https://www.imdb.com/title/tt3581920/?ref_=tt_mv_close The last of us, нова серија околу која се крена голема прашина. Во тек е првата сезона, последната епизода уште треба да се емитува. Јас допрва ќе почнам да ја гледам, и баш и се радувам. Како ви се допаѓа, кои ви се впечатоците?
Јас се навлеков на серијава, мене ми е интересна. И покрај тоа што има зомбиња, тоа е сведено на минимум и гледам без гајле Се е многу добро доловено, значи од тоа како се случува апокалипсата, како настанал вирусот, зошто Џоел е таков каков што е, приказната на Ели итн.. И затоа што отприлика се знае што се случува во серијата сепак си некако на штрек. Ели, односно Бела глуми одлично, Педро веќе знаеме дека е докажан актер, the daddy of the internet . Третата епизода велат е најтажната епизода на сите времиња, а деветата најгледана. За деветата се согласувам, за третата не Изгледај неколку епизоди па сподели што мислиш.
Изгледав неколку, седум. На почетокот не можев да сфатам зошто е толку популарна серијава. Океј, зомбиња се, без разлика како дошло до тоа, сепак се зомбиња. Концептот не е ништо ново, ниту оригинално. Донекаде и уште не ми е јасно. Е сега, како течат епизодите, емоционално станува понапната, се врзав скроз за ликовите. Ели на почетокот ме нервираше, актерката ми е малку чудна, ама сега веќе ептен ја засакав. И Педро, исто не можам до толку да го видам сексапилот, зошто е толку секси и привлечен, ама, сега како стана поемоционално, увидов. Побитни ми се емоциите изгледа. И јас не се согласувам дека најтажна беше третата епиода, мене најсреќна ми беше. Spoiler Во такво време најдоа љубов, го проживеаја животот заедно, умреа заедно. Кога скоро сите станаа зомбиња. Тоа тажно е? Да не се случеше апокалипсава Бил ќе си останеше еден јаден човек и ни љ од љубов немаше да види. Така што... Деветата мислам не е излезена уште? На осмата да не мислиш? Како и да е, добра е серијава, само не е за паѓање во несвест едноставно.
Вистина, деветата била, сум се помешала. Во право си, не е за паѓање во несвест, верувам популарноста и ја донесе тоа што е правена според видео игра и актерите, емоциите што ги пренесуваат. А и Педро, таков мрсен и небањат, најсекси маж што постои. Нејсе, сега ме интересира како ќе заврши сезонава, што ќе се случи со Ели и што ќе му биде на Џоел смислата за живот Spoiler: Ели прочитав дека Ели нема да се појави во втората сезона, па кој знае што имаат смислено за крајот на сезонава. Ако ја умрат ќе го скршат Џоел, премногу се приврзаа...
Серијата ја немам гледано но знам дека е работена според истоимената видео игра од 2013 година, а која доби и свое продолжение 2020 год. па делумно популарноста се должи и на тоа бидејќи публиката ширум светот веќе основите ги знае од таму. Сепак игрите беа достапни само за сопствениците на Sony Playstation платформата, а годинава (2023) се очекува да се појават изданија и за PC. Првите неколку минути од приказната во игрите:
Spoiler Мене не ми е јасно едно нешто, цело време ја носат Ели да помогне за лек, ама нели мислат дека ќе ја убијат за да и направат обдукција, целосно да видат што е тоа во нејзиниот организам што е отпорно? Како мислат дека само од нејзината крв ќе најдат одговор за нештово што е незапирливо? Многу наивно. Ептен се поврзаа, што и да се случи претажно ќе биде. Кога ја изгуби ќерка му беше прерано за нас гледачите да сме ептен емоционално инвестирани, ама сега...
Ја гледам заедно со брат ми. Мноогу ми се допаѓа. Не е само од типот ,,Имаше зомбиња, се бореа, некој умре и среќен крај". Исто како и другите, емоционално се поврзав. И ми се допадна приказната, не е баш некоја нејасна приказна како некој се зарази и сега е зомби, дури и се уплашив во еден момент стварно да не има ваква зараза заради објавувањето на почетокот (чукната сум малце понекогаш)
За играта слушнав од еден бивши Играјќи се запознав и поврзав со оваа приказна. Серијата мене многу ми се допаѓа, Pedro Pascal e daddy. Ели глуми одлично. Интересно ми е дека двајцата главни актери имаат глумено во GoТ, иако немаа ни една заедничка сцена ако не се лажам. Третата епизода беше тажна, ама не ме погоди онолку како епизодата со двајцата браќа, на таа се утепав од плачење. Иначе нема толку хорор vibes, очекував повеќе, играта е далеку појезива. Ама па акцентот е ставен на приказната и мене тоа ми се допаѓа. И иако знам како ќе се развиваат нештата понатаму едвај чекам да видам како ќе го изведат тоа екранизирано.
