Прво се двоумев за насловот,не знаев дали да биде Tруднички барања или Што сакавте најмногу да јадете кога бевте трудни? Па што јадевте најмногу кога бевте трудни,имавте некакви посебни барања? Ги теравте мажите да ви купуваат пици после полнок? Jас бев многу досадна трудница,на мажот ми го терав да оди да ми купува од бензиска Mилка и тоа онаа алпската,најголемата и сама ја јадев,потоа многу сакав шопска и нон стоп јадев,кога мажот ми немаше да најде на пазар намирници,го терав по рестораните да оди да купи и да ми донесе,знам,знам досадна и лоша бев A кога се преселив во Aвстралија,зашто дојдов трудна 6-7 месец,многу јадев суши,многу многу A имам читано дека повекето трудници многу јадат љубеница Cе надевам ке ви се допага темава
јас немам некои посебни и екстремни барања. Многу ми се јаде благо, па маж ми има задолжение да купува слатки после враќање од работа. Друго јагоди ми се јадеше одамна, сега изедов две канчиња па веќе немам проблем, но затоа праските ги сонував два пати, но ете колку и да ми се јаде кога нема, нема, што да се прави . А за лубеници уфффф едвај чекам да им дојде времето
Мене пак првите три месеци мене ме молеа да јадам, толку имав мачнини што јадев само затоа што знаев дека морам. Сега во втор трисеместар немам некоја посебна желба за јадење нешто. . Шо трудна ќе сум јас кој ме знае. . Ајде здравје во трет семсетар можи ќе му наплатам за претходните два.
Не малтретирав никого со некои мои посебни желби туку тие мене ме малтретираа. Бидејќи бев првата трудница во малото секоја комшивка што ќе правеше тој ден дали ручек, благо и сл. ми носеше и на мене (ке ми замирисало па да не ми било срам да барам) . Јас само не се делев од теглите со кисели краставчиња. Немаше ден да појдам на работа без тегла кисели краставчиња. Ја јадев лакомо целата во еден здив а на ручек надокнадував со салата од зелка и многууу оцет. Друго нешто посебно не, не ме тераше ни благо, ни слано само кисело а се поправив неверојатни 28кг (си јадев, си јадев, си јадев....се)
Не бев некоја напорна трудница немав некои посебни желби ... освен што многу сакав јогурт ... Јогурт со се ми идеше Ми помагаше кога имав сабајле маЧнини
Сум слушнала од тие бабините деветини нормално, дека тоа што ќе го јаде жената додека е трудна најмногу, на детето ќе му биде едно од најомразените јадења. Мајка ми 7 месеци живеела на ѓеврек и јогурт за појадок и ништо друго. И може да се каже дека ѓеврекот не ми е нешто посебно омилен секогаш. И да, се давела во лубеница, комотно можела да смачка некоја од 7-8 кг сама. А мајката на другарка ми многу сакала да јаде боранија. Другарка ми не сака да ја мирисне.
Јас во едната бременост се утепав од јадење симит погачи. А претходно симит немав јадено од основно. Што ли ми стана, не знам, цела бременост со симит ја истерав, па и по топлото, сред лето, без симит погача ден не ми поминуваше. Исто така јадев многу ајвар, а инаку дали еднаш годишно јадам, воошто не ме привлекува. А најчудно беше тоа што јас нормално јадам многу благо, поконкретно чоколади, опасно зависна сум, а тогаш чоколадо не можев во уста да ставам, ми беа кисели, горчливи, не знам какви, важно воопшто не јадев чоколади. Ова се беше со синот, а со ќерката не се сеќавам дека сум имала вакви моменти.
Не сум била, ниту сум трудна, ама имам многу вакви барања. Знаете, народки речено: Како трудна жена си!!! Се нешто специфично ми се пријадува и морам да го купам, иначе ќе испукам се додека не го изедам.
