Добар ден на сите, Денеска купив карти преку Turkish airlines со летање од Скопје. Каде можам да побарам фактура од резервацијата бидејќи ми треба како доказ? Секое искуство е добредојдено, Благодарам Спојлер Секако оваа тема може да ни послужи и во иднина за помош и прашања поврзани со оваа компанија
На маил треба да ти стигне. А ако ти е од агенција на шалтер побарај им ке ти испринтаат. или пиши на корисничка подршка и ке ти ја пуштат на маил.
На меил имам добиено само confirmation. Има една каде пополнуваш број на резервација и ти ја праќа на меил. Се уште ништо ми нема стигнато
Да, успеав да средам. На почетокот ми викаше дека податоците ми се грешни. Се обидов повторно и ми пишуваше дека ќе стигне во рок од 3 дена.
Туркиш веќе наплаќаат за селекција на седишта и тоа солидно по 2-30€ од лет. Дали некој имал искуство при патување со партнер со давање на двата пасоши на чек ин и добивање седишта еден до друг? Имаме 4лета со нив и 200€ за селекција на седишта ми беше too much.