1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleepy Hollow

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од TheScarletDandelion, 10 октомври 2013.

  1. TheScarletDandelion

    TheScarletDandelion Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    248
    Нова серија на која случајно налетав,која ми го привлече вниманието...
    Станува збор за мистерија-фантастика која ги опишува настаните кои се случуваат во Sleepy Hollow (Оние кои ги гледаат филмовите на Џони Деп, имаат налетано и на истоимениот филм Sleepy Hollow)
    Дејството започнува во 1781 година, кога војникот Икабод Крејн умира во текот на Револуционерната војна борејќи се на страната на тогашниот генерал Џорџ Вашингтон. Крејн се буди од својот гроб во модерно време напоредно со будењето на безглавиот коњаник,кој всушност претставува еден од четирите јавачи на апокалипсата.Се случуваат некои мистериозни настани и убиства и Крејн заедно со полицјаката Аби Милс,се обидуваат да ги разоткријат и објаснат истите... Да не преразкажувам повеќе зошто и самата серија е нова,има излезено само 4 епизоди, и истата ќе има и втора сезона...
    Во секој случај, добра е за тепање време и сега засега за почеток изгледа доста интересно, според мене вреди да се гледа... А и главниот глумец не е лош :P
     

    Прикачени фајлови:

  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Серијава е топ. Од актерска екипа па се до режисерска. Мислам дека ќе доживее голем успех. 8)
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Еве и мала рецензија:

    Првата епизода започнува во 1781 година, за време на Револуционерната Војна во Северна Америка. Во битката за Јорктаун, Икабод Крејн (Том Мејсон) се соочува со огромен маскиран коњаник и го убива. Во случај некој да сметаше дека ќе гледа историска драма – коњаникот набргу оживува и борбата продолжува. Икабод на крајот успева да му ја отсече главата на коњаникот, меѓутоа, не пред да биде (смртно?) ранет.

    Од овој момент дејствието се сели 250 години подоцна во гратчето Слипи Халоу, каде се запознаваме со симпатичната Аби Милс (Никол Бехари), полицаец кој е пред трансфер во Квантико (тренинг центар за агенти на ФБИ). Во меѓувреме, Икабод се буди во подземна пештера недалеку од градот, а истовремено се појавува и Обезглавениот Коњаник, кој веднаш започнува со “работа” – обезглавување на невини граѓани. Нема да откриваме повеќе од приказната, со цел да не ви го расипеме доживувањето.

    Кога станува збор за карактерите, Икабод е претставен како традиционален, класичен и харизматичен херој, кој ќе ја освои публиката уште во првата епизода. Посебно забавни се неговите реакции на секојдневниот живот во 2013 година (коментарите за ропството и правата на жените). Хемијата помеѓу Икабод и Аби е одлична, односно нивното партнерство делува природно, а не како изнудено решение за текот на приказната.

    Строгиот фокус на пилот епизодата ни покажа само еден мал дел од универзумот во кој е сместена серијата, односно таа беше само увертира во поголеми нешта кои (се надеваме) ќе бидат откриени во следните епизоди. Дали Sleepy Hollow може да стане наследник на Buffy, култна серија која го дефинираше овој жанр (барем кога станува збор за малите екрани), на почетокот на 90-тите? Останува да видиме, а засега сме среќни со солидниот старт и забавната прва епизода.

    Серијата се емитува секој понеделник на каналот FOX.