И со првата и со втората бременост немав некои посебни желби,а и да ми се пријадеше нешто сама си купував и сега никој не се жали дека сум го малтретирала. Со првата бременост ,некаде овој период ,ако не и малку подоцна ми се пријадоа кисели зелени домати,нешто што воопшто не го јадам во нормални околности. Тогаш зошто сеуште бев кај моите во потрага се даде татко ми и за 3-4 дена ми најде од кај некои пријатели . Со втората бременост ми се пријаде вегетаријански сендвич и едно 2 дена си кукав зошто немаше кој да ми купи (нели Триумфална капија требала да се гради и пристапот до сендвичарата беше невозможен). По 2 дена маж ми отиде со некој другар и ми купи и тие го прашале дали за макробиотичар или за вегетаријанец ,а он им рекол за трудна .Сендвичот имаше внатре се можно и јас изедов само еден залак и го оставив многу беше лош .
Vo prvata bremenost nemav nikakvi baranja kako da nebev trudna, ama zatoa so vtorata duri i preterav. Vo mesec mart mi se jadese grozje i mi kupia 450 denari kilo. Sekoj vtor den jadev krofni koi inaku ne mi se omileni i slatko od zeleni smokvi. Vo april mi se jadea praski mas mi sekade barase ama bezuspesno i morav da se zadovolam so kompot od praski.
Еве и тука...искусната јас,со се сите 5 деца! Абе ај,ако не каснела ова,готово. Глупости,ко мајка ми со јагодите у сред зима. Кај тогаш Веро,нема Веро,имаш соседни земји,па после диња. Еј у сред зима да носам овошје од уџум?! Како не бе! Мит-ќе побаци. Ручки од тупан! Ко она,јаде за двајца,тежина со се дете 90-100 кг,жити господ?! Па висок притисок во последниот месец од бременоста. Е не! Дали до толку суеверие или до толку си викале у себе о хооо,ај некој нека ми замери сега,бутааај! Е мајка ми само за ова извољевала,се друго јадела нормално,се породила со 3 кг мањак и си доби дете дивјак,што устата му била запечатена. НИШТО не сакало да јаде,престанало да цица на 2 месеци и во прво одделение беше прогласено за неухрането! Од што све јадела како и обично,ни многу,ни малку,тамам,е само кафе не пиела,ама затоа мене кафето ми е....МММММММММ! Пасија! Уствари имаше сторија и со рибата,ама дал ја јадела ил не,само знам дека јас не можам да ја јадам секогаш. Мора да сум особено расположена и да ми е посебно спремна,инаку цк.
Слушав многу претходно како трудниците добивале инстант голема желба за некое јадење, па ајде трк мажот во 3 по полноќ да се снаоѓа како знае и умее...Мене такво нешто не ми се случи што значи лесно си помина мм, едино имав зголемена желба за кисело, се давев во кисели краставички и зелена салата со многу оцет... И најмногу што мразев беше -Земи, мораш барем да пробаш, ти ако не сакаш може бебето сака
Се` додека некој не ја искуси бременоста не може да знае дали ќе има или нема желби, напади и/или испади. Со првата бременост немав некои желби во смисла морам сега ова или ова, ако не готово ќе побацам, ама си имав омилена храна-пржени компири. Секој ден помфрит. Тоа беше последните три месеци и благодарение на честото давење во помфрит завршив на бокс со 22-23 кг. повеќе. Сега па имам напади за благо....дома мора да има залиха на било што благо, макар и слатко. Ми се случува да гледам ТВ касно навечер т.е рано наутро накај 2-3ч. и ќе ми се заврти дека мора да каснам благо и морам да станам...колку и да ми е удобно и да ме мрзи да станам едноставно морам, инаку знам дека нема да заспијам. Пр. сега за прочка мислам беше, свеки имаше вечерта направено кадаиф, а бе не заспав додека не се подолади малку и да лапнам и тоа само едно мало вилувче Не сум досадна трудница, да малтретирам некого во ниедно време да ми исполнува некакви желби, сама си се грижам за се`, се` навреме си имам купено. Инаку мене па ужасно ме нервираше и се` уште ме нервира кога сум негде кај/со некого седната и ќе ми речат-ајде пробај, ти треба од се` да пробаш , а мене пуста од се` ми се лошеше (и до ден денес еве веќе влезена во 7-ми месец си знам да си се од одредена храна или мирис).
