Здраво, не најдов слична тема па решив да отворам нова, се работи за третман за слабеење за само 48 часа. Постапката е ваква: ве мачкаат со vacuslim48 крема и ве ставаат цели во кеса вакумирана на вас пред се ви ги мерат секој дел од телото и го запишуваат после 30 минути во таа кеса ве бришат и мерат повторно и секој дел од телото во е по мал за 3 до 5 сантими (кај некого и повеќе). Се оди на третман секој втор ден а од кога ке го завршите првиот третман се до следниот и по наредниот значи до последен третман vacuslim делува на вас затоа и се вика 48 часа. Гледам дека многумина не се запозанени со ова и во Македонија не е популарен третманов а е евтин и ефикасен. Најдов само еден салон каде се прави третманов но не знам дали смеам да го објавам да не биде дека рекламирам..? Чекам ваши искуства
Кај нас има еден салон што го прави ова, гледам има голема заинтересираност по тоа што секој ден објавуваат слики од пред и потоа и се приметува огромна разлика. Не знам колку пари е, а ме интересира сум се мислела многу пати да пишам и да прашам ама некако незгодно ми е, па ако имаш информација околу цената добро би било да споделиш.
Премногу е распростането по другите држави за да не биде вистинито а има и слики и 6 или 10 третмани/дена по 48 часа има логика, не е еден ден
Можеби има некој привремен ефект, не знам. Но, сигурно не е долгорочно. Нема слабеење без промена на навики, правилна исхрана и калориски дефицит.
И јас мислам така, не верувам дека е долгорочно но е подобро ослабена да пазиш да не се здебелиш него дебела да не се доздебелиш хахаха за нас мрзливките би бил добар почеток на нов начин на живот и исхрана
Ако е распространето не значи дека е реално, тоа е затоа што сите сакаат вакви брзи третмани.Физички е невозможно да се ослабе од мачкање крема.
Ако воопшто доаѓа до намалување на обемот, тоа што се "слабее" е најверојатно последица на вакумот и кесата. Се губат течности, а не кг. Плус и не е препорачливо, може да има последици по здравјето. Ме потсетува на трендот кога луѓе вежбаа обвиени со фолии за побрзо "слабеење"
Јас одев на Vacuumslim 48 пред свадба (летово) и на други третмани, но истовремено вежбав и внимавав на исхрана. Се намалува во обем, но мора вежбање и исхрана. Само третмани немаат ефект.
Слабеење е многу „едноставно“ теоретски. Калории помалку, вежбање за забрзвање метаболизам и заменвање масно ткиво со мускул. Ако си дајш „хедстарт“ со крема шо не функционира или некоја фед диета, без да изградиш здрави навики - си под ризик на јојо и дупло зголемвање на кг, не намалвање. Трајно е то шо е полека и го учиш и се наградваш постојано и кога стигаш во големина со која си задоволен веќе знајш дека треба да продолжиш исто или слично за да не си под ризик на јојо. Ако не можиш да продолжиш исто зошто не е доволно храна и нутриенски, значи си на фед диета не на здрав начин на исхрана. Се друго те клава под ризик на јојо. Така да ова не ми ни личи безбедно. И се согласувам со другите, распространето =/= ефикасно. Пошто секоја сезона башка фед диета или ваков некој ни виден ни чуен третман станва трендинг. Додуша за ова не најдов ништо на англиски, најдов неколку видеа на српски или хрватски, едно на италијански и едно на германски. Оти луѓе сакат брзи резултати вакви брзи работи се трендинг. Вервајте и јас сакам, постојано се гледам в огледало и се гадам од себе оти ништо не е брзо ама барем знам дека нема пак да развијам други пропратни проблеми како кога праев фед диети. И од то шо го гледав не го презентират како „за слабеење“ туку како „притискање на целулит“ ( една на српски или хрватски збораше ли, баш ова фраза ја искористи) и дека уствари не е третман за слабеење туку „анти-целулит“ третман. Ни еден од овие јазици не разбирам подетално да разгледам како функционира и шо можи да е ризик. Али ако најдите нешто на англиски од некој фитнес тренер или нешто така, ве молам цитирајте ме со линк пошто овие шо јас ги следам никој до сега нема видео на ова.
Ќе те испоти, ќе намалиш на водна килажа. Ќе се напиеш литар вода ете ти ја назад. Вежбање и калориски дефицит, воа е само еден од начините како да се направи профит.
Veni, vidi, vici Еве јас се подлажав по сликите од наводните резултати. Бев редовна, направив тремани, ги платив многу пари. И резултат 0. Третманот нема врска, имаат удрено на јак маркетинг и тоа е тоа. Јас редовно вежбам, диети не држам, туку со години се хранам здраво. И ете, изгледа немав каде да дадам 8500денари...