Црвениот килим е поим за мода, убавина, совршенство! Некои ѕвезди појавувајќи се на црвените килими едноствано блескаат, но некои прават и такви утки да се помнат потоа со години. Затоа во темава може да ставаме слики од ѕвездите на црвените килими и потоа да ги оценуваме. Ќе ги увидиме најдобрите комбинации, најголемите утки и ќе го увидиме нашиот вкус за мода Секако темава ќе е најактуелна после Оскари, МТВ награди, Греми, филмски фестивали ... ама сепак во Холивуд секојдневно се случуваат премиери и забави така да секогаш има најнови фотографии од RED CARPET. За почеток еве неколку слики од ѕвездите овие денови. Eva Mendes at the Los Angeles Philharmonic 2010/2011 Season Opening Night Gala Sarah Jessica Parker at New York City Ballet Fall Gala Son Ye-Jin at 2010 Pusan International Film Festival Blake Lively at Tiffany & Co. Introduces Eyewear Dania Ramirez arrives at the FENDI Boutique opening Sienna Miller attends the opening ceremony of the 21st British Film Festival Rihanna attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Keira Knightley attends the Chanel Ready to Wear Spring/Summer 2011 Dita Von Teese attends the Jean Paul Gaultier Ready to Wear Spring/Summer 201 Moже да оценува од 1 до 10 и да си искоментираме што ни се допаѓа, а што не.
Ај јас да почнам... Ева Мендез Фризурата и е убава, фустанот е во ред, погоден е за ваков настан, но само во горниот дел не ми се допаѓа кај градите, премногу е широк...А накитот, и чантата се супер. Оценка: 8/10 Сара Џесика Паркер Воопшто не ми се допаѓа оваа комбинација. Фустанов како некој најлон, косава ептен „залижана“...а и накиов е катастрофа...згора на се и чантата... Оценка: 1/10 Son Ye-Jin Да почнам од фризурата...најобична и е...онака...фустанов ептен е како за некој бал...а и нема накит употребено... Оценка: 2/10 Blake Lively Фризот, чевлите, и шминката се во ред...но фустанов малку со чуден крој е ... чудно ми делува.. Оценка: 4/10 Dania Ramirez Прекрасно фустанче, ја истакнува убавата линија...и чевлите се убави, само мислам дека подобро би и стоела пуштена коса, но и вака е ОК. Оценка: 9/10 Sienna Miller Долниот дел од фустанов некако не ми се допаѓа, но ок е...чевлите се едноставни... Оценка: 5/10 Rihanna Со еден збор...катастрофално. Оценка: 0/10 Keira Knightley Палтово не и било потребно...но и фустанчево не е баш убаво...во целина..не ми се допаѓа... Оценка: 2/10 Dita Von Teese Ваков стил негува...и оваа комбинација е во нејзин стил... Оценка: 6/10 -Толку од мене...се надевам дека е во ред.
