Има 2 сезони и 20 излезени епизоди. Многу интересна и лабава серија, брзо се гледа. Сакам вакви серии за студентски живот, секогаш ми се интересни. Сценариото е предвидливо и просечно, ама за ваков тип серии тоа ми е очекувано. Како што и самиот наслов кажува, се работи за животот на студентки кои само што започнуваат на факултет. Гледајќи ја, сите се потсетуваме на нашите денови на факултет како бруцоши. Дејтови, журки и факултетски денови - се што еден просечен студент може да искуси е прикажано во серијава. Ја гледа некој?
Прочитав некаде дека во пролет 2024 изгледа ќе има нова сезона. Само не сум сигурна дали 100% е точно ова.
Ќе излезе 3та сезона, но Leighton нема да ја има веќе. Ќе се фокусира актерката на пејачка кариера. Штета, некако се навикнуваш на сите овие ликови. Серијата е инаку топ, смешна, ти прираснува за срце, relatable на некој начин итн. Ми фали.
Штета, нема да е исто без неа... Третата сезона навистина на пролет ли ќе излезе? Јас на различни места различно прочитав, не знам веќе која информација е точна.
Ја изгледав јас, и препорака пишав тогаш зашто навистина ми беше супер. Омилена дефинитивно сè уште ми е Кимберли, а најнапорна ми е Бела. Со душа чекам трета сезона.
Многу добро си ја опишала серијава. Кимберли и мене ми беше многу интересен лик, а Витни ми беше некако најантипатична.
Кога излезе серијава бев студентка и ја почнав по препорака на колешка. Интересна е, повеќе наменета за помладата популација. Не ја имам гледано втората сезона, а цела прва сезона ја изгледав. Додека им излезе нова сезона, ќе заборавиш веќе и што си гледал, сум ја заборавила затоа и ми остана недогледана. Вреди да се гледа втората сезона, добра ли е како првата сезона што беше?
Добра е, изгледај ја и 2 сезона. Нема ни многу епизоди, брзо се гледа. Јас едвај чекам 3 сезона да има.
Спојлер Продолжи да студира. Бараше начини како да го плати семестарот. Да не ти кажувам премногу како успеа да најде пари, да ти биде поинтересно кога би гледала.
Многу ми беше сладок тој глумец, зошто ли го тргнале од серијата. Се надевав дека ќе имаат среќен крај Извини сто прашања те прашав, уште да ми кажеш каде ја гледаше сезоната?
На почеток имав линк оставено, со српски превод може да ја гледаш ако сакаш. Нема проблем, темава за дискусија е. Прашај си што те интересира.
Сега видов, не сум приметила. Ќе ви напишам впечатоци кога ќе ги изгледам епизодите. Фала на одговорите.
И јас да надополнам Добра е серијава за опуштање, за чудо ми стана интересна се надевам ќе има 3-та сезона.