Девојки сакам да ве прашам мислење за чизмиве...глеам низ град ги има секоја втора девојка,што мислите..Ви се допаѓаат или не??И ве молам ако знаете некое место кај што има и се ефтинки да ми препорачате.. PS.мене ептен ми се убавки и ги обожаваммм
Многу ми се свиѓаат, неделава ќе си земам Во Timberland сега се намалени на 4 и нешто... го чекав попустот што секоја година го имаат на крај на сезона. Инаку, прво се мислев дали да земам бидејќи сум прилично ситна а тие се баш гломазни па си викав малку смешно да не ми изгледаат дури и на мојот 35 број ама ај... А инаку такви исти само поевтини имаш во првата продавница на долен спрат во гтц, што гледа према паркингот на Holiday In, одма карши соравија е. Не ми текнува како се вика...Таму имаш и разни бои колку што ме држи памтење.
Најдобри чизми за во зима. Ниту се лизгаат на снег, ниту пропуштаат вода.. Инаку цел град не шета со Тимбовки, туку од тук-там продавници со ист изглед како Тимберленд чизми. Кога би купувала пак, би зела вакви:
^Ууу, ептен се добри беливе, немам видено вакви до сега. Инаку зимава конечно се подновив со Тимбовки, лани имав некои проблеми со бројот ама годинава си најдов, 39,5 Цела зима ја поминав со нив, не ми пропуштиле а кај не шлапкав. 10/10
Љубов! Ама не стигнав да купам зимава..сакам ова,сакам она и некако не испаѓаше есапот.А пусто сакам да се Тимберленд.Па планирам наредна сезона..обавезно. Туку ова сериозно со попустов во Тимберленд ?
Чизмиве ми се преубави. Другарка ми има портокалови ги зела 5000 и неш. И јас сакав да купам ама ништо не испадна ај ќе почекаме до година. А за вода не пропуштале барем така ми кажа другарками
Малку ми делуваат гломазно, ама убави ми се. Единствено што сенфот го гледам на секоја втора и веќе ми изгубија од уникатност. Ама затоа со мерак би ги прошетала тие белите од погоре, или овие: Плачат за комбинирање.
Ми беа многу убави и таман да ги купам сфатив дека сите ги ставиле на нога, кој Тимберленд кој плагијат ама скоро сите имаа и додека мајка ми ме тераше јас не сакав баш поради тоа што изгубија убавината кога секој ги носи. А тие белите морам да признаам се навистина убави, би ги носела.
И јас ги меркав одамна, и си земав имитација на овие за Нова година нешто како валкано розева боја.. и искрено ги изнаносив, од нозе не ги извадов цела зима.. нити се лизгаат нити пропуштаат а баш убаво седат. Оваа година особено станаа популарни, имаше некои ги носеа и многу порано и сите ги гледаа како ама сега секој втор ги носи. Јас ги обожавам
Интересни ми делуваат, голем плус е тоа што не пропуштаат, а каква зима имавме годинава - богами секој требаше да си има некоја јака чизма. Сенф бојата не ми се допаѓа, а и ми се одмилува секое парче облека или чевли кога ќе ги видам на секој втор низ град. Ама белите и црните ми се ептен симпатични. Само што, јас немам ваков стил и мене не би ми стоеле на ниту една моја комбинација. Јас сум повеќе за некоја штосна чизмичка со мала штикла, превртено крзно, или високи чизми евентуално со нитни или нешто слично. Мене зимските комбинации ми се претежно со туники и хеланки, кошулки и џемперчиња, па вакво нешто не би ни знаела да го носам како што треба. Ми се чини дека ќе се сопнам некаде по пат со нив
Moже убави се, погодни за зимно време и не пропуштаат, ама јас ич не можам да си ги склопам во некаква комбинација во глава. И ич не ми се женствени, не знам, можеби не се совпаѓаат со мојот стил, затоа така чудни ми се. Не, не би ги носела засега. Јас би нешто понежно на нога, ниски чизмички, високи до колена, ама вакви не ми се допаѓаат. И баш како што спомна Ана погоре, мислам дека нема да знам да го дадам првиот чекор со нив. А како што сум слабичка, би изгледала како Пајо Паторот со вакви чизми, стварно.
Ова според мене е тип на чизми што не стојат на секој... и не одат со секаков стил. Јас немам вакви, а и не би купила едноставно не ми се допаѓаат, не се воопшто женствени и освен што се за мода, овие се за места кај што има многу снег, а кај нас климата е буквално денес чизми утре балетанки. Што знам, не можам да се замислам со вакви...
Најаки се... Нз зш не си земам и сеа криво ми е! Ама нема везе. Следната зима нешто ново ќе биде во мода.