Ми се допаѓа оваа комбинација, во склоп на настанот, убаво искомбинирано, елегантно... 10 Фустанот е премногу светкав и накитот барем да бил боја како чантата. Косата, одвратна. Како да нема пари фарба да си купи и да се нема измиено 2 недели 2 Се сложувам дека фустанот е премногу балски. Да бил истиот само некаде под коленици должина би било поубаво. Исто нема додадено накит и делува не-целосно. 3 Баш необично фустанче, ама некако не ми е за толку свечена пригода. Фризурата ништо посебно, а и нема многу шминка. 4 Оваа комбинација најмногу ми се допадна досега од сите. Убаво фустанче, не е премногу нападно а и неа убаво и стои. Чевлите се супер искомбинирани. 9 Не обожавам тигреста облека. Ептен ефтино ми изгледа. Според мене 4 Ријана, веќе незнам што се замислува и зошто мисли дека е интересна По грда комбинација немам видено досега, уште и чорапите тегет кога ќе ги видам.. Уф бљак И нула е многу за ова Премногу обично и демоде. Јас овака да излезам низ град ќе ме измеваат 2 Ми се допаѓа оваа комбинација и неа прекрасно и одговара. Се е во склоп и нема ниту еден кикс. 9
Ми се допаѓа фризурата, накитот, но фустанот ми е ужасен. Ми дава впечаток дека е бремена, па како да ги прикрива вишокот на килограми, наместо да го истакни деколтето. 5/10 Едноставно ужасно! Фустанот како да е купен од тезга, а косата како да немала пари за да се исфарба. Плус чантата и е тотална утка! 1/10 Мала и слатка девојка, на која мислам дека би и одговарале некои тасни фустанчиња. Вака ми е не како за на бал, туку како за на маскенбал. Како да има „наврено“ вреќа на неа. 3/10 Најубава во споредба со горенаведените. Едноставна, но сепак блеска. Најмногу ми се допаѓа Фризурата. 8/10 Се ми е океј, само мислам дека фустанчето би требало да има посветла боја. Таа има темен тен и како да ја затвора. Се останато е одлично искомбинирано. 7/10 Прекрасна е ако ја гледам до половина. Од половина надолу, ми изгледа како проститутка. 5/10 Ужас! Ужас! Ужас! Радиоактивен ужас! -10/10 Фустанчето не ми се допаѓа баш, но може да помине. Но палтото и чантата се... 2/10 Со нараквиците и фризурата ми личи како да е излезена од некој хорор филм, во кој глумела вештерка. Ме потсетува на Анџелика Хјустон во Адамс фемили. 4/10
Нема да ги повторувам сликте само ќе оценувам (ќе се правам Монси ) Eva Mendes at the Los Angeles Philharmonic 2010/2011 Season Opening Night Gala Убав фустан , меѓутоа и мене не баш ми е јасен горниот дел, меѓутоа ОК е , се на се добро осмислено 8/10 Sarah Jessica Parker at New York City Ballet Fall Gala Ништо од ова не ми се допаѓа, меѓутоа оцената е "висока" поради актерката, сепак е добра 2/10 Son Ye-Jin at 2010 Pusan International Film Festival Ми се допаѓа фустанот, и според мене е супер што нема накит, зошто сепак горниот дел од тоалетата е со прекрасен дезен, на кој доколку се стави и накит би изгледал пренатрупано. Вака е баш ок и уредно. Свечено, а премногу нежно. 9/10 Blake Lively at Tiffany & Co. Introduces Eyewear Некако многу недефинирано ми изгледа, неможам да се вклопам во приказнава со фустанот Кројот воопшто не ме бендиса. Чевлите ми изгледаат доста ефтино, а фризурата попрво би ја вклопила во некоја по спортска комбинација. 1/10 Dania Ramirez arrives at the FENDI Boutique opening Конечно еден покомплетен стајлинг. Прекрасна тоалета, која е совршена за истакнување на убава фигура. Чевлите се исто така супер. Единствена замерка можеби би била за фризурата, меѓутоа не е страшно, добра е 9/10 Sienna Miller attends the opening ceremony of the 21st British Film Festival Чудесно , премногу обичен фустан (ако можам така да го наречам) за вакви манифестации. Да не зборувам за тоа дека мразам животински принт 1/10 Rihanna attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Ваму и јас би одела со 0... мислам навистина што е многу ,многу е 0/10 Keira Knightley attends the Chanel Ready to Wear Spring/Summer 2011 Фустанот е добар, меѓутоа палтото, чевлите и чантата никако не ми се вклопуваат во приказната. 3/10 Dita Von Teese attends the Jean Paul Gaultier Ready to Wear Spring/Summer 201 Дефинитивно нејзин стил. Браво за незаменливата Дита . Ми се допаѓа кај нејзе тоа што го негува она што е добро препознатливо за неа, што е секогаш своја. 10/10
