Дали ја гледате серијава? Ја даваат на Нетфликс, мислам дека до сега има некои шест епизоди, а наредните треба допрва да ги дадат. Јас искрено се заразив со серијава. Се работи за средношколци кои живеат во местото Riverdale. Навидум се изгледа исто како и секоја друга серија, но она што ме заинтрегира е убиството на тинејџерот Џејсон, брат-близнак на Шерил. Приказната е залеткана до бескрај. Секој од тинејџерите, па и нивните родители имаат мотив за можното убиство врз Џејсон. Но, кој е убиецот? Дали гневната Бети чија сестра била со убиениот Џејсон, или пак родителите кои исто така биле против нивната врска? Или пак писателот Џекхед? Или пак Арчи, најпопуларниот средношколец? Серијата е направена според Archie Comics. И според мене, ова е едно од подобрите новитети на Нетфликс. Повеќе за серијата: http://www.imdb.com/title/tt5420376/ https://en.wikipedia.org/wiki/Riverdale_(2017_TV_series)
Мене ми беше многу глупава, едноставна и навина реализацијата. Затоа ја оставив по прва епизода. Детско.
Еј баш сакав да отворам тема за серијава,ама таман сеа да прокоментирам Јас си сакам вакви серии и си ја загледав. До шеста епизода сум, сега баш ќе ја пуштам. Него има огромна теорија на каде би можела да тера серијава. Ќе ја ставам во спојлер. Спојлер Се претпоставува дека можеби Jason станал зомби. Е сега има доста докази што би ја поткрепиле теоријава. Jason е убиен со куршум во челото, а се верува дека тоа е единствениот начин да се убие зомби. Шерил има сон со Џејсон каде што тој наликува на зомби, што можеби ни претскажува што ќе се случува понатаму, плус Шерил постојано повторуваше дека Џејсон требало да се врати. (as a living dead maybe?) Scouts-от вежбаат да пукаат со пушка и нивниот водач му кажа на Jughead дека тоа би им дошло многу корисно со оглед на тоа како се развиваат настаните во градот. И една од најважните работи е дека има комик кој се вика Afterlife with Archie, на кој е базирана серијава, така што не би било изненадување. Во комикот Сабрина пробува да го врати назад мртовото куче на Jughead кое станува зомби и го каснува Jughead и го инфицира, и така започнува да се шири епидемијата. Плус во серијава дефинитивно ќе се појави и Sabrina the witch па претпоставуам ќе затера накај некои supernatural моменти. Инаку се осеќам ко тинејџерка некоја ама Jughead ми е ептен cute И ги шипнувам со Бети.
Лелееее ќути... Хахха... Сите епизоди ги гледав у една вечер. Ок. Не сум нормална Баш си одговараат со Бети, и боље е од Арчи. Како можеше да отиде со онаа педофилканааа...
И јас се заразив. Ама многу се заразив Ептен ми е интересна, плус самата приказна со убиството на Џејсон, сите сплетки што полека почнаа да се откриваат ми ја прави уште поинтересна. Сите ликови ми се одлични, Бети, Арчи, Вероника и Џагхед ми се феноменално претставени и тешко ми е да одвојам омилен лик, ама еве Џагхед зашто ми е многу лабав тип, саркастичен и плус Кол многу го сакам Иии Вероника, дрска, директна исто ми е омилена. Шерил супер негативец, секогаш знае да ги искомплицира работите и си тера по свое. А за родителиве немам збор, кој од кој полоши Единствени нормални се Фред и Хермајони. Алис ми е многу одвратна, таа тортура што и ја врши на Бети, тој притисок навистина е претеризам. Спојлер А во однос на приказнава, не ми се свиѓаше Гранди и мило ми е што навреме ја тргнаа иако имам некое чувство дека ќе се врати и дека не е баш така наивна како што се прави. Претпоставував дека Поли е бремена, и мислам дека Алис или татко и на Бети некој од нив двајца го има убиено Џејсон да не избегаат со Поли, зашто и двајцата се контролирачки психопати. Иии конечно Бети и Џагии, преубав пар ми се, многу поубав него ли Арчи и Бети, Арчи повеќе хемија ми има со Вероника, ама баш сега најдоа да ги спојат со Валери. Вероника сирота. И песните од Џоузи анд тхе пусикетс ми се врвни, ептен добри кавери прават, цела недела на рипит ми беа.
