Practical Magic (1998)

Дискусија во 'Филмови' започната од Majuv4ence13, 1 март 2014.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Practical Magic e америчка филмска драма од 1998 година со Сандра Булок и Никол Кидман во главните улоги.Во Хрватска е прикажувана со наслов Магија а во Србија како Љубовни магии.


    Во филмот се работи за две сестри вештерки кои се борат со предрасудите кои што нивните комшии ги имаат кон нив .Сели Овенс (Сандра Булок) е фамилијарна жена,пријатна и посветена на работата која што сака нејзините деца да имаат мирно детство.За разлика од неа,нејзината сестра Џилијан Овенс (Никол Кидман) е многу атрактивна девојка која што излегува со машки кои секогаш ја вовлекуваат во невоља.Тука се и нивните две стари тетки Овенс кои ќе им помогнат во нивната борба за среќа.Ова е приказна за различноста,прифаќањето и опростувањето.

    [​IMG]
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Филм кој никогаш не здосадува. Никол Кидман тука е идеал за убавина.
     
    На elimkd и Shia им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Филмов ме потсеќа на моето детство, со колку само внимание го следев, еден од омилените кој го имам гледано неколку пати, во исто време и ме плашеше и ме засмејуваше но дефинитивно ми го заробуваше вниманието.
    Сцената со бубачката стално ме расплакуваше и секое гледање се надевав дека нема да се случи трагедија.

    Сандра Б. и Никол К., навистина се во најдобрите години, убаво прикажана таа сестринска нераскинлива врска, крајот прекрасен.
    Убаво го средија бугарин, тешко дека ќе ми излезе од памет неговиот лик :D