The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    72.221
    Пол:
    Женски
    Мислам дека редно е да отвориме тема за брендот на DECIEM - The Ordinary, пред сè од практични причини, за информациите кои изминативе месеци се протнуваа низ различни теми од категоријава, да бидат сублимирани на едно место.
    Capture.PNG
    Оние кои бараат некоја поопширна информација околу одреден производ од линијата, или воспоставување рутина, тука ќе можат попрегледно да издвојат нечии мислења или искуства.

    За брендот нема да должам многу, затоа што тука може да се прочита практично сè, почнувајќи од нивната филозофија па сè до поединечни продукти, има и рецензии од корисници.

    Во темава меѓу другото, би било добро да ги споделиме нашите искуства со некои од производите кои сме ги пробале и да ги споделиме дневната/ноќната рутина на нега на лице која вклучува нешто од The Ordinary.

    Јас засега, производи од The Ordinary вметнав само во ноќната нега на кожата на лицето.
    Ги користам:
    • Glycolic Acid 7% Toning Solution
    • Salicylic Acid 2% Solution
    • Niacinamide 10% + Zinc 1%
    Ги нанесувам баш така како што се набројани - тоникот на цело лице (без околуочна регија), другите по потреба во одредени делови од лицето.
    Пред The Ordinary триото, лицето најнормално го мијам со гел за лице и го тонирам со некој тоник, па продолжувам со The Ordinary и на крај ставам масло околу очи и ноќна крема.

    Засега ми е океј, кожата не пројави никакви несакани рекации на некој од трите продукти, но сè уште е рано за какви било ефекти, со оглед на тоа што сево ова го практикувам само две недели.
    Мислам дека потребно е повеќе време за резултатите да бидат очигледни.

    Ама притоа морам да напоменам дека продуктиве не ги купив со намера да третирам акни (ги препорачуваат за проблематична кожа исто така), туку пред сè за порите кои многу ме нервираат зашто речиси секогаш се полни со црнки и делуваат нечисто.
    До сега, можам да кажам дека порите изгледаат доста почисто и не се полнат толку многу како порано, па за понатаму останува да продолжам да ја спроведувам негата и да видам како сите овие продукти ќе се покажат на подолга дистанца.

    Во меѓувреме го нарачав и хемискиот пилинг AHA 30% + BHA % Peeling Solution, од него очекувам доста, па останува да видиме.

    Една важна напомена: сите продукти кои во себе содржат ретинол и BHA (бета-хидрокси киселини) се препорачува да се употребуваат навечер и задолжително да се нанесува заштитен фактор на лицето, доколку излегуваме надвор.
    Од проста причина што, БХ-киселините ја прават кожата осетлива на сончевата светлина, па истата мора да се заштити соодветно со ЗФ дури и во зима.

    Епа, може да почнеме со муабетење.

    Ќе ве тагнам за да видите, па може да ја продолжиме дискусијата тука, за да не се бркаме по темите и да ни биде сè на дофат тука.
    @lovemme @sorbet @x.Daisy.x @Sexybaby86 и останатите - повелете со вашите искуства. :)
     
    На MissDior, kala21, Ana-Marija24 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    106.163
    Јас веќе некое време ги меркам :)
    Посебно тие за сува/дехидрирана кожа.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    5.444
    Пол:
    Женски
    @Mishela каква кожа имаш?Glycolic acid тоникот го гледам но се мислам дали ке ми одговара бидејки сува кожа имам, но исто така и митисери на носот и брадата. Па можеби би го земала да ја третирам таа регија само, ако е ефикасен.

    Инаку гледам и други продукти. Хијлуронската киселина обавезно ке ја порачам, можеби и некое од маслата.

    Е сега имате ли некој предлог што би одговарало за пределот околу очите, за ситните мимички линии плус се резултат и на сува кожа. Го гледав Argeline solution, баш е за таа намена, ама по долго читање решив да не го порачувам. Многу поделени мислења на интернет за него, а и рецензиите се претежно од жени на возраст од 35+.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    72.221
    Пол:
    Женски
    @oblace1 имам комбинирана кожа - масна Т-зона и нормални образи.

    Ми одговара тоникот, не сум приметила иритации или црвенила засега. Не затега, делува освежувачки на кожата, како млаз вода. :)
     
    На ludamaja10 и oblace1 им се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.624
    Моментално го користам 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed масло кое воедно мислам дека им е еден од култните производи. Содржи високо ниво на омега „fatty“ киселина и се препорачува главно за проблематична кожа, склона кон акни и за избледување на лузни од акни.

