Здраво на сите. Прелистав по темите но не најдов нешто за ова па ако има некој да сподели искуство. Се работи за состојба каде што над аналниот отвор постои уште едно дупче, од кое што можно е да тече течност (што не е добро ) ,или пак може да постои дупчето но да биде затворено и да не претставува никаква опасност. На мојот бебуш при испис од болница не ни беше кажано дека го има , но на контрола кај педијатар е приметено и не упати кај неврохирург . Направивме контроли на две различни места и двајцата доктори кажаа дека не е опасно, но кажаа и да внимавам дали излегува некаква течност . До сега немам приметено ама се плашам кога памперсот е мокар, тогаш е невозможно да се контролира дали тече или не. Ако има некој да сподели било какво искуство би била благодарна .
Не ,ни кажаа дека уште било рано за снимање и дека сега е штетно ,ќе го снимаат за неколку месеци ,во Систина ни рекоа кога ќе направи годинка тогаш да се снима.
Да , сега за сега нормално е се ,супер ,и ножињата најнормално ги мрда (примерив дека тоа прво го провери педијатрот ) Баш ќе му спомнам за ехо преглед . Ви благодарам