Форумџика на годината

Rituals

Дискусија во 'Тело' започната од Sucubus, 14 ноември 2023.

  1. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Rituals е холандски бренд формиран 2000 год, со спој на производи за дом и тело.
    Нагласен е како луксузен бренд на производи.
    Сега последниов период е пуштена линија за нега на лице исто така.
    Што мислите за нивните производи?
    Јас лично најмногу ги сакам боди кремовите, го обожавам луксузниот мирис што го имаат.
    Исто имам свеќи кои преубаво ми мирисаат исто така.
    Последно зедов од хидратантните креми за лице, кои ми изгледаа добро ( но @Biodevojka со кремовите не знам колку би се согласила, кажа дека имаат и силикон).
    Гледав дека има перничиња и бањарки кои ги меркам исто така.

    Сепак цените се доста скапички.

    Не најдов тема , ако е дупла може да оди во канта.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
  3. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Јас најдов во една аптека во Охрид, но нема се.
    Мислам дека беше Мери Фарм.
     
    На Кена Рис и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.095
    Тема како за мене :D Ги обожавам производите на Rituals, значи секоја колекција им е врв.
    Мислам дека омилена ми е розевата Rituals of Sakura моментално, ама сега дека зима ја користам црвената Rituals of Ayurveda дека е појак мирисот. И оваa сега лимитираната што ја имаат The Legend of the Dragon е сооовршена, ама не успеав ништо да купам дека месецов ја купив пак црвената, а скапи ми се за да купам повеќе работи истовремено :(
    Скработ од црвената колекција некогаш го користам и за лице :worried: иако знам дека е наменет за тело.

    @Sucubus пишува дека се од 94% natural origin. Не се разбирам многу од состави, сепак нека каже некој поискусен.
     
  5. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    IMG_2122.jpeg Ова е делче од моето царство. Најмногу ми се допаѓаат белиот и црвениот сет. Сега и новиот т леџенд оф т Драгон го обожавам.
    Кремите за лице не се лоши.
    И ја купив најголемата свеќа што немам срце да ја запалам. :inlove:
    Некако станав опседната со брендов, и се нешто купувам кога и одам на патување. Сега викендов се думам што да купам, но веројатно ќе бидат креми за тело, можеби уште една од т леџенд.
    А за состојки и јас не се разбирам, но чат пат ја следам @Biodevojka, таа веројатно е едуцирана во таа насока и пратив слики во темата за декларации на производи.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.095
    Уф кај што ја гледам сликава само срце ми се наполна :inlove::D
    Земи си нешто од жолтиот сет да те потсетува на лето малку. Јас го чекам во секој момент да ми стигне жолтиот серум за коса, каков е милина :sun: пуста носталгија за сонце…
    Макар што, чим одиш во странство најубаво да си земеш адвент календар од Rituals, многу убави продукти има внатре и реално исплатливо е. Ко ќе собереш колку пари би дала за одвоено да ги купиш тие сите работи ни 300€ не те спашаваат.

    А за свеќите, no comment- откако ќе ги купам ги чувам на работа на биро некое време, дека таму е забрането да се палат свеќи и као демек ги чувам за нови :rofl:

    Уште еднаш да се едитирам, штом пазариш често спушти си ја апликацијата Rituals- на секој шопинг над 35€ имаш гратис некое поклонче од нив со тој кодот што ќе го добиеш во апликацијата. Има картичка за купувачи внатре и на каса само им ја отвораш да ти ја скенираат.
     
    Последна измена: 15 ноември 2023
    На Sucubus му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Јас Шведска последно кога бев станав член, и сега имам попусти и гратис производи.
    Кога ја купив свеќата, зашто бев прва што ја купува ми дадоа од сетовите, и јас ја зедов машката колекција.
    Имаат преубав мирис, трае и се шири. Специфичен е мирисот, погоден за со дечко :D
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.961
    Допаѓања:
    81.294
    Пол:
    Женски
    Скработ Rituals of Sakura ми беше прекрасен. :inlove:

    Ги ѕирнав овие аптекиве што ги спомнале девојчињава погоре, ама ни сајт имаат, ништо подетално. Иако мислам дека во оваа Бета Фармација на Рузвелтова, на минување од таму ко да приметив кутии Rituals по полиците. Да не се фејк?
     
