Дали некоја од феминките знае како е процедурата за плаќање со Пејпал? Знам дека има некоја финта, ама не знам како е редот, од која банка треба картичка, како треба да се регистирам и слично... Јас си имам профилче со американска картичка што си ја извадив додека бев таму. Профилот ми е потврден, и имам купувано преку него, ама не ми дава сега опција да сменам држава, а ако пробам да внесам македонска картичка, форматот во кој треба да се внесе е како американските сметки и не можам ништо да направам. Имам картичка од Комерцијална, па дали ќе можам некоја фора да направам да ја користам? Најдов многу коментари во форумот во кој се спомнува paypal, ама ништо конкретно за тоа што ме интересираше, и затоа ја отворив темава. Се надевам не е дупла
Сеуште не е регулар дозволен paypal во Мк. Финти има, некому успеваат, некому не. Имаше некоја дискусија околу тоа во темата за онлајн купување. Беше можно порано да се регистрира мк картичка ама само од нлб тутунска банка и тоа пак како држава да стои друга, но сепак при нарачување да си стигаат нарачките на адреса во мк. Меѓутоа откако го открија тоа, направија да не може.
Општи прашања Сакам да прашам дали некој е регистриран на peypal oд мк и дали може да порачува преку ebay во мк? Ако има некој што знае пишете како треба , многу пати суум прообала ама не бива а имам слушнато дека некои порачуваат од мк ФАЛА
Општи прашања ММ е регистриран со пејпал...значи може од МКД. Како, што не сум упатена (ама ќе прашам). Иначе, порачува од е-беј. Он е во Стопанска банка, па сигурно и картицата му е од СБ. Колку сум јас заинтересирана, ете Ми даде он некоја картица и рече - ова ти е ако порачуваш нешто на интернет, ама јас... најсигурно ти е да се јавиш во СБ (3100-109) и да прашаш.
ММ е регистриран со пејпал...значи може од МКД. Како, што не сум упатена (ама ќе прашам). Иначе, порачува од е-беј. Он е во Стопанска банка, па сигурно и картицата му е од СБ. Колку сум јас заинтересирана, ете Ми даде он некоја картица и рече - ова ти е ако порачуваш нешто на интернет, ама јас... најсигурно ти е да се јавиш во СБ (3100-109) и да прашаш.[/qu Мојата картица е на тутунска банка имам прасано ама незнаат да ми кажат од банката , па ако можеш да прашаш каква картичка користи пр. кредитна дебитна девизна.... или што знам каква Фала ако успееш да дознаеш ке ми завршиш голема работа позз
Е вака. Извадил ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА од Стопанска банка. На нејзе ставил незнам колку ама требало да има мин 3 долари. Акаунт на пејпал направил со земја Словенија. Кога нешто купува пејпал му бара број на трансакција. Имало опаратор во Стопанска банка каде се јавуваш телефонски, ти го кажуваат бараниот код , го праќаш тој број на пејпал ... и толку. Епа ај гуд шопинг Оваа варијанта функционира ... потврдувам! До 45 долари не се плаќа ништо дополнително. Без разлика што се пријавуваш со земја Словенија испораката може да биде било каде.
^За да ја извадиш таа интернет картичка , треба ли да се плаќа нешто или ? Ако знаеш И парите ги ставаш во долари ?
Веројатно како и секоја друга картичка првата година е гратис, а после ти наплатуваат годишно одржување на сметката. Во долари изгледа Знам само дека му е поврзана со Висата. СБанка 3100109 ... прашајте.
Заинтересирана сум доколку некоој ја знае постапката за отварање Пејпал, користење на таква картичка?
Пејпал не е картичка туку електронски систем за плаќање. Еве ја страната paypal.com, направи си акаунт со емаил адреса и следи ги чекорите понатака.
Би требало од било која банка да можеш. Битно е картичката да ги има тие три броја на задната страна. Јас користам на Тутунска и работи без проблем.
Сите наши банки имаат картички што може да се употребат за paypal. Јас лично користам на Комерцијална.
Некој за размена на пари на paypal? Јас нему на пејпал, а за како до мене ќе се договориме. Со процент за оној што ќе ми заврши работа, секако
Може ли некој да ми помогне како да се регистрирам на Paypal? Пробувам, прво бројот не го прифаќа, па градот, па ареата итн.
http://www.AWSurveys.com?R=4729075 Одлична шанса за да заработите пари,за само 30 секунди, Значи не исплаќаат по многу,бидејќи се работи за кликање и гледање реклами или веб сајт, и потоа да напишеш review, од две реченици од типот "I really liked this website. It is very helpful." Обидете се, по два долари на ден заработувате. Не е многу, но не е ни малку за само 5 минути. Исплаќаат од кога ќе достигнете сума од 15 долари. Со среќа! p.s. може да се исплаќат пари преку paypal