Здраво, Јас сум 34год девојка со дијагностициран Borderline disorder и моментално на медикаментозна терапија. Одамна сум на форумов и гледам дека има многу луѓе кои се борат со нешто, кои поминале низ темнината, кои сакаат да бидат слушнати, луѓе кои се осамени. Идејата ми е да организирам собир каде секој би си ја раскажал својата приказна, да се запознаеме, да видеме дека не сме сами, да се поддржеме еден со друг. Тоа би било средба во домашна и опуштена атмосфера, со не повеќе од 6 луѓе. Ве молам за мислење, многу ќе ми значи.
Голем лајк и подршка за групава и за идеава. Проблемите најчесто се решаваат со разговори со лица кои поминале низ исти проблеми. "Слушај паталец а не гаталец" вели една наша народна поговорка. Само напред. Се надевам на испешна реализација на идеава.
Ова не би било група за поддршка само за болните со Бордерлајн, туку секој кој сака, секој на кој му треба поддршка, секој кој нема со кој да збори за работите што му тежат. Тоа би било средба која ќе се одржува еднаш или два пати месечно и ќе може да дојде кој сака и колку сака.Можеби на секоја средба да има различни луѓе.
Јас не сум некоја што знае да најде вистински зборови било за што, но имате и моја поддршка. Се надевам дека ќе се реализира средбата, по можеби и јас би била дел, кој знае.
Нема да е задолжително да зборуваш за тоа, кој може ок, доволно е да се собериме, да се опуштиме, да го сослушаме другиот, да дадеме поддршка. Ништо нема да е форсирано.
Поздрав Маус. Мислам дека е ова добра идеја, но не сум сигурна дали би можела да доживее реализација. Ова го пишувам како долгогодишен член на форумот, некој што знае како се одвива динамиката овде. За форумџиите овде е тешко да се собереме на обична заедничка средба, не пак на ваква од интимна природа каде секој ќе мора отворено да зборува за предизвиците со состојбата со која се соочува. Патем, исто така не знам дали е во ред потполни странци да се прибираат во домот, повеќе сум за изнајмување простор при вакви средби... Не болувам од психичка болест и не сум на терапија, но сум уверена дека на секој еден човек во ова стресно општество му е потребно некакво интегрирање заради припадност, социјализирање и консултација, но не сум сигурна дека средбите кои ги посакуваш би се движеле токму во таа насока. Сепак ти посакувам среќа и успех при остварување на планот.
Го почитувам твоето мислење и сметам дека си во право, меѓутоа јас во мојот дом го имам примено најлошото од лошото, луѓе кои ме повредиле физички и психички, странци на кои ни името не им го памтам, ќе ризикувам. Ќе верувам во луѓе кои одлучиле да веруваат и да се соголат пред мене. Сметам дека мојот дом е најсоодветното место за ваков вид на средба. Не сакам да седнам луѓе на столчиња во круг во празен и ладен простор, и да очекувам да си ја отворат душата. Замислата ми е да е во најтопол амбиент, опкружени со позитивната енергија која ќе се обидам на секој можен начин да ја пренесам. Фала Не мислев на физичко соголување туку душевно, да бидам појасна.
А си размислила ли дека можеби не би сакал некој да дојде кај тебе дома зашто не те познава? Јас не би отишла вака кај некој да бидам искрена. Од тој аспект размисли за местото за средба. Инаку, супер е идејата, треба да има вакви групи за поддршка и за други состојби, мислам дека баш би биле корисни. Не мора јавно да е, или со ник од форум, кој сака и по лп нека пише, па и на средбата не мора и никови да се кажуваат мислам.
Во нормална држава каде психолошките групи се природна појава, нема потреба да се собираат луѓе по станови и ризикуваат, туку психолозите кои се занимаваат со гешталт или бихејвиојарлна психологија ги организираат ваквите средби во склоп со програмата и правецот на лекување. Дури организираат и наградни игри, за да се забавуваат пациентите, наместо само да зборуваат за своите проблеми. Многу ми е жал што немаме никаков социјално интеграциски центар, така да во потполност те разбирам.
Може да се собираме во јавен простор... Како некои општински простории или во некој верски објект. Плус, никој не мора да кажува име... ни ник... Може и да измислуваме имиња и готово.
Групи од ваков тип се многу позитивини само мислам ќе треба многу време дур се тргни од некаде. Собирање кај некој дома е доста лошо пошто само тој некој ќе можи да се опушти, ама секогаш има доста тивки локали или пак некои објекти кои можат да се изнајмат за оваа работа, особено ако нели, стани навика. Сепак местото мора да биди неутрално за сите. Исто така ова е добро доколку го има во секој град, и идеално да има водич - стручно лице кое можи да ве разбери, да ве насочи и да види некакви црвени знаменца ако излезат од нечие расположение. Како и шо спомна @Nigredo Odor погоре, ваквите собири во „белиот свет“ се организирани и предводени од стручно лице и не се секогаш исти и монотони, и се со цел да помогнат. Зборување со група што врви низ ист проблем или сличен е доста голема помош, особено ако некој можи да го насочи „бранот“ башка и, како шо пишав погоре, ако тој некој можи да сети некои проблеми, да види каде мора да ургира ако некој врви низ лош период и слично.
Секоја чест за групата имаш голема подршка од мене, јас страдам од анксиозност и панични напади и те сваќам, се надевам дека ке го пребродиш тоа <3 <3
Јас колку шо знам (може грешам) и само пациентите можат да се собираат. Самото разговарање за тековните проблеми помага...
Не е спорно дека можат, ете пример од погоре е апелот нели, да се собери таква група. Ама подобро е кога групата е предводена од стручно лице пошто некогаш некој ќе „бара помош“ и ете стручно лице ќе увиди потребата. Професионалец тука ќе увиди шо се работи и настрана од ова ќе можи да поработи со индивидуата ако има потреба.
Секако дека има бенефит и доктор да е присутен, ама муабетот ми беше, дека (колку шо знам) и во странство, не секогаш се собираат во присуство на стручно лице. Дека само по себе изнесувањето на проблемите, наводно им помага.