Главен лик е генијалецот Шон Марфи, млад хирург дијагнозиран со аутизам и савант синдром (савантизам). Во серијата е прикажано неговото тешко детство и предизвиците со кои што се соочува во сегашноста како хирург во престижна болница. Серијава е нова, под жанр Medical/Drama; Рејтинг на IMDb: 8.5/10 Gлавен лик е Freddie Highmore; Серијава е од David Shore, креаторот на House. Oд серијава се излезени само 4 епизоди и мене лично многу ми се допаѓа. Едвај чекам нова епизода Ја препорачувам серијава. Трејлер:
Серијава станува се подобра и подобра. Плачев на последнава епизода. Спојлер Срце ми се скрши за близначките, не беше фер, не можам ни да замислам таква болка. Баш ми е жал леа што замина, сакав да видам како ќе му го промени животот. Ајде, рано е, ќе има некоја друга. Мислам дека Мелендез со Браун ќе биде, некако натака ми оди работава.
Не е серијава за мене. Не сум во пмс, а некако вака сум: Многу е добар Шон. Многу, како актер, како личноста која ја презентира. Ми се допаѓа како успева да репрезентира личност on the spectrum, прашањата кои ги поставува се на место и реално тоа се прашања шо мислам дека секој би требало да ги поставува понекогаш и светот би бил подобар. Врската која ја има Шон со директорот ме носи како на гифчето погоре. Или мемориите од брат му и од зајчето исто така ме носат како гифчето погоре. Буквално после секој епизода плачам, на почеток на следната сум океј и на крај пак си плачам. Треба и јас да се средам. Имам неочекувани симпатии за: Има нешто на лицево што ме тера да ми е атрактивно, иако јас фаќам страни и овај некако ми се коси со тоа што јас фатив страна на Шон. Ама и го сфаќам колку е внимателен, и тоа што не верува во Шон ме тера да мислам дека само навистина се грижи за пациентите. Ајде имам уште епизоди да видам за кој ќе навивам до крај. Предобра серија, навистина.
Спојлер Зошто Гласман не може да му биде пријател? Му треба повеќе пријател на Шон, зошто мора толку еднодимензионален да му биде односот? Ме разочара. Ми се допаѓа во серијава што не е некако клише серија, Шон е главниот лик, сите навиваме за него и секогаш испаѓа во право, најдобар е и сите идеи се негови. Епа одлично е што не е така и што не го знаеме секогаш крајниот резултат. На Калу му текна што е работата во последнава епизода, но нели е сега во the dog house, па реагираа дури откако и Шон рече дека е можно. Но, и Браун и Калу се добри, не се ставени само колку Шон да испаѓа секогаш најпаметен. Мелендез и мене така симпатичен ми станува.
Мелендез ми е симпатија. Ја следам редовно серијава. Хаус ми е ол тајм фејворит серија. Ме потсеќа на убаво време кога ја гледав, па и глумциве што се појавуваат чат пат ме навраќаат. Следна епизода 4 ти Ноември.
Многу беше добар моментот Спојлер со Клер и Мелендез. Ептен сакам да се заедно, многу некако ми одговараат. Со Лим баш тотална утка ми беа, извештачени многу. Шон и Карли... Не знам, некако со Леа подобри беа. Ептен ми беше жал за Клер со мајка и така што завршија работите. Баш кога почнаа да се подобруваат.
Спојлер Се согласувамм!! Некако ги ship-нувам Клер и Мелендез уште од прва сезона. A за Шон, и јас мислам дека е подобар со Леа. Карли или премногу го форсира или апсолутно ништо не прави. Или ќе биде по Шон или ќе биде по Карли (и најчесто е онака Шон како што ќе наложи). Леа држи баланс, и најдобро се одразува тоа по Шон.
Ќе има 4та сезона од серијава или ова беше крај? П.С една од најдобрите серии нови. И дејството и развојот на ликовите од сезона во сезона
The medical drama series, which stars Freddie Highmore, will return for the 2020-2021 broadcast season. - ABC