1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sharenting - Дали приватноста и сигурноста на децата е заштитена?

Дискусија во 'Дете' започната од AnaKarenina, 16 јуни 2018.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден читав статијава за т.н. sharenting, што ме натерам малку повеќе да прочитам за ова, па решив да отворам тема во која би можеле да продискутираме за овој тренд, со оглед на тоа дека имаме многу мајки на форумов.

    Зборот sharenting е комбинација од зборовите sharing (споделување) и parenting (родителство). Во основа овој термин се користи за да се опише прекумерното споделување на фотографии и интимни детали за животот на децата од страна на родителите. Секојдневно гледаме дека родителите на социјалните мрежи често поставуваат фотографии и видеа од нивните деца, а еве и на форумов имаме неколку теми наменети за тоа. Се споделуваат многу информации за децата, почнувајќи од нивниот роденден и други значајни датуми, местото на живеење, нивната моментална локација, училиштето/градинката во која одат, нивното хоби, нивните навики, видеа од некои интересни и смешни моменти, кои потоа служат за целосно профилирање на детето. Притоа, кога децата се мали, не се ни свесни за тоа дека нивната приватност е загрозена, која инаку токму родителите би требало да ја заштитат. Во светот дури постојат случаи кога децата ги тужеле своите родители заради јавно прикажување на слики и информации од нивниот живот, а без нивна дозвола.

    Психолозите предупредуваат дека ваквиот тренд, иако на прв поглед делува безопасен, може да донесе низа сериозни последици - од злоупотреба на нивните слики и лични информации, до опасност од педофили кои лесно можат да се кријат зад секаков профил, а потоа да ги препознаат децата кога ќе ги сретнат на улица.

    Прашања до родителите - Дали на интернет споделувате слики, видеа и други информации за вашите деца? Дали притоа внимавате на нивната приватност и безбедност? Ако вашите деца се доволно големи за да ги разберат социјалните мрежи, дали барате дозвола од нив за да поставите некоја слика на вашиот профил?
    Прашања до оние кои сè уште не се родители - Дали го оправдувате, или критикувате овој тренд? Дали сметате дека премногу лични информации се споделуваат за децата на интернет? Дали кога би имале ваше дете, би поставувале негови фотографии на вашиот профил?
     
    На LivingGlam, Hellobeautiful, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    10.085
    Многу добра тема на која сум размислувала често. Јас сум против претерано споделување на интимата на нет. Од таа причина тука немам постирано моја или слика на моето дете. Околу социјалните мрежи важи истото ги користам умерено и сликите што ги ставам се умерени. Следачите и пријателите ги бирам само ако ги познавам.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Баш за ова имам размислувано, гледајќи колку тука на форумов си ги споделуваат сликите од своите деца така без гајле. Јас не би ставила слика од мое дете на форум. Сум забележала случаи тука каде има слики на кои нивниот лик е сокрен, а ликот на детето не. Зошто?! Својот идентитет да се заштити, а на детето не мора? :^) И на Фејсбук, Инстаграм, има родители кои споделуваат куп слики од своите деца. Ја разбирам љубовта и радоста, но некои работи би требало да останат приватни и некои слики да останат само во домашниот албум со слики. Не велам да нема ниту една слика на тие профили на социјалните мрежи, но да не се претерува.
    Едит: Замислете како ќе им биде еден ден на вашите деца кога ќе пораснат доволно за да почнат да користат форуми и се видат себеси тука.
     
    На Таа Сум, La.loca, elimkd и 9 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Зошто ликот на детето ќе се смени и после една година нема да го препознае никој, за разлика од оној на родителот.

    Кој идентитет?
    Со име, презиме и адреса на живеење ли сме тука логирани?
    И што ако се видат, како замислуваш дека ќе им биде?
     
    На Mari*, azelea, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Воопшто не е паметно да споделуваш фотографии и детали од животот на малолетници.
     
