Здраво, заинтересирана сум за ui ux дизајн во моментов учам од дома но сепак сакам да се запишам во некоја одгоренаведените едукативни центри. Ве молам ваши искуства.Дали вреди за парите?
Може ли да ме контактира лп некој што посетувал курс? Зависи за што мислиш, за креирање веб сајт не ти треба предзнаење тоа секако се фронт енд технологии и се започнува од нула, а ако мислиш на програмирање со јава, C#, софтвер тестинг обуки треба предзнаење.
Има ли некој искуство со академии/курсеви на нашиве( галексиа, семос,браинстер) сакам да запишам дигитален маркетинг па искуство ми е добредојдено☺
Некој/а да сподели искуство со Академија за човечки ресурси на Brainster? @Mila987 ако се запиша сподели.
Извини, не сум видела дека има мислење, се запишав да,на Семос, ако те интересира нешто повеќе тука сум
Дали некој знае нешто повеќе за Академија Mr.Newlife за дигитален маргетинг на Мирко Чешелковски? Ми излегува често како спонзорирана објава на инстаграм.
Така и ми личеше, ама ај викам да си прашам. Нон стоп се рекламира како е многу успешен а лицата на учесниците скиселени.
Љуѓе, за оние што сакаат дигитален маркетинг/ух дизајн имате сертификати преку дигиталната платформа на Гугл, во соработка со Курсера, верувам дека се корисни, а и споредено со овие 'академии', веројатно и секаде признаени, и поефтини.
Јас на Brainster бев за UX/UI и можам да кажам дека курсот на Гугл е подобар и потемелен, плус го земав за да научам убаво. Се учи и на Brainster не дека не, имаш работна на реални проекти, ама за budget friendly верзија ова на Гугл е предобро.
Уште немам почнато со барање зошто спремам дипломска за факултет, решив да почекам тоа да го завршам прво па од октомври здравје ќе барам
Не сум од браншата, ама мислење мое е дека преку академиите евентуално може да се стигне до работа за влакно побрзо, особено ако не си веќе во струката, или ако не можеш од одредени причини да учиш самостојно. Ама дизајнерски професии сигурно ќе искористат повеќе, прашање е само на вежба. Може грешам, ама ух не ми се чини толку комплексно за да не може самостојно да се учи (може грешам, без љутиш).
А кој курс конкретно на гугл? Јас на Udemy зедов курс, го немам почнато уште. Инаку ти од почеток си во ова дизајнов или имаше некои предзнења од информатика од програми итн.. За колку време го совлада и дали е тешко како работа? Ако сакаш вака да ми објасниш
Курсот е за UX преку coursera. Имам и јас гледано од udemy, не се лоши воопшто. Јас имам долго искуство со графички и веб дизајн, фотошоп и илустратор ги работев претходно, меѓутоа фигма не ја имав ни отворено, ама лесно се учи. Мислам дека со активно учење по 6+ саати на ден околу 7-9 месеци може да се совлада материјалот, со тоа што би се работело активно па макар и на измислени проекти. Мене лично не ми е тешко, со секој проект учиш по некоја нова бранша преку рисрчот. Ако те влече ова нешто, не би ти било тешко
Фала ти на одговорот. И потоа сметаш дека на платформи како апворк може да се работи? Јас немам никакво искуство претходно. Би учела од нула.