1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Talking или pre-dating фаза

Дискусија во 'Сингл' започната од Dream-Girl, 10 септември 2017.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Полошо од френдзона е мислам оваа фаза. Кога разговарате со недели, месеци, а не знаете на што сте... Не смееш да му забраниш да пишува со други, да лајка на други, а осеќаш љубомора, те копка дали и на други им кажува зборови ко на тебе. Не сакаш да го напињаш, а сепак те интересира кај и со кого оди. Кога не знаеш дали е boyfriend material или само waste time person...

    Како сте ги поминале овие фази и т.е уопште дали сте ги поминале? Колку време мислите дека е океј да си у оваа фаза? У последно време е многу модерно ова и луѓе долг период вака се влечкаат... :D
     
    На КикиМаус, Purplelilac, BlackMistery и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    Мразам вакви фази! Или се запознаваме во најбрз можен рок:o:, or ништо од бизнисот.
    Зад екран може да ти симнува :*:, да глуми некој еминентен момак, а во живо спротивно од тоа.
    А колку време мислам дека е океј да си во оваа фаза, хм, не повеќе од 2 недели. Ако се гледа особата како потенцијален партнер, ако не , it's just a waste of time, for me, personally. :coffee:
     
    На КикиМаус, tofi-tedy.sweet19, Nevergiveup1 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    А како се гледа тоа освен ако не му дадеш шанса да се докажи и искажи каков тип е !!!
    А тоа малце потешко затоа што девојките не сакаат да излегуваат кога некој ќе ги покани на кафе измислуваат триста планови само да не излезат (не се однесува лично).
    И како сакате да биди тип поразличен од тоа што разговарате погоре.
    Треба кампањски ден за ден да ве кани за да излезете со било кој, или пак незнам треба мој термин да си закажи чоекот.
    И како сакате да е потенцијален партнер кога тоа според мене малце подоцна се случува, прво запознавање, а најбрзото запознавање е 3 дена, а во тие три дена што побрзо човекот да ви каже.
    Најосновно прво вие девојките направетеси место во распоредот за да можите да излезите со некој дечко па после ќе се види каков е типот.
     
    На ku4ence, Victorian и biGirl им се допаѓа ова.
  4. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.313
    Пол:
    Женски
    Зарем 2 недели се малце за да има простор да се докаже каков тип е?

    Од моја лична перспектива, ќе му кажам кратко и јасно, Yes or No. Ако не' го гледам како потенцијален партнер нема потреба да го влечам и залажувам.

    Секоја девојка е индивидуална, јас моето мислење го кажав од мое лично искуство и перспектива. :angel:
    Баш би сакала да слушнам мислења и од други машки на темава. :D
    Ајде напаѓајте.:muscle:
     
    На Victorian, Плавуша123 и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    26.652
    Јас бев во ситуација со еден си пишувавме една година.Ни едншка не изрази желба да се запознаеме.По градот се правеше на Тошо,потоа кога ќе го прашав велеше демек не ме видел.Еден период ми беше деактивиран фб,и тој си нашол девојка.Не ми ни кажа,а јас не знаев.Си пишувавме,а не спомнуваше ништо за неа.На,крај случајно дознав.И не му пишував.Па ми лајкнува се живо.Али,затоа сеа знам.Прво во живо запознавање.А на фб највеќе 1-2 недели ако не каже ништо за запознавање-пријатно.
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Ако во рок од 2 недели не падне договеор за излегување искрено го губам интересот.
    И не значи дека ако излезете на кафе чисто да се запознаете мора да започнете врска.
    Што ако пишувате со месеци а кога ќе го видите дечкото/девојката не ви се допаѓа во живо?
    Значи чисто губење време. Сте мислеле на некој/а кој/а воопшто не е ваш тип.
    Т.е никогаш не сфатив што е поентата да пишувам со саати или да разговарам со саати на телефон ако не сакам воопшто средба. Не ги разбирам ваквите луѓе.
    Без разлика на каков начин сум стапила во контакт со некој дечко ако не ме интересирал јасно му било дадено до знаење.
     