Не е лош ама некако ваква нежна нијанса ме асоцира на ноќница 5/10 Фустанот во нејзин стил е ок, ташната тотална утка, а косата не можам ни да ја гледам а не да ја кометирам 2/10 За вакви настани може да се носи и ваков раскошен фустан и добро е што не ставила накит 6/10 Ова ми се ептен допаѓа, интересно е, шик, и добро вклопено со штиклите и фризурата 8/10 10/10 комбинација, напротив мислам дека бојата е добро вклопена, прекрасно Премногу формално горниот дел а анимал принтот заникаде како да го облекла првото што го нашла 1/10 Е вакво нешто треба да е забрането со закон, значи без вкус и стил, грозно, без оценка и коментар Не е лошо. боите се ок добро искомбинирани, онака кежуал 8/10 Ракавиците се премногу 9/10
Убав е фустанот но некако не е дефиниран незнам дали е лошо застаната или што и да е некако во делот на половината ми има вишок материјал и + завршетокот на фустанот не ми се свиѓа со тие бранчиња :? , фризурата и накитот се Ок 8/10 Не ми се допаѓа фустанот, ми делува како некој најлон плус доле гледам едно шпицче ако и е тоа кондурата накитот ништо посебно, фризурата неубава 3/10 Горниот дел од фустанот ај до некаде може да се прифати али долниот ау Не! како кич завеса! 2/10 Убаво фустанче, но и фали накит и Фризурата би можела да биде многу по убава, вака ко да станала од спиење 8/10 Нешто ми е одбивно кај фустанов незнам што али се на се не толку лоша комбинација (но не ни убава) 6/10 Убава ми е... Ми се допаѓа све 9/10 Хахах Што е со Ри-Ри?! Како циганче од гетото Тапа! За прв пат да не ми се допаѓа како е Ријана облечена 2/10 Уф фустанчево во долниот дел како везено да е.. не ми се свиѓа ниту пак кондурите Фризурата и шминката се во ред исто како и ташната и палтото ( ми заличе на Седеф! ) 5/10 Во нејзин стил.. Не ми се допаѓа делот што виси од фустанот, другото ќе помине 6/10
Ева изгледа прекрасно. Ми се допаѓа фустанот, а и комбинацијата на накитот со него. Фризурата е ок и шминката не е нападна 10/10 Комбинацијава ја прави да изгледа уште најмалку 5 години постаро. Комбинацијата на накиот не е соодветна, а и чантата заедно со белите чевли е тотална утка. Не ми се допаѓаат ниту шминката и фризурата. 1/10 Фустанот е ок, фризурата делува несредено, а можела да употреби и повеќе накит. 7/10 Комбинацијава е добра, само не ми се доопаѓа изборот на чевли и фризурата. 8/10 Одлично скоцкано, немам забелешка. 10/10 Како што спомна некој погоре - делува премногу ефтино. 2/10 Одвратно. Не ми се допаѓа како и стои црвенава коса. 0/10 Би било далеку подобро да не го облечела палтенцето и да облекла други чевли. 5/10 Во склоп фустанот, шминката, фризурата и чевлите делуваат премногу женствено. Само не ми се допаѓаат чантата и ракавицата. 9/10
Eva Mendes Ми се допаѓа,секогаш зна да се облече убаво и да искомбинира убаво, од мене чиста 10 Sarah Jessica Parker Катастрофално,никогаш не била убаво облечена.Фустанот како од најлон да е правен,плус клала две ланчина и изгледа грдо,а за косата да не прајме муабет,од мене 0 Son Ye-Jin Не ми се свиѓа горниот дел од фустанот,и косата и е најобична.Од мене 4 Blake Lively Не е нешто нај али сепак ок.Од мене 5 Dania Ramirez Прекрасно искомбинирано од глава до пети.Чиста 10 Sienna Miller Не е лошо само не ми се свиѓа здолништето.Од мене 6 Rihanna Најголема 0 како за на маскембал облечена.Грозно Keira Knightley Па не е лошо ни ова али не ми е некако облечена за на Red Carpet Од мене 7 Dita Von Teese Супер е све али не ми се допаќа ракавицата,затоа од мене 7
