Moжеби брендов и не е така нов, ама ми привлекоа внимание некои работи за коса па си реков зошто да не имаме и посебна тема за Rossen. Често се протнуваат прашања за одредени продукти од Rossen, а и доста од членките споделуваат дека купиле по нешто, па еве место каде што ќе може да се споделат сите импресии за нивните производи за нега на коса. Eве што тие велат за својот бренд: Спојлер Искрено, текстот од сајтот ми е ко изваден од Гугл транслејт па затоа го ставам во спојлер. Најголемо внимание ми привлече hair infusion серумот. Се мислев да му дадам шанса, ама сè некако се двоумам и никако да го купам. Пишете дали сте користеле нешто од Rossen и споделете впечатоци.
Да го споделам нашето искуство со Rossen (пишав во друга тема). Quatro сетот на Rossen. На мм почна да му расте коса и каде што немаше (мислеше дека има генетска алопеција, нема шампон, маска или серум што не ги пробал). Уште на 2 недела почна да се забележува раст на коса. Скалпот му беше со рани од еден шампон, со сетот се се исчисти. Мојата коса зацврсна и се згусти. Сега го нарачавме и hair infusion серумот и ботокс серумот за лице. Продолжува да се гледа ефектот од сетот и инфузијата. За ботокс серумот ќе споделам понатаму. На први користења е пријатен на лице.
Сега ме замисливте да барам и да ги пробувам и овие производи. имам танка коса а згора на тоа од паѓање изгледа разретчена.
Како ги користевте производите за раст? Кои точно производи по кој редослед? Сите од сетот? Колку чини цел сет?
Производи кои ги користиме: мм: Масло BIOELIXIR, мачка пред спиење и наутро измива со шампон и маска. Неколку пати неделно HAIR INFUSION серум. јас: Шампон и маска редовно, масло и серум понекогаш. Silky - leave in spray кога ја пеглам косата. Кватро сетот е околу 1600 денари, Серумот 600 денари. Производите може да се нарачуваат и поединечно, како ти одговараат.
Еве го моето мислење од друга тема за овој сет. До сега веќе месец и нешто ги користам, маслото го потрошив цело, лесно ми беше за нанесување, океј беше, но сепак косата ми е сеуште сува, разлетана и наелектризирана и ми паѓа, можеби треба повеќе време, а и има и други фактори кои влијаат на состојбата на косата, пример стресот кај мене
Некој да сподели искуство со silky hair sprаy дали се става пред да ја фенирам косата, на водена, или можи и на сува пред да ја пеглам или виткам?