Trust (2010)

Дискусија во 'Филмови' започната од nevermet18, 23 април 2016.

  1. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    6.789
    Пол:
    Женски
    Режисер: David Schwimmer
    Жанр: драма, трилер
    Главни ликови: Clive Owen, Catherine Keener, Liana Liberato,Jason Clarke,Viola Davis,Chris Henry Coffey

    Накратко, девојкава Annie, неколку месеци 24/7 преку интернет разговара со Charlie, кој на почетокот се претставува како 15 годишно момче. По одредено време договараат средба, но излегува дека тој всушност има околу 35 години и не е оној кој се претставувал.

    Го имате гледано? Ваше мислење за филмот?
    Од мене има 10/10.
     
    На MilaP и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.597
    Допаѓања:
    137.190
    Пол:
    Женски
    Добар филм е, и од мене има 10ка. Ја покажува наивноста и лековерноста на тинејџерите. Тој гад, па дури и оженет и дете, па и професор, а заведува мали девојчиња. Има вакви случаи, филмот е добар за да ја пробуди свеста со кого се разговараме и на кого да веруваме по социјалните мрежи. :)
     
    На boomsleng и nevermet18 им се допаѓа ова.
  3. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    306
    Интересен филм, вреди да се погледне.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    553
    Еден од моите омилени филмови(y)
    Дефинитивно едно од најдобрите филмски остварувања снимени во 2010 година(y)
    Моќен филм, филм кој испраќа многу цврста порака и поука, филм кој откако ќе го изгледате ве остава без зборови, ве поттикнува на размислување, неверојатен е тој импакт, печат кој го остава кај гледачите, приказната, нејзината актуелност, влијание, поучност, значајност, тежина сите овие елементи укажуваат на квалитетот важноста на самиото филмско - кинематографско остварување.
    Дејвид Швимер сосема добро ја долови приказната од режисерски аспект, актерската екипа одлична, посебно тука би ја потенцирал улогата на младата - талентирана Лиана Либерато која ме фасцинраше со нејзиниот неверојатен перформанс, улога достојна за номинација за оскар, една од најдобритте женски улоги за 2010 година максимално внесена во улогата на мадата девојка Ени, сосема солидни се и улогите на Кетлин Кинер и Клајв Овен, впечатлива во улогата е и Виола Дејвис
    Филм кој мора да се погледне и дефинитивно го заслужува вниманието на гледачите, посебно го препорачувам на лицата кои се во пубертет на тинејџерски години бидејќи и тие најдобро можат да ја разберат поточно да ја увидат опасноста која демне на интернет- сајбер просторот, опасноста од интернет предаторите, филмот е задолжителен и за родителите кои имаат деца на оваа возраст.
    Поради квалитетот, пораката, поучноста на приказната, филмот заслужува да биде задолжително погледнат
    Ќе го номинирам за филм во Феминско Филмско Фоаје за нареднава недела
     
    На nevermet18 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    5.893
    Пол:
    Женски
    Го изгледав филмов пред некој ден и можам да кажам дека е еден од подобрите филмови кои сум ги гледала, а се занимавале со ваква тематика.
     
  6. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Ми се свиѓа во поглед како е направен и како се изградени ликовите, но содржината ми е некако веќе видено. Сакам малку измени на улогите, чисто да се разбие стереотипизацијата. За оваа тема конкретно, пример, таков ми е Hard Candy и дури преминувам преку тоа што за мој вкус воопшто не беше добро направен иако имаше оригинална почетна идеја.