Се претставуваат како бугарска козметика, во нивното инфо на Фејсбук стои - *Најдобра парфимерија во град Скопје 2011 - 1во место *Најдобра парфимерија во град Скопје 2010 - 2ро место. Продукти им се парфеми, природна козметика, рачно изработени глицерински сапуни, соли, свеќи. Повеќето од вас, исто како мене ги знаат по точените парфеми, кои што се со прифатливи цени. Но, колку навистина продаваат природна козметика е тоа што најмногу ме интересира? (Тука би ја означила и @Biodevojka бидејќи ни е експерт за состојките. Сечиј друг коментар би бил добредојден). Нивни козметички серии: Vitamin C, HYALURONIC ACID, SNAIL PERFECTION, Snail & Rose perfection, Queen Rose, Youthful perfection 16+, Antistress, Pure Rose, Fruit collection, Јогурт и розово масло, Olive, Yogurt & Elderberry, Шеа/Карите, Gardenia & Rose, Himalayan Goji Berry, Refan Gold Collection, Sea Waves, Чајно Дрво, Sun Care Perfection, Provence Lavender, Soft Rose, Rose Touch, Oriental Rose, Мароканска Роза, Rosa Alba, A Rose from Bulgaria, Yogurt & Passion Fruit, Роза Дамасцена, Роза Сентифолија, Olive & Yoghurt, Диња и Кајсија, Pomegranate and Papaya, Pink Grapefriut, Wild Cherry, Passion Fruit, MEN PERFECTION Anti-pollution, Сина Орхидеја, Water Lily Series, Refan Temptation Blend fragrance collection. Какво искуство имате сите вие од овој бренд? Што имате употребувано, дали можеби имате омилен производ за препорака?
Јас сум користела од наливните парфеми и еден маслен парфем и ми се покажале добри за таа цена. А што се однесува до козметиката, пред некои 2-3 год. користев нешто како крема со чајно дрво, за масна кожа но колку што памтам ми ја исуши кожата а можеби и не го користев правилно.
Редовно им го манијачам сајтот, меѓутоа немам користено ништо од нивната препаративна козметика, а баш би сакала да пробам нешто. Не знам колку се снабдени, најчесто разгледувам во штандот што им е во Веро Центар. Ова ми се гледа интересно: Пилинг-сапун со сунѓер. И колекцијата за лице со екстракт од роза, како и оваа од Антистрес колекцијата: Ме нервира тоа што не им ги пишува цените, ќе беше добро да ги има наведено чисто за ориентација.
Сапунчињата со сунѓер им се супер. Порано користев дневен и ноќен крем од роза за чувствителна кожа (Queen Rose), беа предобри. Многу добар квалитет за таа цена. Не се сеќавам на составот, Био Девојка може тука да помогне ако најдете некои податоци. Само знам дека многу добро ми одговараа на чувствителна кожа. Ружината вода во метална амбалажа исто. Ја употребував како тоник и ми смируваше иритации. Одамна не сум налетала на козметикава, а би и' дала шанса повторно. А, и пилинг и путер за тело од јапонска цреша беа фантастични. Моменталната серија не им ја знам, сигурно вовеле ново а нешто од тоа што употребував сега нема.
Некои од нивните цени можат да се најдат на нивната фб страна. Исто така брзо враќаат и на инбокс Предупредување: Не почнувај со скролање таму, зошто ќе се заборавиш
Најдов. Па не им се скапи сетовите и општо продуктите. Крема за лице 300 и нешто, сет со три продукти околу 630... Плус во моментов гледам дека имаат некои попусти во Веро Центар, па ќе се прошетам. Ми треба тоник за лице, па може ќе си одберам нешто плус. Попустот им трае до 18.11.2018 колку што успеав да сфатам.
Точно, до тогаш им траел попустот, заради акциите кои ги има деновиве во цел Веро центар. Деновиве истражував за мицеларна вода, која ќе биде со природен состав и солидна цена. На крај Оливал победи, ама да ја имам за следен пат на ум и оваа. Случајно ми текна на козметикава и испадна дека имале мицеларна 250мл од маслинка и екстракт од сапунски орев (цената 180ден). Најбитното што ме интересираше е составот. Според codecheck и cosdna.com, не е баш најприроден. Успеав да најдам слика од позадината на мицеларната, каде што ги пишува состојките. Ако некој се разбира, нека ми подобјасни дали е во ред или неспоредлива со таа на Оливал
Драга лично не ги познавам по козметиката и никогаш не сум пробала ништо од оваа марка. Ако може декларации да ми постирате ќе ми помогнете многу (секако во соодветната тема за декларации). Поздравче
Вала на ок ми изгледа. Нема силикони и нафтени деривати, парабени и пег. Солидна декларација. @ванилала само што го видов и твојот пост. Мицеларнава е многу солидна ок е. Може на кодчек ти дало така поради фемоксиетанолот кој не е баш најприроден конзерванс иако мене не ми пречи затоа што е сигурен и одлично конзервира. Не е признаен од страна на органските сертификатори ама ете јас немам ништо против сепак не е штетен. Поздрав.