Конечно, Pepco ќе влезе на нашиот пазар во 2026 година. Дали сте запознаени со овој бренд и што купувате таму кога сте во странство?
Си имам купено многу убави работи од Пепко периодот околу Нова Година, ќе оставам и слики долу, се наоѓаат ептен фини работи а и евтини. Во Хрватска кога бевме си заборавивме папучи а не можевме без нив и како ни се најде за 1 евро преубави папучи си купивме
Имам купувано, солидни им се силиконските калапи. Другото малтене сегде го има, барем не гледам разлика.
Од Врање земав кебе , беше некој си 500-600ден , после второто перење , се разреси , конци од сите страни, чорапите исто , може е ок за некои други работи има интересни , вака нешто што се пере или носи не би купила повторно, украси да.