Не видов ваква тема па сакав да споделиме искуства, шо ви се имат на вас десно. Red flags на работно место, оглас за вработување или интервју. За мене red flag кога ќе речат дека се како една фамилија во фирмата. Ама не кажуваат дека фамилијата им е токсична. Моментот кога ќе слушнете ваква реченица треба да се разбуди Јусејн Болт во вас и никогаш да не се вратите на тоа место.
-Она кога го третираат интервјуто како еднонасочен разговор и се лутат ако поставиш прашање кое им е незгодно -2 интервјуа се сосема доволни за да процениш кандидат, ако бараат повеќе од тоа значи не ги бива -Преголема неформалност во односот од работодавачот, кога кандидатот е од спротивен пол -100+ applications на LinkedIn -Откажување на интервју од нивна страна -"ќе ве контактираме" и ги нема -AI интервју Ако ми текне на други ќе наведам оти ги имам искусено доста
даден оглас со две страни барања кои треба да ги исполнуваш а не наведува плата фирми кои спроведуваат европски интервјуа а нудат македонска плата контактирање за време на викенд или слободни денови повеќе од еден одговорен за работници со иста работна обврска недефиниран начин на работа и честа промена на работни обврски поставува прашање за време на интервју дали си женет/мажена
Ми текна на тој твитот, „ние на работа сме како фамилија“ *после 2 недели чичко ти пробува да те залапа* Мене ред флег ми е кога не кажуваат колкав буџет имаат за позицијата, тоа треба уште на прво интервју да го кажат.
А што мислите за интервју направено на 4 лица во исто време од работодавачот ,на кое тој само ги кажува условите за работа и на крај вика ќе биде известен тој кој ќе е одбран за работата,а како ќе одберат господ знае е и тоа го има
Во право се за фамилијата. Кога ќе размислиш ретко целосно нормални фамилии да има. Претежно некој е токсичен, ќе се искара со тебе и ред други работи карактеристични за едно семејство. Проблемот е кај нас што имаме создадено ,,погрешна" слика што всушност тоа значи. Иначе да дополнам, најголем ред флег ми е што не кажуваат која плата ја нудат, а тебе те прашуваат кои се твоите очекувања. Мислам океј, ако сакаш јас да сум транспарентна, биди и ти.
Кога ќе ме прашаат што очекуваш од нас? Очекувам и сум дојден да ми кажеш плата и услови а не глупости од типот ако бидам јас премиер сите ќе ги апсам бидеќи и вакво нешто имам слушнато..
Мене ми е ред флег ако отидеш на интервју и те прашат колку пари сакаш, ти кажеш и они ти викаат е нели бива за 300 евра помалку.Па што ме прашуваш тогаш пиши толкава и толкава шлата нудам ќе се пријави некој што сака толкава плата. Ред флег на работа ми е кога некој шеф постојано ја понпотенцира позицијата на друг шеф.И што повеќе шефови толку повеќе ред флегс.
Мене ми е ред флег кога за државно работно место позиција нишај врата земај плата ќе ти побараат партиски потписи и членска книшка.
Ред флег кога ќе видам оглас со флексибилно работно време и платена обука.Значи ќе работиш ко вол, и првитр три месеци без пари, обукснти на 30+ години.
@sj *O* леле и јас бев на вакво AI интервју. Колку сум се газела од смеење кога заврши. За тие што не сте биле, мене прв пат ми беше пред некој месец и затоа што поима немав како се одвива гледав видеа на YouTube. Ако сакате ќе го споделам линкот. Беше нешто во стил како да го поминеш AI интервјуто. Ама најважно било цело време да зјапате во камера, затоа што ако не гледате AI ќе рече дека читате од некаде. И сега почнува, прво AI ти поставува прашање. Имаш 30 секунди да размислиш и камерата те снима како го одговараш. И пишуваше дека без разлика на резултатите од AI, ,,a real human" ќе ги разгледа одговорите. Ќе ми постави прашање, јас ќе одговорам и AI ,,wonderful answer", ,,I love the way you think", ,,that is such a great example". Завршува интервјуто. ,,Доколку сакате да ги видите резултатите од вашето AI интервју, платете ни толку и толку" И пишав на таа што беше од HR. Ме гоустна, толку само ќе кажам.
Друг red flag кога ќе пишат во странски огласи дека даваат плата според тоа каде живее кандидатот, во која држава живее. Значи не даваат плата според тежината на работните задачи, туку според тоа колку други фирми даваат плата во таа држава кај што живее тој што аплицира, за тоа работно место.
И најјакото нешто што ми рекле за скопје конкретно ЌЕ БЕШЕ УБАВО ДА ИМАШЕ СТАН ВО СКОПЈЕ.. ами ако имав стан во Скопје немаше да ќе го издавав под кирија немаше да идам да работам..
Најубаво ќе беше да имам 2, двата ќе ги издавав.. а врв да имав 3, два ќе издавав во третиот ќе седев..