1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Prodigal son (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Star, 18 октомври 2019.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    https://www.imdb.com/title/tt10327354/

    Серијата само што изегува во ефир, има само 4 епизоди до сега, ама е предобра спред мене.
    Режирана е од страна на Chris Fedak и Sam Sklavеr. Никад чула за нив, ама ако некој го интересира, еве.
    Сепак серијата е одлична.

    Малколм е ФБИ профајлер и син на сериски убиец, попознат како "Хирургот". Тој е опседнат со неговото минато, бидејќи нема точно сеќавање за ништо поврзано со убиствата, но толку многу хаотични ситуации во глава кои не може да ги поврзе.
    На новото работно место, полицискиот департамент на Њу Јорк, работи на убиство кое е поврзано со неговиот татко, па тој е приморан да го види повтроно после 10 години. Тоа всушност е тригер за да се обноват уште повеќе спомени, а и односот татко-син.

    Ме интересира во која насока ќе се движи серијата и каков карактер ќе изгради Том.
     
    На 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Малком има чуден псајхо вајб ама онака тера накај секси. Ми се бендисва серијава многу.

    Ме мачи една мисла после четврта епизода. Мислам дека Малком беше учен од татко му да влегва во "фамилијарниот" бизнис ама е од работите кои ги има потиснато и не ги памти. Мислам дека така би не пречекало финале на сезонава.

    Криво ми е шо онлајн не гледам голем хајп за серијава, баш е добра и заслужува.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Том ми е супер секси во улогата и на мене. Ептен комично ми е кога работат со патологот заедно, таа се однесува како изгубен случај. :D

    Јас едно време мислев дека можеби мајка му е убиецот, а вината е префрлена на татко му. Или дека барем е вмешана во прикривањето на убиставата и знаела за истите, а не направила ништо. Но нели на снимката од разпитот се испоставува дека таа мислела дека станува збор за афери.
    Што се уште не ми е доволно да ја побијам теоријава, јас мислам дека таа некако е вмешана во убиствата. Па целата мис гууди ту шус со хуманитарната работа мислам дека е кавр ап за нешто. :?:
    Јас мислам дека Малком нема ништо со убиствата, не и физички. Убиецот го вплеткал некако во таа мрежа, а разговорите за такви работи и работата вршат дополнителна негативна услуга.

    Сепак мислам дека тоа што го работи баш тоа што го работи, и целото искуство, ќе му помогне да се сети и да ја сложи сложувалката.

    Финалето на сезоната очекувам сите да бидат вплеткани во мистеријата. Сестра му веќе ќе се запознае со татко и', тој ќе проба се' за да се сети, а мајка му ми е главен осомничен за се' некако.
    Не знам само како ќе се разреши мојата теорија на заговор доколку се реализира. :wasntme:

    Јас искрено не знам колку е позната серијата, ама мислам дека како прогресира сторијата, така бројката на гледачи ќе расте.
    И се надевам и сметам на истото, за да не испадне на крај да ја прекинат серијата и да и дадат некој глуп крај.
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Ова можи да е и до вина зашо не сетила нели, па пробва да надохнади на еден начин.

    А Малком ептен, ептен ми личи groomed. Кошмари последни 20 години со скоро фрлање себеси од прозор ако не е врзан не е оти видел гола тетка во ковчег. Не велам дека тој има вмешано прсти, туку дека татко му сакаше да има вмешано прсти и полека, полека го учеше како да влези во "бизнисот".
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Можеби...

    Сепак јас мислам дека тоа е поради некоја грижа на совест, во смисла на покасно превзел нешто, не го пријавил татко му порано, во таа смисла. А во меѓувреме нешто друго лошо се случувало.

    Навистина не би сакала Малколм да е лошто момче во серијава. ]:) :tmi:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Ќе му личи. :wasntme: 8)

    3d39d3d56ad5858b-ariana-grande-hot-gif-tumblr-wroc-awski-informator.gif
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Последната епизода беше интересна. Сега погледнав колкава точно треба да биде сезоната, и има уште само 2 епизоди.

    Стварно сум љубопитна што ќе се случува до крајот.

    Малколм веќе почнува да ги реди парчињата од сложувалката, кутијата од детството ќе помогне изгледа.
    Чудно е каква компресија може да врши подсвеста на свеста. Дрогата беше само средство за да се случи неизбежното.

    Која е улогата на адвокатката која се појави кај мајка му сега? Мислам дека и таа е некако вмешана во целата приказна.
    Трговија на органи... хирург... ?

    Останува да видиме.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Најинтересна епизода досега (fingers) .

    Мислам дека сега конечно почнува реалното дејство на засплетот/расплетот. Хирургот конечно го гледаме во почевечка форма а не како толку безмилостен убиец, а некако и Џесика и Малколм се помеки и како да ги прифатиа дека тој постои, иако е во затвор.

    Интригава со овој Николас ветува, само да видиме како ќе се вплетка Џесика тука.

    П.С. Патологот ми е ептен слатка со гафовите околу Малколм. :inlove:
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Заврши првата сезона, каков крај само...

    Прво, мислам дека последните неколку епизоди од сезоната беа многу поинтересни за разлика од тие на почетокот, па и до средината некаде. Имаше многу повеќе акција отколку кога се објаснуваше поврзаноста на Малколм, сите психози, особено со Девојката во кутијата, односите во фамилијата, со татко му итн.
    Кулминацијата и расплетот беа на крајот според мене.
    Можеби тоа се должи на податокот дека првично сезоната требало да има 22 епизоди, па дејствата од 4 епизоди се ставени во 2.

    Не очекував дека Eинсли ќе го убие Николас, очекував Џесика, или можеби Малколм, да го направат тоа. Доста антипатична ми беше, но не мислев дека таа е способна како карактер да го направи тоа.
    Од друга страна, Џесика глумеше жртва од сам почеток, а успеа да го спаси Гил и себе си.
    Прикажаа и поразлична страна на хирургот, кога не глуми олмаити туку исплашен. Сепак, волкот вканото го менува но крзното не, успеа да се спаси. И на крајот беше "моето девојче', не "мојот син", што дава материјал за втора сезона.

    Шпекулациите за втората сезона се сценариото да биде през очите на Еинсли или Џесика, што според мене и не е најдобрата идеа.
    Има простор и материјал да се објасни поврзаноста на хирургот со Николас, како започнало се, инволвираноста и на адвокоатот кој беше убиен, да се направет спојки меѓу ликовите и дејствата...

    Но се ќе зависи од популарноста на серијата и рекациите кои ќе ги добие, дали и како ќе продолжи понатаму. Уште не е толку експонирана, а има потенцијална приказна.
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Еинсли се гледаше дека е натерана на татко ѝ од кога влезе да му прај интервју и кога го ранија дечко ѝ/ камерманот. Поомилениот sibling влезе во бизнисот. Good girl.