Ајде да видиме девојки.. На едниот форум нешто не разработи мн мн темава да видиме дали некого овде го интересира?! Рум арт може да бидат тапети, големи или повеќе слики една до друга или пак може да е цртано.. Мене највеќе ме привлекува цртаното, уникатно е, совршено.. Кога ќе си ја дотеруваме спалната со дечко ми се договоривме да стајме нешто на зид пошто и он сака.. Ако не спална, дневна.. било што само убаво да е. Има искусни или заинтересирани?! Имам уште многу ама од телефон не идат сите
Барав јас ама ништо не излегуваше. Преместете не е проблем That's what I'm talking about man.. Многу е јако. Е вакво нешто сакаме и мислам дека е цртано.. Или нешто налик налепница е? Имаш некоја информација во врска со ова како оди колку е квалитетно?! Фала ќе си ги спуштам сликите в тел и ќе имам во предвид ко ќе дојде време.. А за скоро ќе дојде така даа..
Јас пред две недели го купив ова. Сèуште го немам ставено на ѕид, ама вака на слика убаво ми изгледа. Треба и слики да извадам.
Па јас дома у сите соби иам налепници Убаво ми изгледа. Сакав цртано, поубаво е, ама понепрактично според мене. Нели на 2-3 години се пребојуваат ѕидовите, па тоа ако е боено, не можеш врз него, ај ако е цел ѕид не мора да го боиш него, ама ако е дел од ѕидот малце потешко. Или после секое пребојување нов цртеж да праиш. А низ налепници се пребојува, потоа само ке го избришеш поликолорот од нив и решен проблем. Ги немам сликано моите али еве некои од нет шо ми се свиѓаат.
Леле јас нема никогаш да се одлучам.. Сѐ е прекрасно, совршено Блазе вас, алал вера на сите што имате вакви работи.. Сигурно сте страствени луѓе
Интересна тема. Обожувам да декорирам, тоа ми претставува задоволство. Една соба без малкѕ room art би ми била здодевна. Како и да е да е едноставно но убаво и со вкус, да не е многу кич Ова ми се допаѓа
Мене многу ми се допаѓаат оние со букви налепниците, за некоја поговорка, или дефиниција на некој збор. Спојлер Во мојата соба обоивме еден ѕид бордо и на него ќе ја залепам оваа: You may say I'm a dreamer, but I'm not the only one. Прекрасна ми е песната и во потпис ја имам. И сега демек double meaning, ем dreamer за подобро утре, ем за спиење Само што нема да ги нарачам буквите, туку ќе ги испечатам и јас ќе ги залепам со селотејп. А ѕидот до него е бел, и на него ќе закачам 2-3 слики кои јас ќе ги насликам, во кои ќе преовладува темноцрвена боја, како другиот ѕид. Ќе поставам слика кога ќе биде тоа готово.
Ете и ај да те видам одлучи се.. Ааамаан.. хахах Во спална ми е најсекси. Тетка ми ја ренпвирала сплната.. тапетата позади... ооох.. умрев јас. Мора мора да налепам тапети А дали некој знае, слушнав дека кај нас, Македонија можеш да кажеш точно каква слика сакаш и да ти ја направат баш таа,? Дали е ова вистина и ако е кај може да се најде?
Колку е штетно цртаното колку не? Може ли да се олупи и да распадне сето тоа? Мнене тоа ме плаши... А да ти платам јас да дојдеш да ми нацрташ??
Предходниот ѕид ми беше жолт и си имав исто така нацртано пеперутка и на другиот машко и девојче, и тие и овие ми се боени со темперни боици.. Кога го варосував ѕидот (плав и црвен) минатите цртежи на жолтиот ѕид без проблем се покријаа без да ги бришам, а ни ѕидот ни цртежите немаат гајле ни од лупење ни од распаѓање, вака си стојат дури не ги варосаш а за цртање нема проблем, со задоволство ќе ти нацртам