    На SummerGirl, Lolo5, Prijatelot и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Ај вака ќе ти одговорам. За некое време ликот на детето ќе се смени да, но фер е кога веќе својот лик не се покажува, да не се покажува ни ликот на детето. Тоа не може да каже дали сака некој да го гледа или не. Има право на избор? Нема. Кој го прашува детето... битно да се покаже на сите тоа, убаво на мајка. Како ќе му биде, тоа ќе си каже. Мене не би ми било убаво да видам куп мои слики тука, без разлика дали некој би ме препознал. Тоа е споделување интима и не е во ред.
    Според мене.
     
    На Таа Сум, daylight, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Секој нека си каже што мисли,немора сите исто да мислиме:)
    Јас ги избришав постовите,зашто темата на анасана почна.
    Треба да размениме мислења а не да се офираме.
    Кој како си мисли нека пишува,ама нека не се подбива со туѓи мислења
    Има ЗА и има ПРОТИВ.


    Пример,во градинка имаат група на ФБ.
    Затворена (иако незнам како изгледа,не сум корисник на ФБ).
    Еден ден ми побараа потпис за истакнување слики.Нормално,не потпишав.Ако јас немам ФБ зошто слика од мое дете да има на нет?!
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Малце надвор од начнатиот правец на темава али... се ставам у ситуација на најновиве генерации, да пораснам и кога ќе научам да баратам со Фејсбук да најдам слика од мој извалкан памперс во Женски домаќински муабети, е тогаш би размислила по весник да се откажам од мајка ми :worried: :D
    Океј, малку rough хумор и не е баш поврзано со приватност на детето, ама пак е во врска со споделување премногу од родителството на социјални мрежи. Тие женски групи мислам дека се отупување мозок за младите мајки и тотално расипување на перцепцијата за мајчинство и социјални мрежи.
    Немам ништо против споделување радост, гордеење со детето и сè тоа, ама има граници и за барање секакви совети со disturbing моменти (наместо се разбира обраќање на доктор), и за приватност.

    Јас лично, како мајка, не би ставила јавно слика од скроз голо бебе (на нокшир на пример... извинете ако некој става такви во соодветните теми, знам дека е чувствителна тема и не ми пречат, но само личен став кажувам). Мислам... шубе е некако и незгодно - и тоа е мало човече со приватност, јас никогаш не би ставила слика од себеси разголена, па зошто потребата?
    И уште едно нешто лично не би споделувала, а тоа е слики апла после породување. Според мене тоа се интимни моменти меѓу мајката и детето. Пак ќе нагласам, само мое гледиште е :)

    А со тоа за темите за слики од деца на форумот воопшто не се согласувам. Е како би реагирале децата ако си ги видат сликите на форумов... ако се видат дотерани, среќни, разиграни, во смешни и интересни ситуации?! И тоа голема иронија е што тоа го читаме од некој полн со љубов кон деца, али ај да не буцкам :)
    Сепак и форум (и тоа скриено катче од истиот) е поразлично од социјална мрежа, тука споделуваме и само писмено за нас многу поинтимни моменти отколку на фб или и во реален живот со повеќето од познаниците. Ме иритира и ич не ми се допаѓа кога ги плашите мајките за тие теми, да не идеме во крајности.

    А евентуалната педофилија е вина само на педофилот (како што е и силувањето вина само на силувачот), никогаш не заборавајте го тоа.
     
    На CameliaMiller, GoodGirl45, Hellobeautiful и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Споделувам ама скромно, од време на време, иако многу ми викаат дај стави слика од цуцињата да ги видиме. Ако сакате да ги видите, повелете, вратата е отворена.
    Ама јас сум за тоа или да се сподели или воопшто да не се сподели слика. А не сликај го детето во грб, или сликај му го прстето ножето рачето и стаи го на фб |(
    А за педофили или киднапери само кажете не дај Боже, такви чекаат на лице место, не чекаат објави на фб.
     