@Tiki-lolipop педофилката, многу одвратна беше. Личи на бившата од дечко ми. Ххахахаха... Фала богу, нека не ја враќаат Гранди
Ја изгледав 6-тата епизода и ааааааааааааааааааааааааааааа Спојлер Конечно Jughead & Betty. Најсладок пар жими се! Инаку ептен очекувано ми беше тоа дека нешто ќе се случи со доказите во колата, клише момент али ајде. Инаку и мене ме нервираат родителиве, али во Америка навистина голем дел од нив се вакви, па реално е. Еве промо за наредната епизода, треба да е интересна.
И ја се надевам дека не е.. Ќе ја утепа смислата на серијата... Уште еден ден до новата епизода!!! Јеиии
Искрено некако многу е спора серијата, има премногу досадни моменти кои дури можам и да ги преспијам )))))))) и ништо да не испуштам. Ама добро, тек сега почнав, моментално сум до половина од втората епизода. Може нешто ќе се смени ====). А тоа со зомбито ако се деси - стварно ќе се каам шо воопшто сум почнал да ја глеам .
Што јупи, ти вчера ли дозна? Па датумите за секоја епизода одделно речиси за секоја серија се знаат многу однапред...
Спојлер Дали има девојка во серијава не сметајќи ги мајкиве со која Арчи не се сплетка? И како ги преболува алал да му е, секоја епизода различна. Не сериозно Арчи е ептен наивен. Прост, глупав лик. Разбирам дете од 10 год да сакаш да го излажеш па лижавче ќе му купиш, а не овие една гитара му купија и готово им поверува во искрените намери. И Бласам фамилијава се серозно психопати. Многу ми се крипи сите,почнувајќи од бабата. И Шерил спрема нешто, осеќам ќе биде нешто со Поли и бебето.
Спојлер Сега Вероника дојде на ред. Не сериозно немаше потреба да го спојуваат со Валери, туку можеа да ја градат врската меѓу него и Вероника, а не вака на неколку епизоди при крај, ама најверојатно сакаат да продолжат наредната сезона, барем се надевам зашто уште од почеток имаше огроомна хемија меѓу нив двајца. Колку ми беше емотивна сцената меѓу Џаги и Бети на крајот кога дури и капата ја извади и кога и ги призна сите стравови, а и Бети исто. Знам дека е тинејџерска серија ама ептен добро и многу реално ги прикажуваат врските. И ми се свиѓа што секоја епизода придонесува за нечиј карактер или ете врска. Малку ми беше cringy dance-off от меѓу Вероника и Шерил..ама како сите и го свртеа грбот на Шерил, никој не ја поднесува. Инаку прочитав еден спојлер, имало leaked цела сцена ама не можам да ја најдам дека некој ќе го убиел овој Хоакин, дечково на Кевин.
Не кажав шо напрајв со серијава. Нели ја почнав, и еве сега неколку недели и нова епизода за епизода си гледам. На почеток ми беше малку досадна, ама сега почнав со душа да чекам за нова епизода. Немам омилен лик, ама имам неколку ликови кои не ги сакам, и една личност која не ја поднесувам. Ќе почнам од личноста која не ми се допаѓа, а тоа е мајка и на Бети - Алис. Не ми се допаѓа колку е нападна, психотична, арогантна, и нели the neighborhood watch. Не ја сакам од првиот момент кога се појавува. Спојлер: Alice Cooper Нели кога се плачеше дека Џејсон умрел, пред да го најдат телото кога промрмори дека не ни сака да испадни дека е жив туку дека сака да го најдат телото за да знај дека е умрен. Не ми се допаѓа како се однесува кон Бети, каде ја испрати Поли, не ми се допаѓа кога го најдоа телото какви статии пишуваше и не ми се допаѓа како ги прелеваше информациите од аутопсијата. Не велам дека таткото на Бети е цвеќе за мирисање, реално, испадна поголем идиот од неа, ама е некако пасивен лик. Има три реченици цела сезона, додека Алис е многу активна. Следно морам да го искоментирам Арчи. Кога му кажав на дечко ми дека има џинџр што е атрактивен и сите го сакаат, и негови „успеси“ на љубовно поле, ми рече дека серијата фан фикција. Реално, јас имам слабост кон џинџери и морам да кажам дека на почеток ми беше симпатичен едино ради таа негова карактеристика додека навистина ... многу е наивно детево. Спојлер: Archie Andrews Кај него не ми се допаѓа како беше со професорката. Кога влегуваш во нешто - влегуваш цел и почитуваш договорот кој сте го имале, а во многу наврати тој не го почитуваше договорот за разговор на јавни места во врска со неа. Беше целосно несвесен дека Бети го сака, или пак дека Вероника е пријателка на