Точно.Како што пишав да не се повторувам ок си сум, не се прејадувам. Едниствено луто ми се сака ми се плаче. Благо воопшто не. Ама еден ден што ме фатило мерак за ѓеврече-е за тој мерак авион фатив да си знаете и во Ск кога слетав правец со се одборот за дочек на ѓеврек и бурек со јогурт. Го сонував секоја вечер, цел месец и на крај ми олесна. за мм и огромната поддршка. Затоа кој не бил во блажена состојба не знае. Абре луѓе чиниш не сме жени на пати ами женишта со големо монструозно Ж кога нешто ќе ни се уврти во глава.Уште еднаш потпис на постот на Лолита и со лес да си ја износиш бременоста.
И јас се сложувам со Лолита, дури не дојдеш во благо стање не знаеш што, како те чека и според мене тие труднички желби не се ради тоа демек детето нема да јади или не знам што, него убаво е да се разгали трудницата. Нешто што ми посака душичката во бременсота беа два вкуса од детството што ги правела баба ми (нека и почива во мир душичата али како повекето баби, беше махер во готевење,ама сепак оваа мојава ги надминуваше сите )си посакав риби грилици и купивме со мм од кам маркет али не се погодија воопшто.И друга ствар беше козињак, мм не ни знаеше што е тоа , тука во Скопје не го правеле па и тоа не си го вкусив..
За другите незнам, ама мајка ми била многу чудна трудница, поготово кога ме носела мене. Била трудна зимно време, па по цел ден јадела жива туршија и зелка, а уз тоа леб и маргарин. Е сега има еден јак бисер направено, си спиела женава и се разбудила, сонувала како јаде зајачко печење, и многу и се пријало зајачко месо. Си станала спакувала торбиците, за татко ми и брат ми, спремила појадок, и овие кога станале им кажала дека одат во Прилеп на ручек кај тетин ми кој чувал зајци. Немало да биде толку трагично, но мајка ми имала многу ризична бременост и морала што повеќе да лежи и помалку да се движи, а не да се треска во кола 2 и нешто саати. Но издржала, а татко ми послушен па и удоволил, биле на ручек и супер си поминале, а мајка ми си се најала зајачко.
Е и јас ова го мразев. Ама стварно. Кај и да одев, сите ми го велеа ова. Аман мислам детето уште во стомак знае што сака, бре Искрено, во бременоста, немав некои посебни желби како што слушав од многу жени дека се јавувале во тој период. Не бев стрвна за ништо посебно, ама се си јадев. Само првите три месеци не сакав да видам риба и сладолед (да, да, сладолед - ми се повраќаше од него - а мој омилен десерт е токму сладоледот). Ама после немав проблем. Иако ми се случуваше мнооогу често да повраќам после потешки, помрсни јадења, но и од железото што го пиев. Така јас си повраќав во второ и трето тромесечие, а особено во третото - ама не ослабев. И да, мажот ми мораше пред секое бацување да си ги мие забите или да џвака мастика. Ми се лошеше од мирисот на цигарите, па не сакаше да ризикува да направам белја Во Скопје го викаат милиброд - инаку да пишеше порано на форумов дека ти се јаде - ќе ти сплескав еден
Одамна беше. Во првата бременост бев многу стрвна и имав огромен апетит.Јадев се и сешто.А најмногу симит погачи и солени стапчиња.И тоа не од било каде,туку од Фурната од Чаир.Маж ми ми купуваше,колку и да беше уморен.Исто се сеќавам, посакав и круша еднаш,не знам од каде успеавме да најдеме. И ќебапи од Дестан јадев. Во Втората бременост немав посебни желби,па така и ќерка ми не многу по јадењето.Само еднаш посакав пита од мајка ми.