    На DraganFem, Victorian и Miss.A. им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    37.279
    Неее, најјако е коа ти пишуе едно две недели, се труди, се интересира, и уствари дознаваш дека само за е*ење му било. :emo:
     
    На КикиМаус, tamche995, ku4ence и 19 други им се допаѓа ова.
  8. rustiko

    rustiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    125
    Јас несреќа само на ова останувам и потоа си наоѓа женска дечкото хахаха :D:D:D
     
    На Sarahhhhm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас излегувам во рок од недела до 10 дена. Прво, не глумам недостижна. Сакам на маса да видиме кои сме и што сме, виртуелно сите сме јаки.
    Друго, шо потреба да комуницирам виртуелно ако реално нема фајде?!
    И не сум дошла до фаза да ме интересира кому лајкнува и со кого излегува типот со кој пишувам пошо не се залетувам толку многу ако нема дејт или ако воопшто не го имам видено во живо.
    Животот и љубовта се на улица, не на тастатура.
     
    На ku4ence, Dark artist, VictoriaSan и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    44.195
    Пол:
    Женски
    Јас со сегашниот дечко, на почетокот се изнамачив индиректно да му дадам до знаење дека сум заинтересирана со него и дека сакам да искочиме. Очигледно и тој сакал ама работата била кој да попушти прв. :D
    И секако, јас си направив планче, му спремив се на тацна како што викаат, си го наместив муабетот, и тој мораше да предложи прв а јас секако да прифатам :lol:
     
    На strawberry06, IM.TMKQ, VictoriaSan и 6 други им се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Toa mi se najslatkite momenti - koga se zapoznavame. Frcat prasanja od tipot "koj ti e omilen film?", "sto mislis, zosto e toa taka" i drugi prasanja koi ni pomagaat da procenime dali licnosta e vredna za naseto vnimanie ili pak da ja analizirame. Najslatki se onie vrski koi pocnuvaat od drugarstvo, barem za mene.
     
    На КикиМаус, ku4ence, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние кои сакаат да знаат на што се и не можат да издржат долго во оваа фаза. Мора да се знае, да е дефинирано дали станува збор за врска или пријателство.
     
    На Purplelilac, Vitaly, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    И мене искрено ме нервираше овој период многу. Прво неколку месеци поминаа пред да излеземе на кафе а после пројде уште време пред да влеземе во врска. Ама сепак на крајот излезе ок бидејќи имав време да го запознавам каков е и да се премислам ако не ми одговара.

    Колку и периодот да нервира сепак сметам дека брзо влегување во врска и не е најдобра идеа, подобро е да пројде време и да се запознае човекот каков е.
     
    На ku4ence, parksey и DraganFem им се допаѓа ова.
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Проблемот во денешно време е што типициве па и типкиве се допишуваат со 3-4 души наеднаш.
    Така ми се случи со еден да пишуваме и искочивме. Дечкото случајно отвои месенџер и имаше уште три девојчиња на кои им го правеше истиот муабет.

    Затоа сакам искреност од почеток. Треба да се знае дали муабетот е само пријателски или не, да не биде после џабе губење време :)
     
    На КикиМаус, tamche995, strawberry06 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.452
    Допаѓања:
    5.859
    А што да кажам на некој да не се навреди а да знае дека не ми р до кафе со него.
     
    На Purplelilac, Juicy и realGirl им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Прекини со враќање пошо колку подолго пишувате после поглупо е да го откачиш.
     
    На Purplelilac, VictoriaSan, Daern и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    А да седнеш да разговараш со него и да му кажеш дека си заинтересирана да бидете само пријатели? Колку порано го направиш тоа, толку подобро.
     
    На КикиМаус, Purplelilac, VictoriaSan и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Ако сакам нешто посериозно чекам некое време, зависи колку ми треба.. две недели ми се малку да проценам дали воопшто и сакам да излезам со типот. Пребирлива сум, мора да ми одговара на интелектуално ниво, а не после два реда мајтап ајдее на кафее, па таму да ми се разлева некој од разурлани феромони.
    Ain't wasting my time on that.
     
    Последна измена: 11 септември 2017
    На xxAngelxx, tofi-tedy.sweet19, strawberry06 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ми се случи да си пишувам со еден тип шо ме бендисуваше, а мене само ми се праеше муабет, ништо повеќе, и поминаа 8 месеци така, ме умре за да излезиме (секоја недела) и на крај на seen го оставив.. :rain:
    Типов беше постар од мене 6 години и знаеше дека друг бендисувам, а пак пишуваше..
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.398
    Пол:
    Женски
    Мене оваа ми беше најубавата фаза...Ахх платонска љубоФ :smirk:
    Мислиш на него,го чекаш со душа да биде онлајн за да разговарате:P
    Напротив,интересот се губи повеќе кога веќе се ќе се случи меѓу луѓето.Жарот е најголем додека се чека,неизвесноста и фантазијата се прекрасни.
    :f:
     
    На Bozica1980, Annath, Carissa и 6 други им се допаѓа ова.