До крај на месецов Еко логистик најавува дека ќе почне испорака и од Shein. ЕЛС ја носи во Македонија најголемата светска платформа за гардероба „Шеин“ И најважна информација е дека Еко логистик ќе воведеле пакетомати, па нема да мора да се разбркуваме со доставувачи.
Баш во друга тема прашав дали некој нарачал пошто и кај мене ја дава. А и чат џпт вели дека има достава до Мк. Само доставата да не е преку дхл и би било идеално
При регистрација на акаунт бара тел бр за да испрати код, ама никако не сака цело време покажува sending failed. Некој друг да има исти проблем?
Ај баш пиши кога ќе ти стигне. Преку што ќе ти стигне и дали ќе платиш нешто плус. Дали плати за шипинг? И ако да колку?
И јас денес направив нарачка, ми даде дури доста попуст, два фустани за 20е со бесплатна достава. Намерно гледав да е околу таа цифра за да не биде царинета. Пишува дека ќе стигне за 9 до 11 бизнис денови. Ќе видиме како ќе биде.