1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Witcher

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yowannty, 20 декември 2019.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    122.921
    Пол:
    Женски
    Вештерко е ловец на чудовишта, во свет каде што често се докажува дека луѓето се поизопачени од чудовиштата.
    491A8910-1CD3-4536-9037-0FF7CFA0E9D2.jpeg

    Како и обично, серија од овој тип е базирана врз книги, овој пат од полскиот автор Andrzej Sapkowski. Пред серијава, The Witcher беше доста популарна видео игра, сеуште е.
    Пред да останам трудна, со маж ми толку бевме заразени со игриве, што гејмавме во секоја слободна прилика. :D

    Од денеска првата сезона е на Нетфликс, се надевам ќе привлече внимание за дискусија. :)

    Не најдов тема за серијава, ако веќе постои, а сум ја промашила.. канта. :)
     
    На baby-blue-eyes, Guns N` Roses, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    35.515
    Пол:
    Женски
    Ја почнав денес, ми привлече внимание, ќе ја продолжам. Инаку игрите не сум ги играла, ниту сум запознаета со книгите.

    Прво што ме привлече беше рејтингот и самата приказна. Во потрага бев по серија со кралства, интриги и добра акција. А Гералт баш ми фаќа око. :$

    Ќе коментирам и подетално засега воглавно после прва епизода имам доста добар впечаток. :~:
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    22.092
    Пол:
    Женски
    И Мм ја играше играта и кога видовме на Нетфлекс дека ќе почне серија ( само јас прво сфатив дека е филм |( после видов дека е серија)се прерадувавме.
    Па сме со надеж да ја почнеме вечерва.
    Очекувам и серијава да е добра како и играта.

    П.С. мислам дека направиле многу добар избор на главниот актер :inlove:
     
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.580
    Допаѓања:
    127.325
    Пол:
    Женски
    Го ставив на watchlist на imdb ќе го симнам и гледам од утре. Гледам цела сезона излегла на 20ти. :inlove:
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    28.350
    Допаѓања:
    222.853
    Изгледавме две епизоди...
    Не сум импресионирана...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.358
    Тотално промашување (ништо чудно, Netflix продукција нели...)!

    Во однос на играта Witcher 3: Wild Hunt нема никаков колорит, глумата како за во театар а не филм, музиката со сила правена, па ставиле уште и актери црнци бе! Секако не се проблем самите црнци по себе, но тоа би било исто како да снимаш филм за древните африкански култури ама со белци, едноставно не припаѓаат во тој простор и тоа време. Имено, целата приказна од книгите и играта е базирана врз старословенска и нордиска митологија околу 12-13 век. (авторот е полјак - Анджеј Шапковски).

    Кратките филмови во самата игра се далеку по живописни и поинтересни со далеку пооргинални гласовни актери, музиката исто така (Ој Лазаре Лазаре, Није мене наранча родила и тн...). Додуша за да се доживее играта во нејзиното полно визуелно изобилие (ray tracing mods на пр.) и ефекти, соодветната компјутерска конфигурација за многумина моментално (2019) е сè уште скапа (играта излезе мај 2015).

    Погледнете ги само воведниот филм и трејлер од самата игра! Мислам дека се неспоредливи со серијата:





    п.с. Не знам кој би бил соодветниот превод за Witcher на македонски? Вештер? А што означува на македонски вештер? Бидејќи Witcher не е машка вештерка.
     
    Последна измена: 22 декември 2019
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    77.564
    Пол:
    Женски
    Јас ја завршив и некако и мене не ми се допадна толку колку што очекував.
    Не беше толку лоша ама не би ја гледала ако има друга сезона...едноставно не ми го направи ќеифот и на сила ги догледав последните три епизоди.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.820
    Ја изгледав цела сезона. Не е некоја спектакуларна приказна но добра е, би ја гледала и следната, но 2021 е некако многу далеку.

    За главниот актер немам коментар.

    Сум го гледала во многу филмови, но никаде до сега физички не ми привлекол внимание, слаба сум на такви борбени типови, со сериозен став ( глума ), па и плавата коса му стои совршено.
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    122.921
    Пол:
    Женски
    Шапковски “witchers” ги опишува како ловци на чудовишта, кои развиле натприродни способности за да се борат со истите. Зборот Вештер од словенската терминологија најблиску опишува човек со натприродни моќи, ако постои посоодветен уште поубаво.


