Step up [2006] Step up 2: The streets [2008] Step up 3D [2010] Step up 4: Revolution [2012] Морам да кажам дека првиот и последниот ми се најдобри, вториот и третиот ми се утка. Главните улоги во вториот и третиот воопшто не ми се допаднаа, немаа хемија некако. Иако последната изведба во вториот ми остави многу голем впечаток. Во последниот дел имаше препредобри точки. Па, кој е вашиот омилен дел? Омилена двојка и изведба? https://www.youtube.com/watch?v=hurM8c97QLQ
Пред два дена го гледав последниот и тој ми е омилен. Најубави сцени таа на плажата кога се запознаваа и точката во ресторанот ми беше Глумицата не ми е нешто лепотица, но од сите до сега најдобри ми се. Инаку мене најголема утка ми беше 3 дел.
Имам изгледано чат - пат по нешто од секој од деловиве, но ниеден не сум го изгледала цел. Предосадни ми се филмовите со ваква тематика, па затоа не се ни обидувам да се мачам да ги гледам. Сепак, брат ми некако ме натера да го погледнам последниов дел, па ај си реков да му дадам шанса. Овој можам да кажам дека ми привлече внимание за разлика од претходниве. Ми се допаднаа и точките, и содржината, а богами и дечкото. Последниот танц на Емили и Шон ми остана ептен во сеќавање. Го премотав можеби 5 пати. https://www.youtube.com/watch?v=QYyy02y7k1E
Ги гледав првиот, третиот и последниот. Првиот некако досаден ми беше, третиот го гледав во 3D и интересен беше а на третиот му давам пофалба-многу ми се допадна на сите сцени со танцување останав ваква . Сега уште 2 сакам да го изгледам (ако најдам време).. интересен-неинтересен јас ќе го гледам, чисто за да ги знам сите делови.
Првиот е најдобар, кој што сака нека каже! Инаку, интересни стории, ништо посебно, ама одлично реализирано. Само четвртиот дел го немам гледано, има го да се слегне? оти нели, нов е?
Мене најмногу ми се допадна 4 дел. Најразличен од сите до сега и многу интересен, а и актерите ми се прекрасни посебно Sean
За филмов немам зборови посебно за првиотн дел- најдобар е според мене. Вториот и третиот не се баш нај нај ама добри се, а последниот го имам симнато треба да седнам да го изгледам, од трејлерот што го гледав би требало да е добар
Сите сум ги гледала ама вториот ми е некако најдобар. Не знам може затоа што прв го гледав. Мус ми е многу сладок. А најлош според мене е третиот.
Го имам гледано само двојката. Не беше лош, онака лабаво филмче, ама дефинитивно не паднав на г‘з. Ај што не ми е погоден актерот за очи плакнење, туку и приказната не ми е фасцинирачка: сиромашна девојка и татино синче се заљубуваат, па нешто ово оно ненормално добро играат и растур прават и на крај сите среќно си живееја. I mean, really?!
Само првиот дел го гледав и тоа го имав фатено на Алфа мислам дека беше....дечкото ми е прекрасен + со тоа мускулите секогаш прво од нешто ми е поубаво од останатото но ќе издвојам време и за другите иако мислам дека го имам гледано и 3тиот дел ама нешто не сум добра со памтењево
Четвртиот го гледав пред некој ден. Играњето е одлично, одлична музика, кореографии, костимографии... и иако ми е јасно дека таков flash mob не може да се случи баш така „спонтано“, сепак е убаво за очи! Сега веќе има и петти дел, па не знам дали може да се додаде во насловот. А кога ќе го изледам, ќе дадам и коментар!
Откога испаднаа 5 дела,можам да кажам дека првиот уште го држи врвот на листата Третиот и петтиот беа солидни,вториот помалку,а четвртиот воопшто не ми се допадна. Танцувањето најмногу ми се допадна во петтиот,микс на разна музика и луѓе и одлична сторилајн. Романсата убедувачки најдобра во првиот дел,можеби дека двајцава се пар и во реалниот живот,па ептен ми се убави. Мус е најјак во сите делови