фризурата, шминката и додатоците се ок, ама фустанот ми личи на ноќницата на мама, не е толку лош, ама можеше малку го среди, во горниот дел изгледа ужасно - 6/7 не знам што од што е полошо, дали ужасната коса, како немиена со денови, која ми создава нагон за , фустанот-најлон, накитот, или белите шпиц чевли со кафената огромна чанта што не одговара ни на облеката, ни на приликата - -100 ме потсеќа на малечка нежна принцеза - 9 добро искомбинирано, само мислам дека ланчето е непотребно тука - 8 фризурата не ми се допаѓа - 8 со здолништето изгледа на проститутка - 5 најјака е нема што, многу убаво искомбинирано , шала на страна со шарениот фустан, црвените шпицести чевли врз тегет чорапи и накитот во сите можни бои, ме потсеќа на некоја циганка што пита....не бре што зборувам јас, па ова ни циганка не би го облекла , ме разочара да бев таму би и го истргала палтото, стварно не знам зошто го ставила, фустанот и е ок, а чевлите со чантата воопшто не се одговараат, нешто од нив требало да смени една од подобро облечените, само делот од фустанот што виси не ми се допаѓа, ама се на се добра е - 9
Eva Mendes - ми се допаѓа, само фустанот е преширок во горниот дел. Sarrah Jessica Parker - фустанот и е катастрофа, комбинацијата на чевли и чанта е ужасна, косата и е како да не ја миела 10 дена претходно. Son Ye-Jin - фустанот би изгледал поубаво ако е пократок. Исто така, треба да се додаде малку накит. Blake Lively - се е во ред, но фустанот е малку чуден. Dania Ramirez - фризурата е лоша и го упропастува целокупниот впечаток, иако се друго е прекрасно. Sienna Miller - делува многу ефтино, како што кажаа некои од девојките погоре. Rihanna - Ме разочарува во последно време. Порано се облекуваше далеку поубаво. Немам зборови. Keira Knightley - палтото не се вклопува во комбинацијата исто како и чантата. Dita Von Teese - ракавицата и тоа што виси од фустанот не чинат. Најмногу ми се допаѓа од сите.
Интересна комбинација, одлична за вакви прилики. 10/10 Долг фустан кој премногу светка и сјае со ужасна боја, шпиц штикла и чанта која не се вклопува. Катастрофа. 1/10 Премногу широк фустан, со премалку накит. 3/10 Интересен, а воедно и чуден фустан. Но без накит и чанта не изгледа убаво. 7/10 Интересен фустан, со исто така премалку накит и без чанта. Фризурата не ја сфаќам, не ми се допаѓа. 5/10 Премногу обично и просто за црвен килим. Сакото можело да биде во друга боја, не црно, бидејќи не се разликува од горниот дел. Можела и подобро да се облече. 6/10 Катастрофа. Што би рекле Србите: Све ми боје лепо стоје! 0/10 Сакото баш и не и требало, можело и без него. Чевлите воопшто не ми се допаѓаат, а требала да додаде накит. 4/10 Ракавицата и марамата што и виси од страна не и требале. Требала да разбие монотонија и да додаде некоја друга боја, инаку се на се добро изгледа. 6/10
Eva Mendes at the Los Angeles Philharmonic 2010/2011 Season Opening Night Gala 10, Добро и стои бојата, а и ја отвора. Sarah Jessica Parker at New York City Ballet Fall Gala Сара Џесика Паркер, скоро никогаш не прави утка во модните комбинации, ама изгледа тука кикснала, не ми се допаѓа големото ланче што виси на неа, и бојата на фустанот, meatcolor. 7 Son Ye-Jin at 2010 Pusan International Film Festival Убав е фустанот, и убаво и стои. Само изгледа многу ''шуто'', со само два прстена кои одвај се забележуваат. Ланче или додаток во косата, добро би и стоел. 8 Blake Lively at Tiffany & Co. Introduces Eyewear Ланчето било безпотребно, глупо изгледа. 5 Dania Ramirez arrives at the FENDI Boutique opening 7. Класика, мада не ми се допаѓаат обетките и фризурата. Sienna Miller attends the opening ceremony of the 21st British Film Festival 4, Ок, можела друга боја на кармин да стави, ама и вака изгледа впечатливо. А и ми изгледа како да е облечена за на работа, не за на Red Carpet. Rihanna attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week -0. Одвратно. Чорапи и отворена штикла?! Keira Knightley attends the Chanel Ready to Wear Spring/Summer 2011 3. Не е за на Red Carpet, иако е добра комбинација. Dita Von Teese attends the Jean Paul Gaultier Ready to Wear Spring/Summer 201 Too much, премогу е. Ракавиците не и требале, ама добра е. 8 Добра тема rossonerka.
