Дали ви се допаѓа овој стил? Кај нас во Македонија не сум видела девојка која го негува, но во странство има девојки љубителки на Pin up-от. Се карактеризираат со витиџ облека, старомодни фризури, многу црвена боја, посебно јака шминка со црн алајнер обавезно и јаки црвени усни, а пред се истакнување на сексипилот, еротиката и женственоста на една девојка и скоро секогаш се тоа девојки со облини. Модна икона на денешницата која го негува овој стил е Dita von Teese. Но има и многу други девојки. Еве и една блогерка која ме инспирира за темава. http://iddavanmunster.tumblr.com/ Ќе препознаете и многу други девојки кои го сакаат стилов од Кети Пери, Кристина Агилера, Кет Вон Д и др. Освен како стил се појавува во вид на слики, тетоважи, стрипови, дури и уметнички дела. Eве слики од Pin up девојки Нивната шминка Винтиџ Pin up фотографии И да не ја заборавиме една од најпознатите девојки со овој стил, Мерлин Монро. Уф има многу многу да се збори за стилов или подобро ќе речам ова е една култура на живеење
Мене ми се допаѓа, и мн ме потсеќа на стилот на Америка во времето помеѓу двете светски војни. Најмногу ме потсеќа на тие постери- За мене тое пресатавува стил нa самоуверни силни жени, жени од кои зрачи сексипил и страст. Некако како секс револуција. колку се негува денес незнам и колку девојќи го практикуваат но мене ми се допаѓа и ги сакам старите добри трендови. Во серијата mad man глувмицава така ми имаше пин уп стил сега не можам да најдам конкретни фотографии но сепак само за престава за која се работи
Мене лично како стил ми се допаѓа. Често знам да се нашминкам како овие девојки, да ставам туш на горните капаци и сето тоа да го разбијам со црвен кармин. Облеката ниту пак фризурата не се мој стил и не би ги применувала, бидејќи во нашава земја би изгледала како луда ! Овие девојки ме потсетуваат на старите американски филмови... Убаво што ти текнало росонерка да отвориш ваква тема
Омилен стил на шминкање ми е. Ми делува елегантно, префинето, многу моќно и совршено. Во модерна варијанта ми е интересен кога црвениот кармин е заменет со некоја друга јака боја. Ваква шминка може да си дозволи секоја девојка во специјална пригода на едноставна елегантна гардероба, додека за да се негува како стил на облека треба посебен карактер. Во моето секојдневие не сум видела девојка што негува пин ап стил. Блогерката што ја постира Росоњерка е прекрасна. Шминката и’ дава некоја класична убавина, ко од црно-бел филм.
Мене ме потсеќаат на девојките во цртаните на johny bravo Спојлер Убав е стилот ако знаеш како да го негуваш. Не е толку застапен кај нас, но ми се допаѓа. Шминката е убава, делува едноставно, елегантно и убаво. Интересно стои Единствено не ми се допаѓаат фризурите. Испревртените шишки воопшто не ми делуваат убаво. Спојлер
Ми се допаѓа стилот, многу ми е убав за око. Шминката е доведена до совршенство, моите две омилени работи - црн туш и црвен кармин. Блед тен и слабо нагласено руменило, а сепак присутно. Фризурите ми се малку статични, посебно оние со шишката вовлечена во облик на тулумба напред. Со мала модификација, стилов може убаво да помине и денеска, во сегашни услови. Ми се допаѓаат и кроевите на облеката, точкастите принтови, а бисерите.... срцето ми игра од среќа кога ќе ги видат вметнати во нечиј аутфит. Modern pin up Кристина Агилера беше прекрасна во спотот на Candyman. Дита Фон Тис знае најубаво што прави.
