Првата недела од месец март (најверојатно 03.03) ќе започне четвртата сезона на Survivor Србија/Хрватска. Годинава, после 3 целосно идентични сезони, продукцијата се одлучи да ја смени застарената и неинтересната за гледање турска лиценца со мексичка која моментално е хит низ целата Европа па и светот. Од годинава се менуваат и боите и имињата на племињата, така племето од Србија и Црна Гора нема повеќе да биде црвено туку од годинава зелено, додека племето од Хрватска и Босна и Херцеговина наместо сино ќе биде жолто. Ќе има промена и кога е во прашање водителот од Хрватскиот тим. Наместо Марио Млинариќ, од годинава на негово место ќе го следиме Владо Бобан: Од Српскиот тим на таа позиција останува за мене легендарниот и незаменливиот Бојан Периќ: Членови на зелениот тим (бивши црвени): • Милош Андриќ / 41 / менаџер • Анастасја Прибиловиќ / 22 / студентка • Матија Новковиќ / 28 / тренер • Ана Марковиќ / 28 / маникирка • Иван Такиќ / 25 / фотограф • Катарина Матијашевиќ / 23 / инструкторка • Срџан Тешиќ / 29 / апсолвент • Нина Бериќ / 29 / психолог • Алекса Павловиќ / 25 / видеограф • Миланка Муждало / 34 / фитнес тренер Членови на жолтиот тим (бивши сини): • Марко Браиќ / 33 / глумец • Луциано Плазибат / 26 / инфлуенсер • Ники Враниќ / 28 / физиотерапевт • Марин Касељ / 28 / конобар • Иван Перњак / 30 / рафтинг водиќ • Лара Заворовиќ / 20 / СПА терапевт • Ника Гласновиќ / 27 / дигитален претприемач • Матеа Јосиповиќ / 20 / ММА борец • Лиз Вилемс / 46 / фитнес тренер • Јелена Путник / 43 / тренер
Едвај чекам да почнат со емитување. Се надевам ќе биде интересно. Само да нема многу гаѓање годинава, минатите години се измачија натпреварувачите да погодат, дури нервозно ми беше за гледање. Се надевам нема да се повтори зло ко Сумеја, Антонија, кумовите и на ним слични. Моментално ги следам на јутуб сезоната со Милица Дабовиќ. Припрема за новата сезона си праам. Да видиме што ќе биде.
Редно беше нешто да се промени лани тапа беше не ни следев редовно. Годинава се надевам ќе ми го задржат вниманието. Може ли да се постави анкета да видиме кој ќе биде за тимот на зелените или тимот на жолтите.
Каква е таа мексичка лиценца? Мене и онака очекувањата ми се толку ниски, шо пониско од тоа нафта веќе ќе извадам.
Амин им текнално да прекинат со Турците. Буквално сите 3 сезони изгледаа како турска серија, се исто само глумците други. Се надевам дека оваа сезона навистина ќе видиме нешто мн поинтересно, барем во делот на игрите.