Да бидам искрена некако лошо се изведени инфицираните, главата им е направена језиво, ама премногу човечки се однесуваат, не знам како да објаснам, како да не е баш уверливо. Играта сигурно е одлична што се однесува на ефекти и сите овие работи. И баш поради тоа не би ја играла никогаш. Изгледа само мене Педро не ми е до толку, некако лицето му е премногу широко.
Една од најдобрите серии што ги имам изгледано. Третата епизода ми е меѓу најдобрите и најтажните во серијата до сега.
Леле осмава епизода. Spoiler I got you baby girl, I got you. Ели лавица. Оној ми се чини од најзабеганите досега беше. Одвратен. Кој ќе чека сега.
Секоја епизода во серијава е нов уникатен шамар. Навистина знае како да те натера да се поврзеш со секој лик. Педро и Бела ми се одлична комбинација заедно, и пресмешни ми се. Се надевам ќе излезат и двајцата живи и здрави од сево ова. Третата епизода и мене ми беше многу убава, ама колку и да има слатки моменти мора да внесат нешто што ќе ти го расцепе срцето. Исто така ми се допаѓа кинематографијата, има некои кадри што се стварно предобри. И зомбињата мене ми изгледаат доста реалистично. (Имав едни заборавени компири, и огромните никулци што ги имаа страшно ме потсеќаа на нив, језивко беше. )
Да си жива и здрава. Зашто е толку популарна се чудев и јас, мислам зашто е правена по компјутерската игра и е доста автентична на приказната.
Предобра е серијава, плус е верна копија на оригиналот. Нешто поинакво од се она што имам гледано со зомби. Третата епизода и мене најмногу ми се допадна. Толку многу љубов во едно такво лошо пост апокалиптично време. Многу ме бендиса нивната сторија, ама стварно исто толку и ми беше тажно. И мене не ме свиѓа иначе Педро ништо посебно, ме влече само тоа како добро го носи неговиот лик Џоел. Бела е исто одлична.
Мислам дека сите серии со зомбиња што постојат ми се изгледани , ама ова досега ми е најдобра, баш поради приказнава помеѓу двајцата а и баш ми смеат. Едвај ја чекам следнава епизода.
Одлична. Некако дека поминавме низ некоја пандемија па оваа тематика веќе и не ми изгледа толку далечна или нереална па затоа и ми е језа после секоја изгледана епизода. Кастинг перфектен. Во исчекување на финалето сум
Верувај, и не е далеку од вистината. Т.е. ова е една од ретките серии каде што самата зараза е објаснета и втемелена на нешто природно. Постои таков fungus во природата што претвора инсекти во "зомби", ги контролира, се храни така, шири и комуницира. Човекот е имун, ама којзнае што може да се случи во иднина, да "мутира" во некоја лабораторија како Ковидот. Во серијата се работи за мутирана верзија на Cordyceps. *** Последните епизоди беа одлични. Беа повеќе емотивни и почна да се гледа поврзаноста на Ели со Џоел. Во првите епизоди тоа апсолутно не можеше да се види, и јас, како и многу други бевме шокирани кога ја видовме Бела во улогата на Ели, поради тоа што воопшто не личи на неа, ниту пак соодвествуваше на стартот со ликот во играта. Пример, девојчето од Aftersun филмот ќе беше многу подобар избор, иако Бела покажа со глумата зошто е избрана. Третата епизода беше најлошото нешто во цел серијал, тотално филер епизода која немаше никаква поврзаност со приказната. Можеа сето тоа да го претстават пократко, и да го внесат подобро. Тоа беше и единствениот дел што не соодвествуваше со играта, туку беше така, натурена. Доколку ги направеа епизодите пократки, а повеќе на број, каде што ќе имаше време да се билда дејството ќе беше многу подобро за да се поврземе со карактерите. Овака, секоја епизода нови ликови, нов негативец, друга локација. Солидна серија, ама не на ниво на најдоброто нешто што сме го виделе.
Делот од Planet earth каде што беа прикажани овие спори како дејствуваат: Убав коментар кој објаснува како дејствуваат во играта/серијата: Интересно видео на темата. Иначе во играта заразата се развива во Латино Америка, во серијата, во Индонезија.
Пак емоциите ја спасија. Мене ми се допаѓа што не се знае на почетокот која е поврзаноста со Џоел и Ели. Сега вие со играва сте како обично сите со книгите, ама во книгата не беше така. Се сложувам дека последните епизоди се подобри, посебно ако не си ја играл играта и немаш неаква поврзаност со серијава. Ама пак, емоциите ја водат.