Дали ви се допаѓа музиката од оваа винтиџ ера? Сметам дека била многу tongue-in-cheek, witty and all around beautiful. Еве неколку:
Јас сум чисто заљубена во музиката и филмовите од тоа време.. А убав ми е и машкиот и женскиот тогашен стил на облекување..
@blonde_supergirl Прекрасна тема! Мене најмногу ми се допаѓаат песните на Brigitte Bardot и Nancy Sinatra во овој период, а и модата исто така почнувала да се менува
Мене па '60-ите ме асоцираат на сосема други ствари - рок енд рол, хипици, војната во Виетнам... Џими Хендрикс, Битлси, Ролинг Стоунси, Крим на Ерик Клептон, Бич Бојс, Криденс Клирвотер Ривајвал и тако даље - па и Иги Поп (во доцните '60-ти). Е тоа се оние '60-ти кои ја ги сакам.
Come on, каде е романсата тука карактеристична за тој период? Хихи, се шалам. И јас растев со рок. Додуша овие ти што ги спомена ги слушав во средно, заедно со метал, претходно до 8мо со ХИМ, ама за нив треба друга тема, да се потсетиме ние жените како паѓавме во занес по него. Хахах, цела соба со постери
Не викам ја дека немало и друга добра музика во '60-ите, него едноставно тие години најмногу ме асоцираат на рок енд рок. Исто како што '50-ите ме асоцираат на џез, '70-ите на панк, '80-ите на synth-pop, '90-ите на гранџ итн. Ама тоа не значи дека не сакам и не слушам ништо друго од тие години освен тие жанрови. Напротив.