    На azelea, dunika, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не чекаат на ФБ, ама социјалните мрежи и интернетот им го направи 'ловот' на жртви, многу полесен.
     
    На La.loca, makedonkamak и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала за ова и дефинитивно моето дете во иднина би пробала максимално да го заштитам.
    Имам пишано еднаш одамна на форумов, колку бев шокирана кога една мајка на јавен профил на инстаграм имаше ставено слика од пасошот на детенцето, притоа заборавајќи барем да ги прикрие матичниот број бројот на пасошот. Разбирам дека голема среќа и возбуда, ама да споделуваш лични податоци на сметка светот да види дека бебето ти има пасош ми е стварно симптоматично.
    Воопшто не ми се допаѓа што градинки и училишта ( основни, за учење на странски јазици, спортови...) имаат профили на социјалните мрежи и таму споделуваат слики од дечињата. Јас не би сакала моето дете да го има на тие слики кои се достапни на сите.
    Не ги сфаќам ни мајките на форумов на кои не им е доволно фејсбук, инстаграм, па морало и тука се да се споделува. Мотивите кои стојат зад тоа постирање веројатно се различни, МИСЛАМ ( што не значи дека е апсолутно точно) дека преовладува желбата да се слушне некој убав збор, пофалба и признание од групата. Ама, треба да се има на ум дека неограничена маса на луѓе имаат пристап до тие слики, до ваши лични информации кои не можете да контрилирате како ќе се искористат.
    Освен опасноста од злоупотреба на сликите и информациите, посериозна ми личи работава од психолошки аспект. Колку сами си ја нарушуваме приватноста и колку тие пориви за себепрезентација во најдобро светло не наведуваат кон оваа желба да се споделува се со јавноста, затоа што “тоа што не е споделено на интернет- исто како да не се случило”.
     
    На Hellobeautiful, Harper, Lolo5 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сум имала случаи каде морало да се заканувам со тужби за да тргнат фотографии.
    Не знам како без дозвола на родител, си дозволуваат јавно да постираат ??
     
    На Lolo5, makedonkamak, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Некои родители навистина претеруваат. По социјалниве мрежи имам неколку такви кои извинете на израз ама малку фали да почнат да ги фотографираат децата и додека вршат нужда. Буквално по сто фотографии објавуваат во денот, до еден парк да отидат цел албум ќе наполнат. Сметам дека тоа секако ја загрозува приватноста на детето, знаеме дека секакви луѓе постојат и дека на многу начини е можно тие фотографии да бидат злоупотребени. Јас разбирам дека секој му се радува на своето дете најмногу на свет ама некои луѓе кои претеруваат со објавување на фотографии треба да разберат дека нас останатите и не не интересира баш секој чекор на нивното дете. Искрено, почнав и да ги бришам таквите. Ок, разбирам од време на време да се објави нешто ама со усул. Детето нема избор, родителот е тој кој треба да го заштити и да му ја зачува приватноста во време кога секојдневно слушаме вести за напади врз деца од страна на педофили и нивна злоупотреба.
     
    На Lolo5, makedonkamak, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Дали полесен, дали потежок исто ти е, затоа реков не дај Боже само. Ама затоа и реков дека поскромно треба да се споделуваат, особено па против сум да се споделува слика од голо дете, лично поради самото дете.
    Има секаков народ, ќе види слика со дете чии црти му одговараат и ќе го киднапира, утре ќе му каже дека е посвоен.
    А педофилија постоела и пред појавата на технологијава и споделување слики.
    А интернетот колку е корисно добро, повеќе е зло кое не може да се искорени.
     
    На Lianna Anna, Avery, Selest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.977
    Пол:
    Женски
    Ne samo sto se zagrozuva privatnosta na deteto tuku i bezbednosta. Znaete li kolku pedofili i kidnaperi preku internetot a posebno fb mozat da gi sledat decata :worried: Jas sum magistar po bezbednost i na fakultet imavme predmet bas za ovaa tematika, nemozete ni da zamislite kakov kriminal se pravi so preprodavanje sliki od deca pogotovo goli na pedofili :x
     
    На Joi, oblace1 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Јас се водам по она, не ставам слики од неа какви што не би ставила од себе.
    Не споделувам пречесто, секојдневно, тук и таму по нешто, сите пристојни и неинтимни. Ништо од кое би се засрамила во иднина.
     