Бети, а секогаш имале хемија. Реално ми се допаѓаат како пар. Па после мачето, која беше премногу симпатична ама не ѝ обврнуваше внимание, за Блосомс да го купат со гитара дур се сети откако заплеска се. Лик кој го поднесувам е Шерил. Искрено зошто во неа гледам искреност, недоверба и малку љубов. Мислам дека е напатена, дека неможи да верува на луѓе, па дури и ми дава впечаток дека било извршувано било какво насилство врз неа. Спојлер: Cheryl Blossom Мислам и самата кажа кога држеше говор за брат ѝ дека се правел да не се почувстува несакана и верувам дека стигнала до заклучок да користи позицијата на богата девојка кој можи уз страв да добие барем малку внимание зошто само тоа ѝ остана. Од таму мислам дека љубовта кон брат ѝ беше најискрена, но и не би била изненадена дека можеби го сакала и на поинаков начин од онај обичниот. Ова ме тера да мислам, не зошто Вероника го рече во последната епизода туку зошто почна да биди блиска со Арчи, а Арчи е џинџр кој личи на Џејсон, до негде, дури и мајка ѝ го забележала тоа, а не зошто ја одбранил со тоа што кажал за куршумот и таквите работи. Спојлер: Омилен момент Спојлер: Кој мислам дека е убиецот Во најмала рака кој мислам дека го извршил чинот на убиство, можеби нарачателот е некој друг. Накратко, не ми е во омилените серии, но е доста подобра од други кои сум ги гледала периодов. Воглавно, ликовите не ми се премногу likeable и тоа секогаш ми е работа која не ми се допаѓа кај серија. Од друга страна приказната е интересна и искрено чекам да видам како ќе се одвива приказната, а не како ќе бидат и како ќе се снајдат во неа ликовите.
Мене ми е гилти плежр, не лажам коа викам дека во паралелен универузм сум приглупа плавуша со многу пари и преслободно време. Не и давам поише од две сезони. Преглупа е и лошичко глумат. Бети ми е патетична. Вероника е клише над клишеата. Можеле малку покреативни со улогата, класична размазена богаташица која коа ќе ги нема парите и љуботна на тато станува бунтовна. Приказнава со близнаците е језивка и тотално ми личи на инцестоидна али ќе видиме. Лабава е и топ за лабавење мозок. Иначе поише од 5/10 не и следува.
Мене, пак, можам слободно да речам дека ми е една од нај омилените серии (земајќи во предвид дека гледам над 20 серии). Jughead ми е нај сонце лик што постои, како глумецот така и ликот кој го глуми. За останатите ликови немам нешто посебно да кажам, за покето сум неутрална, а за родителите на Betty и на Cheryl имам голема омраза, нивното однесување како родители е апсолутно неприфатливо. Ликовите со кои се сочувствувам најмногу се најпрво Jughead бидејќи е многу чуден почнувајќи од однесување па се до облека, а и има прилично тежок живот, особено за тинејџер. Други ликови со кои се сочувствувам се Betty, Polly и Cheryl, главно поради нивните родители. Како што спомнав, родителите ми се премногу одвратни во нивното однесување, особено спрема нивните деца, како некој родител има срце тоа да го направи на своето дете навистина неможам да разберам.
Што мислите кој е убиецот? Спојлер Наредна епизода дефинитивно ќе покажат. Татко му на Џагхед не е, очигледно е дека е наместено со оглед на тоа што Вероника и Арчи не најдоа ништо. Ама мислам дека има некоја поврзаност зашто ако се сеќавате нели јакната на Џејсон беше кај него во плакар. Мислам дека некој му плати тогаш да ја запали колата. Моја претпоставка е некој од фамилијава Бласам. Или татко му, ептен ми е психопат ликот, плус беа против врската со Поли и Џејсон не сакаше да има никаква врска со неговава фамилија и со бизнисот, сакаа да си отидат од Ривердејл, и според муабетот оваа епизода како Џејсон бил слабак и не заслужувал сето тоа што му го обезбедиле, мислам дека татко му можно е да го убил. Или Шерил, не знам зашто ама уште од почеток дури и трајлерот кога излезе многу ми беа језиви, она инцестоидно језиви, па ништо чудно од љубомора и страв да не ја остави да го убие. Според промото за наредна епизода, кога го гледаат видеото, дефинитивно не се Арчи, Бети, Џагхед и Кевин. Друг не знам кој би можел да има мотив, освен родителиве. Најверојатно го што прочитав ќе има уште едно убиство на крајов , па дејство пак ќе се одвива околу тоа другата сезона.