Или пребарувачот не функционира или навистина нема тема за Queen Queen е бенд формиран во Лондон во 1970 година. Членови биле Фреди Меркјури - вокал и пијано, Брајан Меј - гитара, Џон Дикон - бас гитара и Роџер Тејлор - тапани. Во својата успешна кариера, Queen стана еден од најпочитуваните бендови на сите времиња со стотици милиони фанови низ светот, а неговата музика сѐ уште влијание на модерната рок музика. Бендов според мене е еден од најдобрите, екстра талентирани музичари и секако феноменалниот Фреди за кој се смета дека е најдобриот вокалист на сите времиња. Со таков глас (опсег од над 4 октави), енергија на сцена и огромна харзима, тешко дека ќе се роди друг како Фреди. За жал го напушти овој свет на 24 ноември 1991 година, на 45 годишна возраст, поради компликации од СИДА. Минатата година излезе и филмот ,,Bohemian Rhapsody", филм за животот на Фреди и самиот бенд. Queen имаат хитови кои се познати дури и ден денес. Песни кои секој ги обожава или пак ги има слушнато барем еднаш во животот. Секако тука е и епската, неверојатна песна напишана од Фреди ,,Bohemian Rhapsody" за која навистина немам зборови како да ја опишам, едноставно се слуша и се чувствува . За бендов има многу што да се пишува, посебно за Фреди . Да оставам нешто и на вас да допишете и да постирате хитови и омилени песни од Queen, така да повелете
Фреди бил доста исмеван за забите и велеле дека никогаш немал да успее заради изгледот. Ама напротив, доста популарен е еве и ден денес и после 28години од неговата смрт. Инаку го обожавам и него и Брајан Меј. Мислам дека без Фреди не би бил Квин она што е... Омилена песна: Killer Queen
И моите деца ќе ги слушаат Queen. The show must go on засекогаш омилена. И фалеше филм кој ќе прикаже дел од животот на Фреди и компанија. Тоа е тој квалитет што останува со години и низ различни генерации.
Леле, не можев да ја најдам темава, шокови ме испомаваа дека нема тема за најголемите Queen!!! Многу ми е криво што никогаш нема да имам шанса да ги видам во целосен состав . Bohemian rhapsody секогаш ќе ми е омилена песна