Барав, не ми излезе тема слична на оваа Инаку здраво на сите, после 100 години. Во план сум да купувам фрижидер Side by side, па ме интересира искуство да сподели некој/а ? Конкретно ме интересира просторот за замрзнување дали е практичен и остали работи. Благодарам однапред.
И јас првично мислев ваков да земам ама се предомислив Многу е тесен и џабе толку пари Па решив да земам два Еден замрзнувач и еден за одржавање
Користиме на Беко, со поставеност на внатрешноста како овој подолу. Точно дека делот за замрзнувач е тесен. Јас барав кутии пластични тоа, да ми се поклопуваат, да не е се внатре истурено едно на друго и полесно да се снаоѓам што и каде има. Ледомат делот, само во лето го користиме, така да фаќа место од внатрешноста, а не дека не се може без него. Генерално сме задоволни. Од блиски искуство демек поставеност на внатрешноста како овој подолу е далеку подобра. Во делот за одржување е полесно да се стават и поголеми работи. Немам лично искуство со тоа сепак. Кај нас најмногу одговараше Side by side и првиот што ни одговараше просторно и ценовно го зедовме. Не разгледував многу опции.
Ние сакавме сајд бај сајд заради изглед. Но, стандардните лево длабоко десно плитко се тесни, пример голема тава нема да ја собере. Затоа баравме исклучиво сајд бај сајд горе плитко, доле длабоко, е тука пак доле е поделено. Па баравме доле со фиоки кои не се поделени, такви не ни има кај нас. Се мислевме и за два вградени еден до друг, имаше и таква опција, ама тие па беа многу плитки и пак си лимитиран со простор. И на крај рековме не вреди естетикава, фрижидерот се користи од практични причини и земавме комбиниран, има поголема литража од сајд бај сајд, малку не стандардна димензија ама има многу простор.
Јас сум презадоволна , доста простор имаат и двата дела , кај мене нема за лед , само диспанзер за вода има , како што пиеме само ладна вода тоа ни е нај погодок : D Многу попрактични се , и повеќе од доволно простор имаат и двата вида за разлика од класичните фрижидери. За тави ми собира стандарт големина , за плехови од релна и такви слични тави , не ги ни ставам во фрижидер после јадење складирам се во соодветни садови.
Јас имам исто пола-пола, супер задоволна сум, нашиот е со диспанзер за вода само, нема ледомад. Иначе е на Самсунг, мн. сме задоволни.
Одлични информации Инаку во споредба со класичен комбиниран фрижидер, кои предности се кај Side by side?
Мене ми треба French door фрижидер. Разликата со Side by side е што францусково е споен дупли фрижидер, а другиов е во два дела. Ова ми треба.
Јас на пример барав барав и барав соодветен и не најдов И на крај земав на Горење еден замрзнувач еден фрижидер.. Не сум дома да ги сликам ама вака излегоа Инаку конкретно и истиот модел е r6191dx а замрзнувачот исто 6191 ама напред не знам како беше, изгледа FN6191, не знам дали уште ги продаваат кај нас Ми излегоа по 32.000 денари секој, значи 64000.. Сега ако ги има гарант се поефтини, дека постари модели. Ама не би ги сменила за ниеден сајд бај сајд..Па ни за друг тип Фрижидерот мислам дека 370 литри беше а замрзнувачот некои си 250..
Имаме и ние, искрено не е преголем ( посебно делот за замрзнување) ама нас ни е доволно. Обичниот има дупла врата , супер е за шишиња и такви ствари. Најмногу го користиме делот за вода и ледоматот.