Досадно ми е ај ќе ставам нови слики и ќе си искоментирам на истите Coco Rocha at Designer of the Year Award at the Petit Palais. Erin McNaught arrives for the Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Heidi Klum attends the 'Heidi Klum for New Balance' launch party Amber Rose arrives at the Louis Vuitton fashion show during Paris Fashion Week Spring/Summer 2011. Dakota Fanning attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Alexa Chung attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Rachel Bilson at the Cavalli anniversary party. Alessandra Ambrosio attends Vogue 90th Anniversary Party Leona Lewis attended the amfAR party Olivia Wilde arrives at the opening Gala and "Unmasking" Coco Rocha at Designer of the Year Award at the Petit Palais. Елегантен изглед и тоа на рамениците му дава сосема поинаков рок изглед на фустанов. Не ми се свиѓа, пренападно е во случајов со тие конуси. Ташната е убава 4/10 Erin McNaught arrives for the Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Фустанов ме потсеќа на полуматурантка Ама добро станува збор за детски доделувања на награди, така да изгледов е во ред, иако премалецко фустанче и предетско за мој вкус. Во овој фустан можам да замислам 10 годишно девојче. Чевлите се прекрасни 5/10 Heidi Klum attends the 'Heidi Klum for New Balance' launch party Ауууу грд капут! Фустанот е во ред, чевлите се наааајпрекрасни, ама капутот ја уништува целата комбинација 5/10 Amber Rose arrives at the Louis Vuitton fashion show during Paris Fashion Week Spring/Summer 2011 Оваа и Гага ми се врв за коментирање Грчка божица у плава варијанта со розеви ципелки? Јок, пренападно, преколоридно, не е мој вкус. Ама сепак забележително. 2/10 Dakota Fanning attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Ау фустанов вришти! Погрд неможела да облече, розева дреч кожа. Бљак. Па и обично елече. Па и бордо-кафени штикли кои не одговараат на ништо. лошо 2/10 Alexa Chung attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week хах си помислив дека станува збор за куќна помошничка. Тоа фустанов за слугинка е. А чевлите никакви. 1/10 Rachel Bilson at the Cavalli anniversary party. Иако е животински принт фустанов ми се допаѓа ептен, па и црвеното ташниче ја разбива монотонијата 8/10 Alessandra Ambrosio attends Vogue 90th Anniversary Party Лепота бре. Секси, модерно, добро ланче и колку за информација сите девојки носеа маски, колку да не мислите дека и е детал 9/10 Leona Lewis attended the amfAR party Нели ја убива оваа монотоност? Досаден црн фустан, неинтересен, никаков детал, испеглана обична коса и шминка... 2/10 Olivia Wilde arrives at the opening Gala and "Unmasking" Ептен гала фустан, ама никаков детал, акцесорис, плус косата ко сама да си ја средувала 4/10
Coco Rocha at Designer of the Year Award at the Petit Palais. Ми се допаѓа како изгледа, необично е и убаво изгледа. Приметувам дека ташната и штиклите не одговараат. 7/10 Erin McNaught arrives for the Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Супер, одлично и ги истакнува нозете кои и онака и се убави. 10/10 Heidi Klum attends the 'Heidi Klum for New Balance' launch party Фустанчето е убаво ама елекот ја уништува целата комбинација. Штиклите се феноменални ама и треба уште некој плав додаток. 6/10 Amber Rose arrives at the Louis Vuitton fashion show during Paris Fashion Week Spring/Summer 2011. Како некоја божица ми изгледа Штиклите уништуваат се. 5/10 Dakota Fanning attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Катастрофа...