    Ставам по 2-3 капки, навечер над хидрантантната крема. Едно правило при користење на масла за лице е дека секогаш маслото оди над кремата зашто може да се протне низ неа (и други хидратантни лосиони), а не vice versa. Леџит rose hip seed масло никогаш нема да мириса на рози туку ќе има поземјен мирис, сличен на ленено масло.

    Задоволна сум, не ми создава никакви алергии ама претешко ми е за употреба повеќе од два до три пати неделно.

    Од каде порачуваш @Mishela, од вебсајтот на Deciem?

    Ја следевте драмата околу Brandon Truaxe? :lol:

    Ова, продавничките им се баш tumblr vibe aesthethics. :D

    upload_2018-11-16_17-21-8.jpeg
     
    На buba4e89, Oxymoron, Ana-Marija24 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.554
    Допаѓања:
    76.928
    Пол:
    Женски
    Ги нема веќе?
    Screenshot_20181116-181608.png
     
  7. sorbet

    sorbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    5.108
    На buba4e89 и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    12.783
    Пол:
    Женски
    Јас имам две прашања.
    1.Дали ги има во Скопје или преку интернет се нарачуваат
    2. @Mishela што ти помогна за црнките и порите конкретно и за колку време?Носов ми е лом, а продуктите од Авон имаат ефект 5-10минути (facepalm)
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.554
    Допаѓања:
    76.928
    Пол:
    Женски
    Си чекав блек фрајдеј. :)
     
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    57.433
    Ги имаш и на lookfantastic.

    Го користам Ретинол 0.5% растворот и сум задоволна, ми го враќа сјајот и свежината на лицето.
     
    На buba4e89, ludamaja10 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.880
    Допаѓања:
    72.221
    Пол:
    Женски
    @DzingrlakaDzikica нарачувам од beautybay, ги има мислам и на lookfantastic ама досега немам нарачувано од таму.

    @Feminka22 уште ништо не ми помогнало против црнките, пишав во воведот засега што употребувам и на кој начин. Рано е за резултати. :)
    За понатаму ќе видиме, ќе пишам.

    Видов дека си пишала за кај може да се најдат; ги нема кај нас, може да се нарачаат само онлајн, еве на пример од beautybay, како што спомнале девојкиве пред мене.
     
    Последна измена: 16 ноември 2018
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    81
    Јас исто си искористив Блек Фридеј (кој порано дојде на бјути беј) :clap:и си земав Natural Moisturizing Factors + HA i 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil. Едвај чекам да пробам. Ке пишам за импресии8-|
     
    На buba4e89, Sexybaby86 и Fifi84 им се допаѓа ова.
  13. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    Ќе ми стаса целата пратка на домашна адреса или во пошта?
     
  14. sorbet

    sorbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    5.108
    Од пошта би требало да ти се јават или да ти донесат до дома ливче да си ја подигнеш пратката.
     
  15. Fifi84

    Fifi84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
  16. Fifi84

    Fifi84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
  17. sorbet

    sorbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    5.108
    Да пишам што сум користела од The Ordinary:

    Напомена: Мојата кожа е масна, склона кон акни, со проширени пори и флеки.

    1. Alpha Arbutin 2% + HA
    [​IMG]
    Aqua (Water), Alpha-Arbutin, Polyacrylate Crosspolymer-6, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Propanediol, PPG-26-Buteth-26, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Lactic Acid, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin.
    Алфа арбутинот е безбедна состојка која ја избелува кожата така што го намалува лачењето на меланин, а хијалуронот помага во транспортот на хранливите материи длабоко во кожата. Серумот го порачав со надеж дека ќе ми ги избледи флеките од акни. Во периодов од 3 недели колку што го користам забележав дека побрзо ми избледуваат (имав дамки кои со месеци ми се познаваа, а серумот го забрза процесот на избледување). Го користам навечер, пред водата и маслото од дива роза на Алверде. Значи, серумов се користи за избледување на темни дамки, а не за црвенила. Единствена замерка ми е хијалуронската киселина бидејќи мојата кожа не е баш спремна за хијалурон, но до сега имам добри резултати, па ќе продолжам да го користам серумов додека да се потроши.

    2. Niacinamide 10% + Zinc 1%
    [​IMG]
    Aqua (Water), Niacinamide, Pentylene Glycol, Zinc PCA, Tamarindus Indica Seed Gum, Xanthan Gum, Isoceteth-20, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin.
    Ниацинамидот е Б3 витамин кој помага во подобрување на состојбата на кожата, додека цинкот ја заздравува кожата. Го користам наутро на т-зоната за да ми се стеснат порите и да се намали лачењето на себум за да не засветам во текот на денот. По нанесувањето се чувствува „лифтинг“ ефектот и порите ми се значајно намалени.

