Првиот понеделник од месец март (02.03), ќе започне петтата сезона на survivor. И годинава, како претходната, сезоната беше снимена по мексичкиот формат кој речиси и да не се разликува од турскиот кој го гледавме до 2024. Промена има во водителската двојка, од страна на српскиот тим, на местото на за мене легендарниот и незаменлив Боки Периќ, од годинава ќе го гледаме Амар Мешиќ. Од хрватскиот тим повторно ќе го гледаме Владо Бобан кој од лани го заменува Марио Млинариќ. Ова ќе биде прва сезона после 4 години, на водителските позиции да не ги видиме Боки и Марио кои станаа синоним и неодделив дел од шоуто за гледачите. Годинава имаме и најголем број на стартни натпреварувачи, дури 24, по 12 од секое племе, а сигурно ќе влезе уште по некој после првата или втората недела како секоја сезона. Од племето на зелените, 12-те натпреварувачи се: Дуња Станојковиќ / 23 / Студентка Марко Ристиќ / 28 / Фитнес тренер Адријана Дозет / 35 / Професорка по физичко Стефан Остојиќ / 34 / Јутубер и персонален тренер Лана Мујановиќ / 20 / Манекенка Милош Војновиќ / 44 / Професор по физичко Ана Митиќ / 27 / Докторка Немања Стојановиќ / 30 / Менаџер Његош Миловиќ / 25 / Кошаркарски тренер Маја Чампар / 29 / Актерка Чедомир Стојановиќ / 29 / Земјоделец Ивана Макљеновиќ / 23 / Студентка Во жолтото племе ќе ги гледаме: Елизабет Зацеро / 28 / Пеачка Борис Видовиќ / 29 / Модел Паула Томичиќ / 23 / Спортистка Роналд Илиќ / 37 / Фитнес тренер Барбара Радиќ / 23 / Јога инструкторка Иан Регвар / 25 / Фудбалер и фотограф Ана Мамут / 38 / Професионален пикадо играч Стипе Шуниќ / 25 / Земјоделец Леонарда Томиќ / 19 / Манекенка Роко Бачелиќ / Инструктор во авто-школа и келнер Ана Модрушан / 40 / Фармацевтка Марко Ламбаша / 40 / Графички дозајнер