можела друга комбинација да одбере. 1/10 Alexa Chung attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Исто и ова..одвратно, не личи на фустанче. Добри и се тие на нозете. 2/10 Rachel Bilson at the Cavalli anniversary party. Прекрасно...убаво и стои..убаво искомбинирано, само можела и црвен кармин да стави убаво би стоело. 9/10 Alessandra Ambrosio attends Vogue 90th Anniversary Party Комбинацијава не ми се допаѓа воопшто, ама она е убава и изгледа добро. 4/10 Leona Lewis attended the amfAR party Едноставно и убаво. Можела и некој накит да стави. 8/10 Olivia Wilde arrives at the opening Gala and "Unmasking" Како завеса да ставила на неа, не ми се допаѓа. 2/10
Coco Rocha Добра замисла ама некако не исполнета..не знам нешто не ми штима на фустанов...а и какви се тие мартинки што ги носи ( на тоа ми личи) 6/10 Erin McNaught Интересно за девојче на нејзина возраст..малце кратко сукњичево..ама утка нема..штиклите перфект 10/10 Heidi Klum Да не беше палтово 10ка...и ја квари целата комбинација 10/10 Amber Rose Со еден збор ужас Грчка божица како да не 1/10 Dakota Fanning Ноу комент 0/10 Alexa Chung Кој ги облака жениве за Ред карпет Катастрофа и фустанот и чевлите 1/10 Rachel Bilson Анимал принт не обожавам..ама Рејчел супер изгледа...некако долниот дел можел поширок да биде, ја отцртува во кукови 10/10 Alessandra Ambrosio Црвена боја не сакам ама на неа добро изгледа...некако не е мој вкус фустанов 8/10 Leona LewisЦрно класика...секогаш добро изгледа..не е лошо 9/10 Olivia Wilde Супер...и боја и фустан..фали накит ама добро е 10/10
Coco Rocha at Designer of the Year Award at the Petit Palais. - Не знам фустанов на што и личи , ни тие кломпи ли , мартинки ли .. што ли се ? 1/10 Erin McNaught arrives for the Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010- Ми се допаѓа комбинацијата , и фризурата . 10/10 Heidi Klum attends the 'Heidi Klum for New Balance' launch party - Вака како парчиња облека ок се , ама лошо комбинирани . Не знам на што и одговараат штиклите 2/10 Amber Rose arrives at the Louis Vuitton fashion show during Paris Fashion Week Spring/Summer 2011. - Фустанот ми изгледа како чаршав што го замоткала , штиклите розеви И тоа крзненцето зошто е 1/10 Dakota Fanning attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week - Оваа како да има 50 години , што не облекла нешто за нејзина возраст? 1/10 Alexa Chung attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week - Со ова фустанчево ми заличи на слугинка , а и тие чевлите 1/10 Rachel Bilson at the Cavalli anniversary party. - Ми се допаѓа фустанот и фризурата , а и ташната убаво се влопила 1/10 Alessandra Ambrosio attends Vogue 90th Anniversary Party - Многу добра комбинација ама може некое килце повеќе 10/10 Leona Lewis attended the amfAR party - Со косата како тажна врба ми е , има пари , можела да ја извитка А и фустанов не знам .. 5/10 Olivia Wilde arrives at the opening Gala and "Unmasking" - Не ми се допаѓа фустанот , ни косата , ни накит нема .1/10
