат насекаде која е поентата?
Тука не се дискутира за сексуални партнери. А и никаде не кажав дека имам профил на кој постирам слики и видеа ниту пак дека планирам да отворам. Ја отворив темава чисто за дискусија пошто годинава ова стана ептен популарно. Тоа се случува секогаш скоро но луѓето не престануваат да се претплатуваат бидејќи се споделува нов контент нели. За некој тие фотографии да ги рашири треба да се претплати нели.
Искрено па, демек таа некоја жена ја заболе дали некому му е предизвик и уживање или не, кога некои буквално испокупија толкави куќи и станови со парите од сајтот. Како велат, дури има овци за стрижење, зошто да не? Или па и волкот сит и овците на број. Не сум разгледала што и како е со сајтот, ама ако некој добие 30 долари за слика од стапало, дури овде се козиме за 12ина долари дневница, па алал нека им се. Не да го сликам и лакирам, и фаца ќе му цртам секој ден различна ако треба.
Првпат слушам и не оправдувам. Која е потребата да се сликам и да нудам мои интимни фотографии на цел свет?
Следам неколку на инстаграм што нудат нешто повеќе отколку тие слики што ги даваат на инстаграм и пишува OnlyFans ако имаш доволно пари и те мрзи да пребараш малку на интернет, плати па види. СУм видел мастурбирање на таква инфлуенсерка. Платформа за заработување на пари, ако ти чини плати и гледај.