Интересна и возбудлива sci-fi драма со 8 главни ликови кои се наоѓаат на различни страни од светот. Не би должела повеќе,доволно е да го погледнете трејлерот и се ќе ви стане јасно за што всушност се работи. Излезена е само една сезона од 12 епизоди + Christmas special од два часа а втората сезона се очекува во мај,2017. Топло ви ја препорачувам, добра приказна, прекрасни ликови, снимана е на повеќе локации,глумците се од различни националности но сепак сите зборуваат на англиски. Има буквално се. Дефинитивно една од подобрите што ги имам гледано
Downloading rn Јас последно нешто што гледав од сличен жанр беше Stitchers кои краделе од Fringe btw и колку и да беше малце незадоволителен, ги изгледав цели сезони ми фали некоја добра серија од овој тип.
Ја изгледав првата епизода вчера и доста ме заинтересира, ама немав време да продолжам со останатите. Ми се допаѓа концептот и баш се добри тие преклопувања, со звуци, со музика помеѓу луѓево. Најдобар момент ми беше кога и се појави на корејката кокошката на маса Продолжувам вечер барем со уште една обавезно
Темава некако ич не е активна, се надевам дека не ја гледа само @rhcpfan. @kravce, обавезно да продолжиш да ја гледаш, јас не можев да ја оставам откако почнав да ја гледам. Ако некој друг ја гледа и планира уште да ја следи, има Christmas Special епизода што трае 2 саати. Мене ми беше преинтересна, само некако долго ми траеше, ама содржината на епизодата и музиката затоа беа супер. И датум за втора сезона имаат објавено, 5ти мај, а сезонава ќе има 10 епизоди.
Јас си ја изгледав уште лани и цело време ја препорачував насекаде ама никој не сакаше да ја гледа, не знам зошто Прекрасна е. Интересна приказна, одлични ликови, сценографија и музика совршени. Во една епизода се врти песната What's up и од тогаш до денес ми е мелодија за рингтон, а тој дел во епизодата со песната беше фантастичен. Сите ликови ми се интересни, забавни и одлчно глупат иако не ми се познати од предходно. Ми се допаѓа што се од различни нацоналности и сета таа измешаност на култура, јазици, начин на живот и карактери ми е прекрасна. И ми се допаѓа што обработува многу табу теми, како хомосексуалност, промена на пол и сл. ствари. Има и доста експлицитни сцени, ама тое е дел од шармот мене ептен ми е по ќеф. Сега го изгледав и Christmas Special ама малку се осетив дека сум подзаборавила што се случуваше, па кога ќе ја изгледате добро би ми дошло да ме потсетите што беше финтата со плавата жена Анџелика која ќе се јави на крајот од сезоната. И така и јас ја препорачувам дефинитивно, многу е непозната, а не би требало.
Истото го правам и јас, на сите ја препорачувам Многу е потценета серијата и се сложувам за се што кажа. Со Анџелика ништо конкретно, му се појавуваше на Вил некое време, нели таа им е мајка. Најновата епизода ептен беше добра, групните сцени секогаш ме оставаат без зборови и ме исполнуваат со секакви емоции, колку и да звучи чудно Се е ептен уметнички направено, со голем степен на креативност. Ги сакам сите 8 главни ликови, но сепак најомилени ми се Сан и Волфганг Умрев од смеење на сцената со Вулф,Кала и маж и Едвај чекам втора сезона.
И јас ја изгледав уште кога излезе. Нетфликс никогаш не разочаруваат кога станува збор за серии. Интересна, со необична приказна, многу добро разработена, супер ликови. И Christmas special-от беше одличен. Лито како лик ми е најкомичен, типична drama queen и скроз неправедно е што така се однесуваат кон него сега кога јавно се дозна. Сите ликови ми се посебни на свој начин и самата приказна те тера да се приврзеш кон сите поддеднакво. Исто Рајли и Вил ми се многу сладок пар и се надевам ќе ја продлабочат уште приказната и ќе успеат да го спасат Вил.
