Здраво женски, ми треба мислење а и искуство ваше на одредена тема. Само што се вратив од Србија каде имав земено три сметки и документи за tax free. Стигам на граница, необележано никаде, ме праќаат во некоја кабина каде што српски цариник ми вика да ги донесам работите кои што сакам да земам tax free. После размена на зборови, ме праќа не кај најблиската агенција (читај: ми рече дека не им се работело таму), ме праќа до фершпед, сама по темница, на ладно да одам да копирам. На пола пат ме фати нервен слом и се откажав. Прашањето ми е, дали можам друг ден да однесам документите или не? Дали може пример некој друг да ги однесе со мој пасош? И дали може пример од Куманово да се застане од оваа страна или треба да се излезе од државата и да се влезе повторно? Јас побудалев 100 на 100, Грција никогаш не барале ни работи што си купил, ни пасош ни сметка копирање. Искуство?
Да истото важи за сите, парите си ги зимаш во продавницата од каде си пазарела, неможе во Гтц, тоа во гтц е само за од еу. Копија од пасош, да ти бидат напишани даночен број на фирма ( тоа во Србија каде си купила го пополнуваат они ама пак провери си), копија од фискалните, лично , со стварите кои си ги купила, можеш и друг ден да отидеш, пасошот да го имаш со себе ( небитно дали со лк или со пасош си прошла).
Мислиш дали над потрошени 50 евра можеш да земеш tax free? Тоа не сум сигурна над која сума можеш ама знам дека не треба да е над 350 евра зошто ако е ке си платиш царина кај нас и нема да ти се исплати tax free.
Еднашка прашав ми рекоа треба сметката да ти е над 50евра за да имаш поврат. Е сега прашањето ми беше пример на шопинг во повеќе продавници купуваш, дали сите сметки ги носиш или мора само од една? Никогаш не сум го правела ова затоа нејасно ми е малку
Од секоја продавница си зимаш сметка и си бараш tax free, кога ќе завршиш со царина на граница и ќе се вратиш пак во Србија конкретно ( мислам 1 година е рокот) си ги зимаш парите од продавниците во кои си пазарела. За од Европа е друга процедура.
Исто бараш tax free некаде над 50, некаде над 70€ ,печат ставаш на последен излез од еу. Пример ако зимаш од Германија и се враќаш со кола , печат ти ставаат на Хрватска граница, ако се враќаш со авион на самиот аеродром. Парите можеш да си ги подигнеш на аеродром на картица да ти ги пуштат (2-3 недели) или кеш со некоја провизија они кои ја зимаат или да си ги земеш од Гтц (цела сума) од менувачницата (незнам како се вика) околу Диоптра оптиката се наоѓаат има 2 зависи од каде ти е taxfree. Од Грција можеш исто во гтц или да си ги земеш од free shop или да купиш нешто (со некој процент за нив).
За Србија конкретно мислам дека е над 6000динари со се ПДВ т.е. 50е. Кога правев поврат копии ми направи еден дечко од наша царина во зградата влеговме, за да не идам до Фершпед услуга ми направи. Србинот само печат ми удри не ми побара ништо од производите да му носам да гледа. Јас не враќав преку Глобал Блу, туку кеш кога се вратив назад. Имаш фора 1 година за враќање со формуларот што ти го даваат.