Зборот "Smultronställe" за прв пат започнал да се користи во почетокот на 20 век за да се опише одредено место каде што би сакале да се вратите и што не е лесно другите да го пронајдат или не го знаат. Кај ова место се чувствувате добро и опуштено, каде одите кога сте тажни, под стрес или имате премногу работа. Пример за "Smultronställe" може да биде кафуле со посебен стил, одреден дел од шумата, или место кое не е толку познато а кое има убав поглед. Инаку, во врска со потеклото на називот, зборот smultron веројатно доаѓа од стар шведски збор што значи меко или лабаво. Додека во буквален превод, зборот Smultronställe значи место со диви јагоди. Дали вие имате "Smultronställe" каде често одите сами во одредени моменти?