Еве еден новитет на нашиот пазар, па ајде да позборуваме малку за нивните парфеми. Parfen е бренд на парфеми основан во 1996 година. Парфемите се произведуваат во Бугарија, а освен кај нас, може да ги најдете и во Бугарија, Србија, Романија, Полска, Кипар, Словачка, Чешка, Шпанија и Обединетото Кралство. Мирисите што ги нуди овој бренд се инспирирани од познати парфеми и со пристапни цени. Каталогот на производи можете да го најдете на нивната фејсбук страница. Имаат пакување од 30 ml, 50 ml и 100 ml. Истите можете да ги купите директно во нивната продавница која се наоѓа спроти Mr. Jack во центарот на Скопје, или да нарачате преку нивната фејсбук/инстаграм страница. Еве што велат тие за парфемите кои ги нудат: Какво е Вашето искуство со парфемите од овој бренд? Дали сте задоволни од трајноста? Дали мирисите се блиску со оние на оригиналите?
Баш пред некој ден маж ми бил, си зел два. Мене не ми се свиѓаат нешто посебно. Едниот е унисекс, копија на некој од Том Форд (бр.733) ама многу слабо трае. За два саати го нема. Другиот е со број 739 и мене ми е ист како Crystal Noir, a наводно е копија од сосем друг парфем. Вториов трае многу, ама не знам дали би купила за себе, повеќе ми се свиѓаат копиите на Рефан.
На фејсбук страницата пишуваше трајноста дека е 12 часа. Не ми се веруваше некако. Рефан од каде купуваш?
Овој што личи по мирисот на Crystal Noir се чувствува подолго. Најверојатно потешките мириси им се подолготрајни ама не ми се чинат нешто многу добри. Рефан на времето имаа дуќан карши Скопјанка па од таму купував најчесто. Не знам дали уште постои дуќанов таму, но сигурно и во Веро Џамбо на штандот имаат добар избор.
Зависи кој парфем го купуваш, посвежите послабо траат, појаките подолго. Јас земав еден унисекс што трае повеќе од 8 часа од Парфен а тоа е Black Afgano Nasomatto. Ама не важи трајноста за сите сепак пробај, тоа 12 часа е реклама повеќе, но сепак се гледа дека се повеќе маслени. Јас од Рефан не сум посебно задоволна за посвежите во трајноста дури и со појачани масла. Го земав Omnia и после помалце од пола час не го осеќам.