Вежбите се нешто слични на Turbo Jam, само разликата е тука што при вежбањето се уклучува како аларам и минута или минута ипол има високо интензивни вежби, после тоа една минута има одмор и повторно продолжува со регуларни вежби. Јас ги симнав од интернет лани и неколку пати почнав ама се откажував Сега повторно сакам да почнам да вежбам, па дали има некоја што вежбала turbo fire и какви резултати имала? http://www.youtube.com/watch?v=oRGTuvoEgdA
Мене ова не ми изгледа на нешто божествено, и не би го препорачал. Тоа е само мое размислување, сите не мислат исто само што, вежбањето е поврзано со повеќе фактори не само со вежбите, и резултатите зависат од времето и вложениот труд. Три пати поубо би било кардио на гладно, од сабајле со висок интензитет, (нормално кардио е 25-35 минути) и тоа 10-15 мин, било да е скокање на јаже или трчање, а подоцна во текот на денот, нормални вежби за девојче како за нозе, стомачни и нешто ситно за рацете, склекови женски и слично. Ефектите зависат од исхраната, да се одбегнуваат мрсно, зачинето, чоколади ова она (не значи да не касниш цел живот ама со исав) и тоа колку имаш чиста мускулна маса на тебе, односно нивото на масното ткиво - ако има повеќе ќе треба малку повеќе време да се стопи, фала богу преку ноќ не бива ништо Се надевам ме разбра, барем нешто