    На CameliaMiller, Dream-Girl, Mari* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Чат пат ставам повеќе на инста на фб не толку. Но приватен ми е направен и немам 650 луѓе што го знам и не знам туку само што го познавам баеги добро. Не се чекирам , не ставам слики од плажа и не објавувам каде одиме.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Бледо се сеќавам на случај каде членка бараше да се бришат сите слики кои ги поставувала од детето?

    На темата. Јас сум против поставување без потреба слики од деца на социјални мрежи. Ќе пораснат тие деца, сите врвиме низ фаза каде се срамиме од сликите каде сме мали, пред да сме среќни или индифиерентни. Тие слики лесно можи и во иднина да бидат ископани од некој, и да створат непријатности. И да, зборам за најобична слика. Сите сме биле тинејџери па си викам знаете што зборувам.
    Кога би била мајка мислам дека овај ќе ми е најтежок дел од мајчинството. Постојано ја сликам мачката, која на еден начин ја негувам како дете. За мое дете ќе ми е многу поќе од дупло ќеф да го сликам ама мислам дека или ќе направам приватен акаунт со најнајблиска фамилија или еднаш месечно сите слики би ги вадела во албум. Сепак далеку е ова, ама фактот дека сум против поставување на слики од деца онлајн останува, безразлика колку ми се слатки да ги гледам кај што скокаат, или јадат, или играат. Слики од роденден, веселба, со фамилија се океј ама прднало, играло, се покакало, се расплачило - ми се баш приватни моменти.
     
    На CameliaMiller, Hellobeautiful, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Да, пред неколку години бараше една членка да се тргнат сите слики од ќерка и зашто добила вознемирувачка приватна порака. Но сега членката е банирана и не знам што поточно се случило.

    Лични мои фотографии многу ретко објавувам по социјалните мрежи па претпоставувам така ќе биде и во иднина со детето. Не сум љубител за да објавувам интимни слики или да се означувам насекаде и во секое време.
    Нормално би го сликала детето ама сликите ќе си бидат за семејството како порано што имавме албуми, па си гледаш само ти и луѓето на кои сакаш да им ги покажеш.
    Не знам што размислуваат мајките кога ќе остават слика од ГОЛО дете на фб или слика од пораѓај. Навистина не знам со која цел ја оставаат. Еве се бањаме во коритце...еве се крштеваме...еве на плажа...еве се какаме на нокширче...и ТРАС интимните делови на детето објавени за цела јавност.

    (па и на форумов пред некое време имаше голо детенце, ама мислам го тргнаа)

    Пред некој ден ми излезе слика од крштевка на две малечки сестри. Навистина не морало да ја споделат сликата ЈАВНО (не само за пријателите) како голи попот ги држи...Едното бебе, другото 4-5 годишно девојче, на двете апла им се гледаат интимните делови.
    Не е вкусно и пријано за гледање.
    И од мене дома имаат слика од крштева, имам нецела година, гола, пиштам, го тепам кумот...Среќа не постоел интенрент во земјава, инаку не се свесни моите колку би им била лута и засрамена кога би ја објавиле таа слика на социјалните мрежи. Абе, од весник ќе се откажам од нив.

    Секој што користи интернет треба да е доволно свесен што пишува и споделува. Со инка не се тура, а ако сметаат дека такви слики се ок да се споделат јавно, тогаш во ред.
    Нивно дете нивно право.
     
    На Annath, CameliaMiller, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Проблемот со споделување на слики од деца е што навидум изгледа невино, без да можи да се предизвика проблем сега или некогаш, накратко можните компликации се многу замаскирани.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.