Првите два натпреварувачи: Иван Такиќ / 25 / фотограф / зелено племе Иван Такиќ по професија е фотограф и видеограф, има 25 години и по потекло е од Власотинце. Со спорт почнал да се занимава уште како дете, но најмногу бил успешен како кошаркар, а токму тој спортски дух го навел да се пријави за брутална борба пред камерите каде ќе ги покаже своите способности за преживување во дивината. „Кога ќе го видам Survivor - знам дека сум за тоа. Се обидував да влезам неколку сезони и конечно успеав. Сакам да покажам што навистина сум и да ги покажам моите можности. Мислам дека можам да стигнам до самиот крај“, вели самоуверено и додава дека најмногу го радуваат полигоните. Повеќе ------------------------------------------------------------------------------------------------ Луциано Плазибат / 26 / инфлуенсер / жолто племе Луциано Плазибат е 26 годишен танчер и инфлуенсер. Решил да го прифати предизвикот Survivor бидејќи имал дополнително слободно време, а можеби ова му е единствената шанса за момент да изиграва Тарзан. Тој вели дека бегството од мобилниот телефон и секојдневните обврски добро ќе му дојде како вистински одмор за неговиот мозок. Подготовките не ги сфатил сериозно бидејќи смета дека нема вистинска подготовка за ваква авантура. „Ова е искуство што не можете да го добиете никаде освен во Survivor, па реков - ајде да го пробам ова! Повеќе ќе се каам во животот за работите што не ги направив отколку за работите што ги направив“ Повеќе
Се надевам годинава натпреварувачите ќе дојдат спремни. И ќе знаат каде дошле. Не да кукаат и да се жалат само. И ко слепи мишеви да се понашаат на терен. Им фали онаа најинтересната игра, да јадат очи од риба, инсекти. Тони Зен сезоната беше хард кор. Овие сега појќе месо од нас јадат. Едвај чекам да почне.
Дали оваа година ќе има пренов кај нас? Која е разликата од претходно кога имаше наши натпреварувачи и го даваа кај нас?
Од тоа што барав, нема да е драматично различна од претходниве 3 сезони. Или 4, не знам колку беа. Нешто ќе има разлика во игрите, да се подинамични. И може сега да има само 1 победник. Знам дека пак ќе испаѓаат исто, преку гласање кој да иде во дуел и победникот пак ќе се одлучи преку дуел. Така да целиот коцепт на играта да е Outwit, Outplay, Outlast, како и социјалната стратегија паѓа у вода. Како бонус на тоа ко ќе додадеш тешки местенки од продукцијата, се одјавувам од сезонава и пред да почне.
Миланка Муждало / 34 / фитнес тренер / зелено племе Миланка потекнува од Платичево (место кај Шабац). Работи во теретана, а по образование е економски техничар. Смета дека недостигот на храна ќе и падне тешко, па, како што вели, ќе ги натера племенските членови заедно да победуваат и да ја освојуваат храната. „Јас ќе бидам водач на племето, тоа е мојата цел“, заклучува таа. Матија Новковиќ / 28 / тренер / зелено племе Матија доаѓа од Белград и е кондициски тренер. Студирал во Америка, каде што отишол сам на 19 години. Тој влегува во Survivor за да види каков е авантуристичкиот живот. Сака да види како ќе се снајде таму и да види дали е лесно во реалниот живот како што изгледа на ТВ, како што вели. Најмногу се плаши од водата затоа што на 8-9 години имал инцидент кој го прогонува и до ден денес, но во овој период на подготовка за Survivor го надмина тој страв. Марко Браиќ / 33 / глумец / жолто племе Откако дипломирал на Академијата за сценски уметности во Сараево, Марко Браиќ го остварил својот сон и станал професионален актер. Набргу потоа играл професионални театарски улоги во Пула и Загреб, а многу брзо ја добива својата прва телевизиска улога како Лука во серијата „На граници“, по што глуми и во сериите „Дар Мар“, „Сан снова“ како и во неколку странски серии. Јелена Путник / 43 / тренер / жолто племе Јелена Путник е родена во Загреб, а последните две години живее во Самобор, каде што има своја куќа и две посвоени кучиња кои и се најголем љубов. „Доаѓам во Survivor со цел да им покажам на луѓето дека ниту возраста ниту отсуството на плочки не мора да значат помала вредност и способност за справување со предизвиците.
Да бидам искрена гледав балканскиов survivor дур гледавме во друштво, ама мислам дека последната сезона после измачувањето со првите две не се ни обидовме да ја гледаме Гледам сега промени некој, можеби и ќе се обидам да ја загледам, ќе видиме колку ќе ја издржам оваа сезона.
@sweet-cherry @f.girl Ајде, ако сакате да се договориме пак да гледаме. За вас ќе издржам, ментално ќе се припремам за сезоната следнава недела.