    3. AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution
    [​IMG]

    Glycolic Acid, Aqua (Water), Arginine, Propanediol, Cocamidopropyl Dimethylamine, Triethanolamine, Salicylic Acid, Aminomethyl Propanol, Lactic Acid, Tartaric Acid, Citric Acid, Panthenol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Tasmannia Lanceolata Fruit/Leaf Extract, Daucus Carota Sativa Extract, Glycerin, Pentylene Glycol, Polysorbate 20, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Ethylhexylglycerin, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol.
    AHA или гликолната киселина дејствува на површината кожата, додека BHA или салицилната киселина продира во внатрешноста на кожата. Гликолната киселина е застапена со 30% и е на прва позиција, така што е доминантна во растворот. Таа се препорачува за зрела кожа склона кон хиперпигментација. Растворот се користи еднаш до максимум два пати неделно, на чиста и сува кожа и треба така да отстои 5 до максимум 10 минути. Јас го користам навечер, но доколку се користи наутро задолжително е потребен заштитен фактор. Има чуден мирис и црвена структура (во спојлер слика како изгледа намачкано на лице)
    [​IMG]
    и забележувам дека наредниот ден кожата ми е во полоша состојба бидејќи ми ја вади секоја нечистотија од неа. Но, самата структура на кожата е поблескава и изедначена, а акните (особено цистичните акни) се повлекуваат и заздравуваат многу побрзо. Овој раствор не е наменет за лица кои се под терапија на Роакутан бидејќи може да ја спржи кожата поради високото количество на киселини.

    4. Azelaic Acid Suspension 10%
    [​IMG]
    Aqua (Water), Isodecyl Neopentanoate, Dimethicone, Azelaic Acid, Dimethicone/Bis-Isobutyl PPG-20 Crosspolymer, Dimethyl Isosorbide, Hydroxyethyl Acryalte/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Polysilicone-11, Isohexadecane, Tocopherol, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Isoceteth-20, Polysorbate 60, Triethanolamine, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin.
    Азелаичната киселина помага во намалувањето на црвенилата од акни и прави нежен пилинг на затворените пори и безживотната кожа. Може да се користи за сите типови кожа бидејќи е природен антиоксидант кој се создава на кожата. Исто така многу е важно да се користи заштитен фактор поради фактот што предизвикува чувствителност на кожата на сончева светлина. Вообичаено ја користам навечер, кога не го користам алфа арбутинот. Предизвикува пецкање на кожата кое во почетокот е малку непријатно, но подоцна се навикнав. Наутро кожата ми е блескава и акните ми се значајно повлечени. Единствена замерка ми е диметиконот, но бидејќи немам нус појави ќе продолжам да ја користам оваа суспензија.

    5. Caffeine Solution 5% + EGCG
    [​IMG]

    Aqua (Water), Caffeine, Propanediol, Glycerin, Maltodextrin, Epigallocatechin Gallate, Sodium Hyaluronate, Glycine Soja (Soybean) Seed Extract, Urea, Tocophersolan, Hydroxyethylcellulose, Poloxamer 235, Poloxamer 338, Xanthan Gum, Lactic Acid, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Butylene Glycol, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin.
    Серумов за пределот под очите содржи високо ниво на кофеин кој ја оживува кожата и ги стеснува крвните садови за да се намали темнилото и подуеноста на подочниците. EGCG (epigallocatechin gallate) се добива од зелениот чај кој има антивоспалително дејство и го реактивира епидермисот кој е во фаза на умирање. Серумот го користам кога ќе се преспијам и очите ми се подуени за да го оживеам тој предел. Исто така за некоја нијанса ми се побледи подочниците и вдлабнатините не ми се истакнати кога сум нашминкана.

    Следно на листата на производи кои сакам да ги пробам се:
    1. Rosehip seed oil (кој го порачав и чекам да ми стигне)
    2. Некој од ретиноидите, само се мислам со колква концентација да биде
    3. Coverage foundation SPF 15
     
    На buba4e89, ludamaja10, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Fifi84

    Fifi84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Еве јас го земав со 2% концентрација, ке почнам од утре да го користам, и ке пишам :)
     
    На ludamaja10, Sexybaby86 и sorbet им се допаѓа ова.
  19. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    14.768
    Пол:
    Женски
    Јас масло секогаш ставам на исчистено,влажно лице,не сум слушнала дека треба врз крема:?:
     
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.624
    Не пишав никаде дека треба, муабетот беше во случај ако се комбинира со крем и/или серум.