1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Riverdale vs 13 Reasons Why

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LitttleRNBPrincess, 16 август 2018.

?

Која е подобра?

  1. Riverdale

    6 глас(а)
    42,9%
  2. 13 Reasons Why

    8 глас(а)
    57,1%
  1. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава, и планирам да правам со различни серии. Која е подобра според вас и зошто, ваше мислење? И ќе има да гласате ќе стои 7 дена.

    Еве прво започнувам со:

    maxresdefault.jpg

    Фан сум на двете серии, ама најдобра ми е Riverdale. Што мислите според вас, ваше мислење? :D
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Тешка одлука земајќи во предвид дека втората сезона од двете серии направија да ми се одмилат. Ама прва сезона од 13 reasons why беше далеку подобра од втората од аспект на што уживав да гледам повеќе, а и воедно од орвата и втората сезона на другата серија.
    Riverdale има океј ликови, доволно обработени, пробва да има некоја мистерија и заплет, ама во глобала ми е meh. Приказната не ми е доволно интересна и ме потсеќа како Pretty Little Liars/ Gossip Girl заплет и тек. Фрли коска, кога не можиш да дајш цел оброк, немој да оставиш гладни фанови. Сепак имаат интересна замисла со тоа шо за време на серијата актерите твиткаат и одговараат прашања за серијата, позитивен маркетинг.
    Како и да е, 13 reasons why обработва контроверзна тема, на према мене, грешен начин, ама сепак е попристапна зошто пробвам да ја гледам од аспект на ранливо тинејџерско дете, и мижам на некои нелогичности и од тој аспект гласам за 13 Reasons Why, и тоа само за прва сезона. Од двете серии се обидувам да заборам дека има втора.
     
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Riverdale ми е overrated серија. И првата и втората сезона ми имаат глупа тематика. Замижувам на оцената на IMDb, бидејќи 7.6 е премногу. Некои настани ми немаат смисла. Во втората сезона требаше да биде подобро претставено влегувањето на Jughead во Serpents, имам и други забелешки, ама да не навлегувам толку детално.

    Гласав за 13 Reasons Why, бидејќи со серијата може нешто да се научи. Ликовите ми се добро обработени. Замерка за втората сезона имам. Многу се "влечкаа" со судењето, а крајот премногу го избрзаа. Претставувањето на Hannah во втората сезона ми беше непотребно (не се враќа во третата сезона) но одењето во рајот ми беше целина. Повеќе внимание ми задржа серијата од Riverdale. Првата сезона беше далеку подобра. Втората сезона беше лоша, ама пак можеше некако да задржи внимание. Посебно ја сакам серијата бидејќи има помогнато на многу луѓе низ светот да ја кажат својата приказна јавно.

    13 Reasons Why ми е серија која можат да ја гледаат родители и тинејџери. А Riverdale мислам дека ниеден родител не би ја гледал, затоа голем + за 13 Reasons Why.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.