Ниедна серија не сум ја чекала толку нестрпливо, ја спуштив, почнувањето на серијата е најдобар од сите серии што сум ги гледала, ама кога дојде оној делот со лезбејќине, кога го џиткаат дилтото на земја, ми се згади животот, ни за визуелни ефекти, ни за приказна не ми беше гајле, ја избришав цела сезона, и раскрстив со неа.
Јас завршив со сезоната, ми остана уште божиќната сега ја симнувам. Единствената сцена на која затворив очи беше кога Рајли се пораѓаше ту хард ту хендл Патем омилена ми е Рајли. И Кала. И Волф. И Сан. И Ван Дам. Ок, очигледно немам омилен Да завршам комплет па ќе дојдам да се пренесам целокупен впечаток Патем сцените со акција ми се најдобри.
Јас периодов можев да си дозволам две епизоди од серијава. Не требаше ни да ја почнам зошто учам, читкам па ќе престанам да се подумам што понатаму со серијата, што би можело да се случи, какви дејствија ќе има. Знаев дека не треба да ја почнам ама ете ... Омилена ми е Рајли, ама има интересни сцени воопшто (да кажам од сега, уште не ги знам како се викаат сите ... тоа е моја главна карактеристика, ама до крај на сезонава ќе ги научам), како кога полицаецот ја имаше пуштено сирената, а оној Германецот пробваше да провали, па слушаше. Вечер сум послободна па ќе си пуштам уште епизода- две да видам како ќе продолжи.
Ја прекинале, ептен се шокирав кога видов. Баш имаше добра основа за трета сезона. Уште многу работи останаа неразјаснети, плус не успеав да видам спојување на Wolf и Кала во живо што ми е непребол, толку многу ги сакам заедно, прекрасни беа. Значи претеруваат од нетфликс, прочитав ептен лоша причина зошто ја прекинале, иако реално има многу фанови и втората сезона беше одлична. Многу се разочарав, една од омилените ми беше серијава.
Јас пред малку продолжив со гледање зошто ради учење имав доста нови епизоди за догледување. Па сега сум до втора сезона кога брачеда ми ме извести дека ја прекинале. Премногу се разочарав, зошто последните три дена секое слободно време за серијава ми беше. Само зошто Кафиус го сменаа? Првиот беше одличен за улогата, вториот е некако многу сериозен, неможи ни да се насмевни. Како и да е, ќе ја догледам деновиве во секој случај.
За Кафеус, имав прочитано дека на актерот му сметале секс сцените и не му било ок да ги снима. И нормално, го шутнале. Мене и овој не ми беше лош, ок си беше актерот. Лито од друга страна ми е многу антипатичен, само во сцените кога плачеше по кариерата ми беше смешен. Другите ми се сите таман. За жал, и оваа серија ја прекинаа. А беше стварно добра и уникатна. Јас со мерак си ја гледав. Нека продолжат Нетфликс со останатите канта серии што ги форсираат, за оваа нека нема демек пари.
Нетфликс ја иступија ептен со Хаус оф Кардс, а за оваа серија нема пари Има петиција на социјалниве мрежи Bringbacksense8 ама не знам колку ќе вроди со плод... Омилени ликови немам да издвојам,сите се на различен начин посебни...Макс Риемелт (Волфганг) ми стана селебрити краш Многу работи останаа недорешени, не е фер вака да ја прекинат
И мене Волфганг ми стана симпатија, колку е секси човеков, ауу. Инаку мене пак Лито баш ми беше драг, сите ми се драги, еднакво ги сакав.
Лито исто е ептен hot Малку ми беше претерано во епизодите кога Вил се дрогираше за да го одбегне Виспер, ама финалето беше врвно
Не можев да поверувам дека ја прекинаа, и тоа без никаков крај. Се израдував многу кога видов дека ќе има посебна епизода да се финишира серијава, ама сепак очекував барем уште една сезона. Инаку 2 сезона ми беше многу подобра од првата. Можеби малку повеќе ми се допадна бидејќи имаше повеќе акција, и работите побрзо се случуваа. На говорот од Лито/Кафеус си заплакав дури, ептен ме погоди. Предобро напишана серија, со предобри дијалози. Навистина не ми се случило до сега да гледам серија каде не можам да одвојам најомилен лик, ама тука сите ми се омилени.