Барајќи да прокоментирам збор-два за него,не ми се верува дека не го сретнав како тема However,Питбул (Армандо Кристијан Перез) е Американски рапер,пејач,текстописец и продуцент. Најпрво се прослави со својата "I Know You Want Me (Calle Ocho)" па "Hotel Room Service",за на крај да добие светска слава и многубројни хитови со најпознати светски музички имиња... Мене лично ми се допаѓаат неговите песни,но некако премногу го форсираат и малку здодевни станаа
Не направил ништо посебно значајно во музиката. Ниту едно значајно дело кое ќе остане да се слуша генерации и генерации. Плус, речиси сите песни му се дуети во кои се појавува на 15 секунди и рапува делчиња кои се без врска. Така да, палци надолу за Пит Бул.
Сите песни му се исти, досадни и немаат никаква музичка вредност. Одамна изгубениот брат на Денис Екс ќе да е, тој е „квалитетот“.
http://www.youtube.com/watch?v=SmM0653Y ... mXR2ddlptE Преубава ми е новава. Ама добар глас има бившиов на Џеј Ло
Ги имав во телефонот ''I know you want me'' & ''Hotel Room Service'', џускавме со една другарка на нив. Не знам ниедна друга негова песна, а и овие двете погоре се без никаков квалитет.
Ја сам мала ПИТ БУЛ - ТЕРИЕР! Па и не баш... Типов ме иритира со капитал И. Ме нервира со самата своја појава. И кога ќе видам дека секоја втора, а ако не и секоја песна е feat. Pitbull исклучувам, жими се. Путбул ми е новиот Дејвид Гета. Значи сегде го има, а сепак е доказ дека квалитетот не се постигнува со квантитет. Една единствена песна ми е од него интересна за журкање, а се останато да беше без него, ќе ми беше поубаво. Абе нешто како вегетиче кое попримило влага и мувлосало, и не ти треба бе, не ти треба. Еве ја песната. Оп цуп са са! Ама мора да имам исконсумирано неколку коктелчиња за да се разиграм на овој сељачизам. Ех што ти е логика, сељачко + сељачко = Пирамида игра Или само имам убави спомени од една блесава журка на песнава, или сум скренала на момент и знам да го сфатам ремиксов, не знам. Како и да е стискам заби и ја постирам. http://www.youtube.com/watch?v=tKugtvlVgMo
А јас баш сакам да ги нервирам тие што го мразат Питбул. Спојлер jokin Има добри песни, понекогаш претерува, мене понекогаш ми е досаден, со кој ќе стигне прави песна, ма даај-take a f***in break, man -.- Омилена (засега) ми е таа со ne-yo-give me everything.
Негова песна што ја знам каде што само тој пее е Calle me Ocho . Па и стварно, само таа му е негова. Овие што се убацува само , ми се топ и си ги слушам често, On the floor, I like it, Give me everything tonight, сега ја слушам и оваа со Марк Ентони и ми се допаѓа.
Многу одбивна појава,има нешто селјачко или во неговата физиономија или во неговото држење и пеење со искривена уста,вака нешто Не сум сигурна што го прави поголем селјак,но најверојатно несоодветноста на филмот во кој си живее( мачомен,ганстер бр.1 ,мафиозо и сл) и неговата прилично тапа и глупа надворешност,но мислам дека ептен би се вклопил во српската естрада.Како создаден за дует со Миле Китич е,нешто во стил Циле Миле За песните.....после првата I know you want me,која се покажа неприфатлива за моиве уши,кога и да го начекам го сменувам така да воопшто не му ги знам останатите.Иако не сум во тек со кариерата,не очекувам некои драстични промени во стилот,па и со кој било да сними дует би било варијација на тема(првата песна).
Кога излезе I know u want me јас тоталнооо се вљубив во песната значи година дена и повеќе не ми излегуваше од глава, a постоа Hotel Room Service беше јаготка на шлагот така да покрај овие две песни си го засакав и човеков, интересен акцент има сладок ми е кога зборува , а и овие новиве песни што му се дуети се добри ! така да мене ми се допаѓа како изведувач
За вас не знам ал јас би му идела на концерт. Па чоече ќе дојдат ЏЛо, Марк Ентони дури може и ќе се смират , па Акон, па Енрике, Шакира, Фарел, Аш Аш Ашер Он е убацување во добри летни хитчиња најчесто, то ти е летен момак. Шо знам што фора им стана да биде он рапувачот, а каде каде има боље момци за хитчиња со ft. Mене ми е ок без да го гледам, зашто тие песнички ми се топ, онака апла хитче за 2 месеци и после 1 година не знаеш ни А да кажеш од песната, битно си ја потпевнувал цело лето ил зима. Дури и пола ринг тонови на мобилни се од ова песниве од кучево. И обавезно у дискотеки ќе го слушнеш неговиот глас на 20 секунди. Негови самостални песни ја освен 2 апла што му беа хитови не ни знам други. Него на лик е антипатик. Па и стално у одело ко мислиш господин чоек, а да не му ја зборам онаа фацата ко погоре Рената што ја стави, ти доаѓа бокс да му мавнеш, барем намерно тогаш ќе ја криви устата од болка. Ах да и да не заборавам ми го има спомнато името во песната Рум Сервис поштовање
Ауу бре не го можам овај Како зачин ми е, во секоја манџа го има. Досаден е. Ќе си пее, ќе си пее некој изведувач и оп! ете го Питбул да излае нешто
Има карактеристична боја на гласот, така да од далеку може да се препознае дека станува збор за Pitbull. За овие неколку години додека е на светската музичка сцена има успеано да си изгради сопствен стил и препознатливост, без разлика дали тоа за некои ќе биде вулгарно и одбивно, за други – забавно. Сепак, за да стигнеш до учество во песна на пејачи/ки со поголемо реноме од тебе е успех, бидејќи има нешто во тебе што ги привлекло. Лично јас, немам некое посебно мислење за него. Оние неколку песни кои му ги знам и ми се допаѓаат за забава и журка можам да ги слушам, друго – не. Овие денови, како за инает ми се допаѓа Bon, bon. http://www.youtube.com/watch?v=EPo5wWmKEaI&ob=av2e http://www.youtube.com/watch?v=9O72RLP5fF4&ob=av2e http://www.youtube.com/watch?v=0ghPCj0wWV8
Како појава ми е ептен антипатичен, а има неколку добри песнички. Го има секаде, буквално-заради тоа ми е уште поодбивен. Омилената од него ми е I know you want me. И искрено се сомневам дека ќе направи подобра некогаш...
Мене ми е баш онака Топ! Ми се свиѓа,да го има само во делови од песни и тоа летни хитовии и можам да кажам дека на сите песни им дава посебен шмек Досега нема песна што не ми се допаѓа од него! Ма го обожаваам http://www.youtube.com/watch?v=2up_Eq6r6Ko
Баш му се добри песните http://www.youtube.com/watch?v=SmM0653Y ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=EPo5wWmKEaI