Не секој може да го изведе овој стил. Мене лично многу ми се допаѓа. Изгледа софистицирано, префинето, елегантно, секси и моќно во исто време. Можам да се замислам во овој pin up стил, секако доколку се тоа е правилно искомбинирано и претставено на соодветно место И го разгледував блогот на девојкава Ида и стварно е прекрасна и одговара и знае како да го носи. Јас би направила некоја ваква комбинација
Супер коментари, баш ми е мило што ви се допаѓа. Специфични се цуркиве, перфектна шминка, и истакнување на сексипилот до максимум и притоа тоа да изгледа еротично но не и вулгарно. Се сетив на една пин ап икона. Бети Буб И да пин ап костимите за капење, сигурно ги знаете Точкици, шаркици, најчесто едноделни, големи груди со пуш ап у преден план и наравно цвет у коса . И секако високи гаќи, кај нас попознати како мидерчиња.
ми се допаѓа стилот многу но според мене за да го носиш овој стил е потребно да имаш 1. добар тен -бел или млечнобел 2. пропорционално лице 3. тело во форма на песочен часовник според мене ова е една од причините зошто само мал број на луге го носат(практикуваат)
Ми се допаѓа пин-ап стилот, покрај интересната шминка, која според мене не стои на сечие лице (на девојка со остри црти не би и стоел толку убаво таков вид на шминка, сепак треба да биде слатка, бејбифејс, а сепак женствена), многу ми се допаѓаат крупните кадрици. Ми делува куклински, неодоливо, јас до пред некое време не се одделував од ајлајнерот, драматичните трепки и неизбежниот црвен кармин, само во мојот случај тоа го комбинирав со класична боб фризура во изразено црна боја. Инаку, иако е и фетиш модел, мене премногу ми се допаѓа Масуими Макс. Дава нова димензија на пин-апот, особено со тетоважите, полните усни и заводливите облини.
Многу убав стил за око, делува отмено и дамски. Точно дека кај нас нема девојки што го негуваат, онака баш во право светло, комплетен аутфит и шминка. А мислам дека е тоа сосема разбирливо и е во ред, од причина што ова не може на секој да му стои, а и парчињата облека не се баш лесно достапни. Што се однесува до фризурите, смешни ми се. Ама затоа пак, шминката од секогаш ми била инспирација и токму од ваквите стари слики добив желба да се шминкам со туш. Како што кажа и Ливинг, оваа шминка и денес многу ја практикуваме, ги истакнува најбитните моменти на женското лице, очите и усните, а нивната убавина е безвременска.
Според мене потребно е да имаш одреден лик за негување на овој изглед. Облеката може да се купи, но лицето потешко. Треба да имаш прилично крупни очи со топчеста форма, за разлика од косите очи или долгнавестите,како моите. Усните исто така се битни, но сепак лесно можат да се трансформираат. Преферирам големи но не многу полни усни кај пин-ап девојка. Тенот е многу важен фактор, треба да е чист, светол тен. Шминката не може многу да го долови овој тен, бидејќи како и да е, телото ќе е темно.
Јас лично не би го негувала, ама кај други ми е ок. Не дека воопшто го нема кај нас, само модернизиран. Јас имам колешка што го негува. Не дека се облекува само така, има многу гардероба и сака различни стилови, ама си го сака, и неа многу убаво и прилега. А шминката речиси секогаш и е ваква.
Јас прв пат слушам дека ова стил се вика вака.Али нема врска.Главно ми се допаѓа,посебно шминката.Али ни би се носела вака(освен шминката).А премногу ми е женствен,секси и привлечен.
Интересен стил. Кај нас дефинитивно не е застапен, можеби само некое парче облека но не целосно. Многу ми се допаѓа шминката, изгледа женствено и со неа е истакнато се што треба да биде истакнато. Само фризурите се безврска.
Мене ми се допаѓа стилов, делува елегантно и интересно. Секако дека не е за било кој да го носи, познавам неколку девојки на кои им стои добро, а некои па изгледаат смешно. Треба внимателно да се комбинира и да се обрне внимание на се... Шминката посебно ми се допаѓа, и јас на пример често се шминкам слично, со црвен кармин и туш.
Ми се допаѓа овој стил, ми се допаѓа шминката и гардеробата, само некако овие тулумби, витлери т.е. фризурите не ми се допаѓаат воопшто. Шминката е едноставна, а делува гламурозно, чисто, богато. Гардеробата како што повеќето девојки кажаа ме потсеќа на 50-60-70-тите години, винтejџ кој го истакнува сексапилот, женственоста и страста на една дама.