Coco Rocha at Designer of the Year Award at the Petit Palais. Грдо,грдо,погрдо не можеше да биде 1/10 Erin McNaught arrives for the Australian Nickelodeon Kids' Choice Awards 2010 Прекрасно е... 10/10 Heidi Klum attends the 'Heidi Klum for New Balance' launch party Хајди,ват ју дан? 3/10 Amber Rose arrives at the Louis Vuitton fashion show during Paris Fashion Week Spring/Summer 2011. И така не ми е симпатична ама коа го видов фустанов и штиклите 1/10 Dakota Fanning attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week Што е со фустановв?? 1/10 Alexa Chung attends the Miu Miu Ready to Wear Spring/Summer 2011 show during Paris Fashion Week ОМГ,неможамм...1/10 Rachel Bilson at the Cavalli anniversary party. Да не беше со животински шари ќе си добиеше 10 ама вака 9/10 од мене Alessandra Ambrosio attends Vogue 90th Anniversary Party Убаво,ма да бојата на фустанот малце боде очи 7/10 Leona Lewis attended the amfAR party Убаво особено косата...Ех да можев да ја исправам вака 10/10 Olivia Wilde arrives at the opening Gala and "Unmasking" Ништо посебно 5/10
Coco Rocha - воопшто не ми се допаѓа, тоа на рамениците па на ништо не личи, многу е пренатрупано и фустанот ко да е голем, карминот воопшто не се усогласува 0/10 Erin McNaught - фустанот и комбинацијата е супер, но за матурантка! 5/10 Heidi Klum - фустанот ми се допаѓа многу, но што и требал елекот? Исто и чевлите не ми се совпаѓаат со целата комбинација 3/10 Amber Rose - фустанот и бојата на фустанот се доста интересни, но чевлите уништуваат се, не сфаќам каква врска има крзното во оваа летна комбинација, се вкупно е утка од мене 3ка само заради фустанот 3/10 Dakota Fanning - кожен розев фустан? првпат гледам нешто вакво и навистина е грдо, таква млада девојка-девојче облечена во овој ужас за очи... 0/10 Alexa Chung - вака ли на ред карпет? баш како што имаше спомнато како куќна помошничка, а пак чевлите = опинци. 0/10 Rachel Bilson - прекрасна комбинација, обожавам енимал принт во комбинација со црвено изгледа совршено, се надевам дека и чевлите и се црвени, фустанот е навистина прекрасен.. 10/10 Alessandra Ambrosio - она е преубава и шминката и фризурата и се топ, ама фустанот ми е многу кич, оправдување е тоа што е на забава со маски 4/10 Leona Lewis - едноставно и убаво, и фали само некоја голема огрлица за да блеска повеќе, и на ваква комбинација повеќе би одговарало косата да е во некоја пунџа. 8/10 Olivia Wilde - типичен фустан за гала вечер, ми се допаѓа и нејзината шминка и фризура 6/10
Coco Rocha Сакала да изгледа поинаку и пооригинално, но сепак ова не и испаднало така како што замислила...Карминот премногу дречлив, а и целава комбинација испаднала малку чудна... Оценка: 2/10 Erin McNaught Убав стајлинг, посебно ми се допаѓаат чевлите, и косата. Оценка:10/10 Heidi Klum Елеков воопшто не се вклопува во комбинацијава, убави чевли но не одговараат во оваа црно-бела комбинација...инаку косата да и била пуштена подобар изглед би имала. Оценка: 4/10 Amber Rose Ова преку рака обесеново навистина незнам што и значи...инаку фустанов ај некако пoминува...ама чевливе од кај ги најде розeви бее... Оценка: 2/10 Dakota Fanning Ептен забегано ми изгледа вака...ко во некое шише да е пикната...а и чевливе се аут.... Оценка:1/10 Alexa Chung Фустанчево не и е баш за на Fashion Week, а чевливе ... катастрофални. Оценка: 1/10 Rachel Bilson Интересен женствен сталјинг...би се согласила дека црвен кармин би ја направил оваа комбинација уште поубава Оценка:9/10 Alexandra Ambrossio Убава шминка и фризура, и интересни детаљи само мислам дека фустанов да беше во друга боја или пак да беше пократок подобро ќе изгледаше. Оценка: 7/10 Leona Lewis Виткана коса дефинитивно повеќе и одговара, вака ми изгледа многу постара. Фустанов не е нешто посебно...и фали малку накит. Оценка: 6/10 Olivia Wilde Фризурава...ужасна...шминкава некако ја прави постара...а за фустанов...незнам што да кажам...не ми се допаѓа баш... Оценка: 3/10