Take That

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Hipster, 3 август 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто уште нема тема, за можеби една од најдобрите британски групи, од позилезе еден од најдобрите вокали на Британија, Роби Виламс.

    Take That are a British five-piece vocal pop group comprising Gary Barlow, Howard Donald, Jason Orange, Mark Owen and Robbie Williams. Barlow acts as the lead singer and primary songwriter. In total, the group have had 27 top 40 singles and 16 top 5 singles in the United Kingdom alone, 11 of which have reached number 1, as well as having seven number 1 albums. Internationally the band have had 54 number one hits and 35 number 1 albums.
    Take That's pop tunes and soulful ballads dominated the UK charts in the first half of the 1990s, winning multiple BRIT Awards while also spawning two of the best selling albums of the decade with Everything Changes (which was nominated for the 1994 Mercury Prize) and their Greatest Hits album. Williams left the band in 1995 while the four remaining members completed their world tour and released a final single before splitting up in 1996.
    Заедно со Роби Вилијамс,според мене еден од најдобрите гласови го има Геру Барлов фронтменот на Тејк Дет повторно, активни после 9 години пауза, и можам да кажам со уште подобри песни него порано.
    Омилена за секогаш Patience, заљубена сум во песнава, Гери е неверојатно eден од најшармантните изведувачи, каква сензуалност ми има песнава, неможам да опишам.
    http://www.youtube.com/watch?v=273eSvOw ... re=related
    Омилени после Patience, Kidz, Shine, Love love, Rule The World, Greatest Day, The Flood, иаку нема песна која не ми се допаѓа од Тејк дет.
    Од постарите Back For Good, Once You've Tasted Love, Never Forget.
    http://www.youtube.com/watch?v=N2ICtCO8 ... ure=relmfu
     
    На Someonespecial и Mayyya им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Хипстер секоја чест што ја направи темата за тејк дет. Имаат многу добри песни, а мојата омилена ти веќе си ја објавила. Ете една понова песна од мене :* http://www.youtube.com/watch?v=aCHg5r6rFoI
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.776
    Допаѓања:
    133.807
    Пол:
    Женски
    Ах спомениииии... мило ми е што на некого му текнало да отвори тема за овој бенд. Ми беа омилени на времето, кога имав 11 години, во далечната 1992 (т.е тогаш ми станаа омилени). Ми беа прва и единствена љубов од boy band-овите (иако еден период демек ги сакав NKOTB, ама тоа под влијание на една постара братучетка).
    Се заразив со нив кога ја слушнав It only takes a minute, и почнав редовно да ги слушам. Најубав глас дефинитивно има Роби Вилијамс, а после него Гери Барлоу. Другите повеќе или помалку им беа средувани гласовите кога требаше да пеат. Омилен ми беше Марк Овен (изгледа дека е водолија во хороскоп, јес да и Роби е, ама Марк повеќе ме влечеше, не знам зошто :$ )
    Тој период MTV гледавме само на третиот канал на МТВ, ако добро се сеќавам, ама и во Зимската и Летната Рекреативна Програма ги пуштаа познатите хитови во тоа време, па така имавме можност и ние нешто повеќе да дознаеме. Дечкиве ги сакав година-две, а после ми досадија. После нив, некако не се врзував за некоја група посебно, до скоро, кога се „затрескав“ во Il Divo :D
    Ми беше криво кога Роби ги напушти, ама тој период беше прилично бурен, скандали и афери се вадеа, беше покривано од британските медиуми (јас тогаш купував и читав Smash Hits - британско списание кое излегуваше два пати месечно и доаѓаше кај нас со недела задоцнување или повеќе, ама затоа и беше поефтино).
    Мило ми е што сега пак се заедно, ама причината поради која го направија тоа се парите. Како и сите други кои се реобединија. Можеби и сакале да им се врати барем дел од старата слава, ама факт е дека имаат успешен камбек, пред сè благодарение на Гери Барлоу, кој им беше и е неофицијален фронтмен. Ама е и одличен текстописец и автор, и секако пејач. Ги имам неговите соло албуми, исто како оние на Марк Овен, а секако и Роби Вилијамс има место во мојата музичка колекција.

    Омилени песни:
    Back for good - една и единствена
    Never forget
    Pray
    Holding back the tears
    Why can't I wake up with you
    Love ain't here anymore
    Nobody else

    А од поновиве:
    Rule the world
    Patience
    Like I never loved you at all
    You
    What is love
     
    На Mayyya и Hipster им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Уффф, Take That. Каква носталгија ме обзема кога ќе помислам на Take That. Се започна во шесто.
    Во мојот град имаше само една продавница за аудио касети и едвај чекав да дојде 1ви па да се почастам со касета од пензијата на дедо ми. Таму и ги запознав Take That кога го купив албумот Everything Changes. Потоа го донесоа и Nobody else кој претставуваше мое мало богатство, беше оригинал касета со сите текстови на песните од албумот.
    [​IMG]
    Собирав се што можеше да се собере со нивните ликови, сликички, извадоци од статии, постери, кои верувајте беа реткост во тоа време, најчесто од Наш Свет и едно германско Bravo. Татко ми кој има талент за цртање ми пресликуваше мали сликички на блок или хамер хартија. И ден денес ме зафркава за мојата опсесија со 'Тех Тет'. :D
    Имаше една музичка телевизија, МСМ чинам беше, и со часови чекав да пуштат спот од ТТ за да стиснам Rec.
    Ги знам сите текстови на песните се до нивното распаѓање, а и ден денес знам да ги пуштам и да ги пеам со четката за коса. Ме потсеќаат на убави моменти.
    И на тој 16 Февруари 1996 се сруши еден детски сон. Take That се распаднаа. Веста беше објавена на главните вести на MTB.
     
    На Sara123, Hipster и Annath им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.986
    Пол:
    Женски
    Ми беа омилени еден краток период.