    На Кена Рис и Sucubus им се допаѓа ова.
  9. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.095
    И други ми имаат спомнато дека ги имало во Мери фарм во Охрид, за други места стварно не знам. И за Охрид дури не сум сигурна, не сум била долго таму за да видам, а и немам кого да прашам. Можда има некоја девојка од Охрид на форумот да потврди.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    5.888
    мирисот не им траи,кај мене -_-
     
  11. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.095
    Дали сте користеле некој од серумите за коса? Јас конкретно овој, ставам секој ден на врвовите само дека косата ми е склона кон мрсење. Мирис преубав, нежен- коса свети, мека како свила :inlove: И плус долго трае, бидејќи е густо и само една капка ми треба за мојава слаба коса.
    IMG_5922.jpeg
     
    На Sucubus му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Не знам за кај нас, секогаш ги купувам од нивна продавница. Но и кај нас цените се исти како низ ЕУ, тоа барем го приметив.
    Исто ми се допаѓаат и мирисалките за простор, и тие се долготрајни ( поготово во мали простории, канцеларии) ептен се заприметливи на самото влегување во просторијата.
     
  13. Sugamama11

    Sugamama11 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Веќе 3 години редовно ги користам и тоа Rituals of Sakura ми се најомилени, уствари сакам сѐ што мириса на Cherry Blossom. Последно начекав во една нивна продавница имаше од кремата за тело - една крема + дополнување од 200 мл за 20 евра, фактички 2 креми од по 200 мл за 20е. Во некоја од темите тука имам пишувано за балзам за усни кој ми е најомилен од сите балзами ever, има некоја нота на еукалиптус, уста ми нема испукано од ко го земав и ми изгледаат полни ради благото пецкање од еукалиптусот! Секогаш кога патувам купувам, а ако некој патува обавезно порачувам да ми донесат ако нешто ми фали!

    [​IMG]
     
    На Кена Рис и Sucubus им се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    И јас сум вљубеник во Rituals, но пред 3 години почна да ми се активира дерматитот и од тогаш не сум ги зела, сега ме закачивте да си ги побарам пак :inlove:.

    Фаворит на мирис ми е happy buddha, сум користела само козметика, мириси за дома не.
    А пилингот... такво совршенство друго немам најдено :D.

    Мислам дека ги имаше и кај нас во некоја аптека од пред некоја година, јас обично од надвор ги земав, во сефора сум наоѓала и мини сетчиња со супер цена.
     
  15. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    Нивните производи можете да ги најдете во duty free во Гевгелија 216664116_5785232078218610_3353791491210892440_n.png
     
    На KittyAgnes, Кена Рис и Sucubus им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Rituals i стапчињата за дома ми се в-р-в.
     
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    2.943
    Многу скапа колекција... Земав едно за туширање и, искрено, ништо посебно. Не сфаќам во што се толку посебни?
     
  18. AlphaCat

    AlphaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Карши Правда кафичот, помеѓу coffee factory и книжарница три има една продавница пишува неколку бренда од кои и Rituals ги има. Дали некој има забележано? Мислам дека ги држат нивните производи.

    Исто така овде имаат достапни продукти https://viafarm.mk/search?query=rituals
     
    Последна измена од модератор: 15 февруари 2024
  19. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Ова ми личи како некоја секта со ритуали, ритуални свеќи, па да не кажам па ритуални работи за телото и организмот. Како во тие продавници да ги држи некоја организација така наречена секта. И така има некои 50 во Скопје кои се кријат. А нивните производи навистина се ритуални, повеќето луѓе ги купуваат и убаво мирисаат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AlphaCat

    AlphaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    @fotka ќе излажам ако кажам дека не сум помислила на ова и јас :|
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.