Riverdale VS Pretty Little Liars

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LitttleRNBPrincess, 8 септември 2018.

?

Која е подобра?

  1. Riverdale

    7 глас(а)
    24,1%
  2. Pretty Little Liars

    22 глас(а)
    75,9%
  1. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Следно е:

    Pretty-Little-Liars-VS-Rive-1170x700.jpg

    Тешка одлука.. Двете серии се одлични, неможам да се одлучам. Ама ај ќе дадам плус за Riverdale, дека е понова серијава и доста е возбудена и мистериозна како другава.
    Што мислите вие? :D
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    18.753
    Пол:
    Женски
    И двете серии ги имам изгледано.
    И двете ми беа интересни, PLL дури два пати ја имам изгледано, така што мојот глас оди за PLL.
    Сите 7 сезони ми беа интересни и содржајни.
     
    На LitttleRNBPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Исто така и јас и двете ги имам гледано. Интересни се, но мојот глас оди за ПЛЛ.
     
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Сакам да дадам предлог, затоа ќе пишам.
    Сметам дека нема потреба за секоја анкета да се отвара нова тема, туку истото може да се спроведува неделно како што е случајот со музичките артисти/групи.

     
    На sweet-cherry, Mishela, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.424
    Голем напредок за човештвото! Ќе дознаеме која серија е подобра :)))))))))))))))))))))))
     
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    110.047
    Прво морам да се согласам со овај предлог, и да предложам мој.
    Да треба да пишиме и зошто ни се допаѓа таа серија, вака ептен е суво само кажваме која, кратко зошто и пак ништо. Сериите се толку опширни, толку многу фаќат и мислам дека стварно можи многу да се напиши на прашање „зошто“, и да се напрај мала анализа. Дур и во темата за песни има такво нешто, а за серија можи мнооогу поќе.

    Од таму, гласам за Pretty Little Liars. Riverdale ми изгледа како бледа копија на првата серија, пробваа да бидат како неа. Првата имаше многу предвидливи сплетки, ама ужасен крај. У.Ж.А.С.Е.Н. крај, но сепак мојот глас оди за неа, сепак кога ја почнав беше стварно интересна и ретка серија од таков вид и од кога стекна популарност мислам дека и таквите серии воопшто стекнаа на популарност.
    Riverdale ми е ептен ... како да го поставам ова, нова. Уште ''excuse me for breathing'' да стават, иако ја сфаќам потребата за серија која е од овој тип и во допир со моменталните трендови, едноставно не е my cup of tea. Морам да признам дека и на благ момент на средина на втора сезона се думав дали сакам да ја прекинам. Како и да е, паметно би им било да не ја прат грешката од PLL, да разрешват и да отварат нови проблеми, зошто PLL направи голема утка и таму. Толку многу сезони посвети на едно исто нешто. Не фрлаше ни коски кон гледачите.
    Следно, грешка која ја правеше PLL е да постави човек кој најмалку се очекува, кој не е воопшто изработен, истата грешка ја прави и Riverdale. Некогаш не е се во plot twist, еден ден на луѓето ќе им се смачи да прават теории зошто знаат дека тоа што е прикажано не важи ништо, туку ќе биди нешто „неочекувано“.
     
    На tace73 и boo3 им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    17.179
    Пол:
    Женски
    И двете ги изгледав. PLL беше меѓу првите серии од овој тип, и на почетокот бев опседната, не можев да престанам да ја гледам, имаше плот твистс и се, ама после толку многу сезони ја уништија. Кај Ривердејл, се гледа апла дека не е ништо ново и креативно, и уште на втората сезона ми се здосади и почнаа со многу, многу глупави моменти. Можеби па дека и сум постара сега па не ми е толку интересно, PLL почнав да ја гледам во ептен тинејџерските години. Енивеј, сепак мојот глас отиде кај PLL.

    И јас сум за овие споредби да се прават во една тема.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да ги направам во една тема и да бидат повеќе како гтупи да ги поделев пример: адвоктаски, медицинско, но незнам како. Нова сум во ова на правење теми.
     
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    17.179
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е модератор на овој дел од форумов, би требало они да можат да ги средат овие работи и да ги менуваат анкетите. Еве ќе ја тагнам @RainBow ако може да посочи кон модераторот за овој дел на форумот, за да не се прават различни теми.
     
    На LitttleRNBPrincess му/ѝ се допаѓа ова.