    Очекував многу повеќе од серијава и апсолутно не може да се спореди со игрите кои се далеку повпечатливи и интересни. Како сцените да беа нафрлани, а можеби оти ги знам игрите па цело време споредував. Приказната беше нецелосна, на моменти досадна и развлечена, честопати фалеше нешто да се дешава што не е случај со игрите.

    Сепак, не ми беше ниту толку лоша за да не ја гледам следната сезонa. Накратко, ми се допаднаа визуелните и музичките ефекти. Ми се допадна тоа што беа употребени зборчиња од словенско потекло за опис на одредени појави. Имаше и доста интересни пораки/цитати. Ми се допадна тоа што без разлика дали се работи за имагинарен или реален свет, bottom line, сепак сите имаме банални комплекси поради кои патиме и сите сакаме да имаме некого.

    Имам уште многу да пишувам ама толку ми дозволува времето.
     
    На candy.cane, LadyC, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    77.564
    Пол:
    Женски
    Скроз исто мислам и јас. Да седнам пред компјутер ќе напишам и мое образложение, од телефон ќе треба да типкам пола саат. :tmi:
    И речиси секогаш е така со сериите и филмовите адаптирани по игри. Нешто им фали, дали некој Х-фактор, дали не се целосни и често кратките филмчиња во игрите се светлосни години подалеку од сериите/филмовите во однос на квалитетот на самата приказна.
    Иста ваква утка беше и филмот Warcraft пред 3-4 години, скроз исто, баш си коментиравме прееска со дечко ми.
    Ни актерот не ми направи мерак, не знам, но во секој случај очекував повеќе.
     
    На Yowannty, daylight и ane.bella им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    59.953
    Лелеееееее, јас се фасцинирав од серијава. А не мислев дека ќе ми се допадне, ама чим има магии... gimme gimme :D

    Дм ме натера да гледаме една епизода и за негов мерак попуштив. Бев у фазон, као ајде, уатевер, ќе гледаме 1 саат и после мавни ми се. Епа 4 епизоди изгледавме тој ден, он надуен како паун дека конечно гледаме нешто заедно, по вторпат ја изгледа со мене :D

    Бајаги се навлеков, и Вичер Вики ја исчитав. Сега книгите се на ред. :tmi:

    Вака последно за Хари Потер се попалив пред 17-8 години. :rofl:

    Верувам дека игрите се далеку подобри, но мене целата приказна ми беше уау!
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    5.854
    Пол:
    Женски
    Само што ја догледав серијата и искрено не сум баш воодушевена. Ги немам читано книгите, ниту играно игрите, па според тоа ми беше доста конфузна. Приказната сама по себе е многу интересна, но според мене нафрлија премногу информации за многу кратко време. Глумата на Хенри накратко кажано е одлична! Серијата има голем потенцијал па hopefully наредна сезона ќе биде доста подобра.(fingers)
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Ја немам прочитано книгата, ниту игрите не сум ги играла..

    Знам многу фама се крена околу серијата кога излезе и тогаш прв пат ја пуштив. Едвај некако епизода, две изгледав ама не ми задржа воопшто внимание тогаш. Пред некое време и дадов втора шанса и искрено ми се допадна. Првите 2 епизоди повторно ми беа така mehh, но потоа ми стана баш интересно. Особено позитивно ме изненади паралелната претстава на настани. Се на се, сосема на место сериичка, кратка и интересна (y)
    Netflix is planning on releasing The Witcher ѕeason 2 in 2021 - снимањето завршило, па останува да чекаме и да видиме.

    ПС.: Единствено Јенифер не ми се допадна, можеле друг избор да направат... ама како што кажав, не знам како е во книгата/играта претставена така што, можеби сепак, оваа глумица е најсоодветна.
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.229
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Серијата е одлична, интересна, цело време си во неизвесност што ќе се случи понатаму, ја изгледав првата сезона во еден здив. Морав да ја изгледам и по втор пат за да ги запазам сите детали и убаво да ја разберам приказната :lol:.
    Глумата одличма, Хенри совршен :$.

    Чекам втора сезона.
     
  15. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Тотален хаос. Немам никакви очекувања за втора сезона, ништо чудно и да не ја гледам од што беше ужасна првата. Единствена добра работа е Хенри.

    Штета, ги имам прочитано сите книги и играно сите игри. Ох вел. Можеби анимираниот филм со Весимир ќе биде добар.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Не беше добар.