The Pussycat Dolls е женска група формирана од кореографката Robin Antin. Групата постои од 1995, но комерцијалниот успех го доживуваат во 2005 со албумот PCD и синглот Don't Cha. Во 2008, групата ја напушта најстариот член, Carmit Bachar, а неколку месеци подоцна, групата го објавува својот втор албум Doll Domination, кој исто така се искачува на врвот на светските топ листи, но неговата продажба е доста помала за разлика од нивниот прв албум. По нивната втора светска турнеја, Jessica Sutta, Ashley Roberts, Kimberly Wyatt и Melody Thornton изјавуваат дека ја напуштаат групата, додека Nicole Scherzinger ја напушта групата, истата година подоцна. Има многу теории за тоа зошто Pussycat Dolls се распаднаа, но сите водат кон една, т. е. фактот што само Nicole е водечки вокал во групата, иако и другите девојки се гласовно способни и целта им била да станат пејачки, но не добиле шанса да ја достигнат во групата. По нивното одвојување, Nicole продолжува со музичката кариера и комерцијалниот успех, додека другите девојки се речиси заборавени од публиката. Во 2017 почнува да се шпекулира дека девојките се обединуваат и планираат турнеја, додека во ноември 2019 тие потврдуваат дека после 10 години во групата се враќаат сите девојки, со исклучок на Melody. Неколку дена подоцна Pussycat Dolls настапуваат за првпат после речиси една декада на британскиот X Factor. Настапов е неверојатен во однос на тоа што само неколку дена имале да се подготват, само што мислев дека кога веќе прават reunion, ќе направат некоја промена и можеби ќе ги чуеме другиве девојки да пеат, но од тоа што може да се види и чуе од новата песна, пак Nicole e во прв план. Баш ме интересира како ќе поминат со новата музика, бидејќи во изминативе десет години поп музиката отиде во сосема друг правец. Што мислите вие за овој comeback?