Resident Alien (2021)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 29 февруари 2024.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.644
    Пол:
    Женски
    Resident Alien е полн погодок за сите кои сакаат слатко да се изнасмеат и да уживаат во одлична комедија.

    [​IMG]

    Жанрот е драма/комедија со елементи на научна фантастика.

    А се работи за еден вонземјанец кој има мисија да ја уништи Земјата и целокупното човештво. По сплет на околности завршува во Пејшнс - едно мало гратче околу Колорадо. И тоа е тоа, мора некако да се втопи и да се вклопи, сè со цел поуспешно да си ја спроведе мисијата и да нè истреби сите до последен.
    Но...хммм, баш му се интересни луѓето, што би се рекло - секој си е свој случај за набљудување. :D

    Серијата не е нова, во тек е третата сезона и денес имаше нова епизода па се инспирирав да отворам тема. :D
    Jа препорачувам доколку сакате нешто лабаво, но во исто време и топло, со одличен, врвен хумор. Баш ми е фина за следење и би сакала да има тема. Можеби ќе ја видат повеќе луѓе и ќе се приклучат на муабет.

    Ако има некој што ја гледа, нека се јави со коментари. А еве и препорака за сите кои не ја гледале досега. Дајте ѝ шанса на серијава. :~:
     
    На staycalm и RainBow им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Штета е што серијава не е попозната.
    Страаааашно добар хумор има, сите ликови имаат нешто свое уникатно, Alan Tudyk е полн погодок за улогава, секоја чест.

    Ја почнав сега третата сезона, таман не морав да чекам по завршување на втората. :D

    Toпла препорака ако сакате нешто необично, со голема доза на хумор, но и со многу емоции.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    45.175
    Пол:
    Женски
    Јас прва ја гледав уште одамна кога излезе, некни случајно видов дека ја има на Нетфликс и ми текна дека не спуштив нови сезони, отворам гледам има плус две нови и се израдував, е сега ги спуштив ама уште да иам време да ги гледам.;( Ја изгледав прва пак дека е на нетфликс полесно да пуштам, ама за другите да ги префрлам на тв уште не најдов време.


    Како и да е, многу јака серија, стварно е оригинална и сите ликови се интересни на свој начин. Уживанција.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.644
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледав од самите почетоци серијава, тука на форумов некој ја препорача па така всушност дојдов до неа. Пораснал и рејтингот, што баш ме радува. :inlove:
    Видов дека ја ставиле првата сезона на Нетфликс, па затоа и темава. Баш мислам дека вреди да се актуелизира малку серијава зашто никој во моја околина не ја пофалил, а е стварно одлична.
    И скроз уникатна со тема, за хуморот да не зборам.

    Алан е одличен избор за улогата на вонземјанецот, се согласувам и јас. И мислам дека тоа му е убедливо најдобрата улога досега. Скроз е погоден. Доволно е да му ја видам фацијалната експресија во некоја ситуација и се смеам на глас. :D
     
    На staycalm, RainBow и 1209 им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Финалето беше одлично, ама преееебрзо заврши сезоната.
    Bullshit:D
    Пресмешно беше сите кога се бркаа по бродот. И воопшто не го очекував крајот, иако беше чудно како направија пресек и мислев нешто сум пропуштила.
    Којзнае колку ќе се чека за следна сезона сега.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.644
    Пол:
    Женски
    Дури сега ги изгледав последните 3-4 епизоди сосе финалето. Искрено немам идеја во која насока би се движела следната сезона, стварно ме фати неспремна крајов. :D
    Ништо сега, чекаме...:o: